Вулгарното и сексот во литературата

Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Верувам дека тука може да ја вбројам и “Оргазмични писма“-Ирена Цветковиќ. Според мене, книгата нема некоја литературна вредност. Интересен е стилот на пишување, но ако ја читаш онака, без да посветуваш внимание на содржина. Уште поинтересно е да гледаш отстрана како некој ја чита и менува бои и фаци.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Верувам дека тука може да ја вбројам и “Оргазмични писма“-Ирена Цветковиќ. Според мене, книгата нема некоја литературна вредност. Интересен е стилот на пишување, но ако ја читаш онака, без да посветуваш внимание на содржина. Уште поинтересно е да гледаш отстрана како некој ја чита и менува бои и фаци.

Мене да не си ме виде некаде додека ја читав книгава?:)
Оваа книга беше повеќе ориентирана кон опишување на хомосексуалноста и на индивидуи кои се запознаваат, соочуваат, практикуваат и уживаат во неа.Но според мене и по мој вкус, некако беше премногу необично и апстрактно сето тоа прикажано, така да не ми се допадна истата.И се согласувам дека нема некоја литературна вредност
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Единствени две дела кои ми се читани а во кои има многу описи на секс се Сок од простата од Јован Павловски и Страв од летање од Ерика Јонг ... Сок од простата е првиот македонски еротски роман ( излезен е 1991 година ) и според мене е прилично добро напишан ( иако скоро половина од романот се фусноти кои не се ништо помалку интересни од самиот роман ) ... Страв од летање од Ерика Јонг ми е читана 3-4 пати ( дома ја имам скоро 20 години ) и овој роман го препорачувам да го прочита секоја девојка ( малку е феминистички ) , интересното кај овој роман е тоа што писателката скоро воопшто не користи еуфемизми или метафори при описот на сексот кој е прилично сочно опишан ... иначе и двете дела се биографко - автобиографски .
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Една работа е еротски дела, а сосема друга вулгарни. Ја имав книгата Еротски писма за Нора, така мисам се викаше на подарок од пријателка, малечка од 50тина страници, која поради малиот број страници не ја отворив времиња. Друга пријателка сакајќи да позајми нешто од мојата скромна домашна библиотека налета на Нора и во моментот зеде да ја чита на глас... па веднаш ја доби на подарок од мене...:shok::shok::shok:

Дали знаете за Моцартовите писма до неговата братучедка и до неговата мајка.
http://www.guardian.co.uk/books/2000/sep/24/biography.music

Моцартовите писма кои што обично биле пишувани во едноставна рима, и со сериозно швркната содржина. Има голем избор на зафркнати делови, но ниеден не може да ја прикаже неговата валканост толку добро како тоа кога и кажувал дека сака да и „кака на носето“ и да гледа „како и се лизга низ брадата“.

Писма со таква содржина испраќал и на неговата родена мајка, која пак што тоа го сметала како одлична забава и возвраќала во ист стил. Дури во писмата кон неговата мајка бил и доста поиновативен:

Вчера слушнав прдеж од таква сорта
Кој мирисаше како слатка торта
Иако не беше со најсилен глас
Сепак го слушнав добро јас

Или:

Добра ноќ ти посакувам сега, мила
Сери во креветот со сета сила
Имај мир во доцен час
Мирно бакни си го својот газ.

Или:

„Леле, леле, газот ми гори силно- што ли тоа значи?
Дали некое гомце ќе се квачи? Гомце е, гомце милно.“

http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=16993&Itemid=15
Џемс Џојс е сметан како еден од најважните писатели на дваесеттиот век, а неговиот роман Уликс се смета за камен темелник на модернистичката литература.



Но зад затворени врати...

Големата група на верни читатели на Џојс биле почестени со можноста да влезат малку во светот на неговата интима кога колекцијата на писма кои што тој ги пишувал до жена си биле објавени во 1975. година. Но знаете, во времето на Џојс немало мобилни телефони, веб камери и интернет порнографија, па така познатиот брачен пар се забавувал праќајќи си навистина валканаи писма еден на друг, веројатно затоа што ако си праќале еротски телеграфски пораки можело да дојде до одредени забуни при читањето на пораката.


"Harder. Stop. Deeper. Stop. Don't Stop. Stop."

Но, тоа не е ништо страшно. Сепак се работи за неговата жена. Но Џојс ги почнувал своите писма доста експлозивно, далеку од сите конвенции за примерно допишување, како што можеме да прочитаме од следните редови:

„Слатка моја мала к*рвеста Нора, направив како што ми кажа, ти валкано мало девојче, и го извадив и истресов двапати кога го прочитав твоето писмо......Би сакал да ме удираш, дури и да ме камшикуваш, и тоа не на шега, туку сериозно и на гола кожа. Би сакал да си толку силна, силна, драга моја, и да имаш големи горди боски и големи дебели бутови. Би сакал да бидам камшикуван од тебе, Нора, љубов моја!“

ОК, се уште и не е толку лошо. Но....

„Секогаш кога те е*ев, твојот бесрамен јазик излегуваше горливо меѓу твоите усни, и ако те е*ев посилно од обично, силни смрдливи прдежи фрскаа од твојот задник. Ти имаше г’з полн со прдежи таа ноќ, мила моја, и јас го изе*ав надвор секој еден од нив, големи силни и ветрести, но и срамежливи мали и безобразни пувки излегуваа во доолг млаз од твојата задна дупка.“

Ха, па ова е....па на кого само ли му текна да ги објавува тие писма воопшто?

„Толку е прекрасно да е*еш жена која прди кога секое едно удирање истерува по еден прдеж од неа. Мислам дека би го познал прдежот на Нора било каде. Мислам дека би можел да го издвојам нејзиниот прдеж и во цела една соба полна со жени прдли. Тој повеќе е како момински звук, а не како оние мокри ветрести прдежи кои што ги прават дебелите сопруги. Нејзиниот прдеж е сув и безобразен како кога некоја здрава девојка би го испуштила на шега ноќе во женските интернати. Би сакал Нора никогаш да не престане да прди, би сакал да ми прдне и в лице за да го запознаам и мирисот на нејзиниот прдеж исто така“
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
100 потези со четка пред спиење и Бадем...
Првата мислев дека е нешто као фризерска, наслово нели :), и коа видов за шо се работи доживеав благ шок зашо имав може 15 години..
A oд Бадем ми се згади, океј е приказната коа требаше да се пренесе, али стилот на пишување ми беше повеќе од вулгарен, простачки дури.

Како добар опис за сексуални сцени имаше во Негирање, со стил и некако нормално :)
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
4. „Улисис“ - Џејмс Џојс (забрането поради експлицитните сексуални сцени во 1930 година. Еротска фантазија).
Малце оф топик: Јулисис, како што правилно се изговара, е уствари Одисеј (Јулисис е латинска верзија на името,која се користи во англиската литература)
И сеа он топик: Освен 100 потези, и двата Криви Правци на Дитас, друго не ми текнува да иам прочитано од еротска литература.. А со оглед на квалитетот на овие дела,не бев нешто многу импресионирана,поише ми се згади.. :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Еве и еден извадок од „Нечиста крв“ на Бора Станковиќ, колку да се долови разликата од вулгарностите што денес се користат и оние срамежливите, поранешни. Еве како е опишан еден чин на мастурбација на главниот лик во делото:

... Тогаш ќе почнеше да оди не знаејќи зошто и просто да се влечка како болна... додека, а тоа наеднаш, одненадеж, сета не ја фати она „нејзиното“: снагата в час ѝ затреперува и се исполнува со блага тажновина. Сеќава како сета почнува да се топи од некоја блажнина. Дури и устата ѝ е блага. Секој час се оближува. Од бескраен копнеж по нешто, сеќава дека би јачела. И тогаш веќе знае дека надошло, ја фатило она нејзиното „двојно“, кога сеќава: како не е таа самата, една Софка, туку како да е од две Софки. Едната Софка е самата таа, една Софка, а другата Софка е надвор од неа, тука, околу неа. И тогаш онаа другата почнува да ја теши, гали и милува, што Софка, како некој виновник, одвај ќе чекаше кога ќе се стемни, кога ќе легне, и тогаш, чувствувајќи се сосем сама, в постела, ќе може да ѝ се предава сета на таа друга Софка. Тогаш чувствува како оваа длабоко, длабоко ја бакнува по уста; со рацете ѝ ја мазни косата, ѝ се внесува во пазувите, во скутот, и знаејќи за Софкините најтајни, најслатки и најлуди желби, копнежи, страсти, ја гушка така силно, што Софка во сонот сеќава како месото, она ситното по колковите и бедрата, просто ѝ трешти. Изутрина ќе се најдеше далеку од мајкината постела и со гушната перница, а сета испотена. Дење, криејќи се и од мајка си и од секого што би дошол, по везден ќе преседеше таму зад куќи, во бавчата. И тогаш, речиси како улава, ќе почнеше да прикажува со цвеќињата. Во секој цвет наоѓаше по една своја желба, во секој цвркот на птиците по некој испеан, неискажан издив и глас на некоја песна...
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Лолита-Владимир Набоков
Единаесет минути-Паоло Коелјо
 
H

HITCH

Гостин
Малце оф топик: Јулисис, како што правилно се изговара, е уствари Одисеј (Јулисис е латинска верзија на името,која се користи во англиската литература)
Јулисис на латински? УЛИКС е на латински, ама точно тоа е Одисеј.
 
Член од
2 јуни 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
,,Gospoga Bovari,, i,, Ljubovnikot na Ledi Ceterli,, gi imam citano i gi preporacuvam na site zatoa sto se citaat so eden zdiv. Ne samo Erotika tuku se raboti za izvonredni klasicni dela so golema umetnicka vrednost koi ostavile golema traga vo vremeto na svoeto sozdavanje, no i mnogu kritiki.
Mozat da se izdvojat mnogu skrieni poraki koi treba , no i ne treba da se pravat vo zivotot. Imam zelba vo skoro vreme povtorno da gi procitam zasto sum gi citala pred poveke godini.
Gospoga Bovari: Ljuboven roman vo koj na umetnicki nacin e opisan zivotot na Ema , koja strada za ljubov koja ne moze da ja pruzi nejziniot soprug.Ljubovta nema granici , no nema granici sto moze edna zena da napravi od ljubov, pa duri da si go unisti i sopstveniot zivot.
,,Ljubovnikot na Ledi Ceterli,, . Koni zivee so covek invalid i nikogas ja nema oseteno silata na ljubovta, se dodeka eden den ne go zapoznae Melors koj zivee osamenicki zivot vo sumata. Rizikuva se za ljubovta na covekot koj go saka.
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Жустин од Маркиз Де Сад ја имам читано е тоа е врв, човекот го сметале за луд кога ги пишувал неговите дела во тоа време дури и неговиот син се срамел од него па има запалено негови дела кои што денешната литература е сиромашна за нив.
Инаку за Жустин и филмот го гледав кое срање е тој филм треба да се забрани го уништува неговото литературно дело. А книгата каков ефект имаше врз мене се попаљив кога ја читав при првата поза г6 на ф4, после ми се згади од педерскиот секс како го опиша ќе ја прекинев со читање за малку. И на крај бев шокиран ќе видите зошто ако ја прочитате ритуали ова она, ама човекот ја пишал вистината гледајќи ја книгата од овај аспект сигурен сум дека и ден денеска се практикуваат тие перверзии...


Wow! Маркиз де Сад! Не знаев дека го читаат во Македонија! Јас го обожавам. Имам читано многу за неговиот живот и ги имам читано „Уживање во злосторството“ и „Злосторства од љубов“, но „Жустин“ никогаш не сум можел да ја најдам, дури ни на интернет. Ти на македонски ја читаше или на англиски? Ако ја имаш електронска верзија на било кој јазик, пиши ми ПП да се договориме да ми ја пратиш :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Wow! Маркиз де Сад! Не знаев дека го читаат во Македонија! Јас го обожавам. Имам читано многу за неговиот живот и ги имам читано „Уживање во злосторството“ и „Злосторства од љубов“, но „Жустин“ никогаш не сум можел да ја најдам, дури ни на интернет. Ти на македонски ја читаше или на англиски? Ако ја имаш електронска верзија на било кој јазик, пиши ми ПП да се договориме да ми ја пратиш :)
Покрај тоа што го читаме Маркиз Де Сад во Македонија имаме и фрижидери за пивото ладно да ни биде :icon_lol:, се зезам :icon_lol:.
Ја читав на хрватски јазик затоа што ја нема на македонски и не може да се најде во електронска форма туку печатена на хартија од кај другар на другар мој другар копирана на фотокопир беше :icon_lol:.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
„100 потези со четка„ и „....“( не ми текнува како се викше втората книга од истата автрока) не ги бива за ништо. жалам што ги купив
од „Бадем“ прочитав краток извадок што ми се допадна и ја купив- книгата е мала, а одвај ја прочитав.

„Страв од летање“ ја прочитав на 20 години. тоа беше книга која ми разјасни многу работи!
Топла препорака за Ерика Јонг. (интересно е дека не сум сретнала машко што му се допаѓа или што ја дочитал до крај :)

Маркиз де Сад- кога првпат прочитав дел од негова книга, ќе ми се слошеше. после ја читав „Злосторство од љубов“ ама искрено ништо не ме потресе.

Буковски - го читав релативно доцна, баш затоа што мислев дека е само евтин секс во прашање, ама расказите му се WOW!!! книгата се вика „Љубов за 17 1/2 долари“ и е многу повеќе од еротика.

Браво за извадокот од Нечиста крв.

„Сок од простата“ е мноогу убав роман, го читав одамна, ама кај него нема само еротика, има болка и љубов многу повеќе одошто се чини од прва.

Ми се допадна „Платформа„ од Уелбек, ама не знам дали би го читала „Елементарни честици“ од него.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
С

Сатори

Гостин
Бидејќи уживам во еротика, но не и во вулгарност, ретко кој писател ми одговара ако тоа му е стилот, зошто линијата помеѓу двете е танка, како помеѓу Чарлс Буковски и Шерилин Кенион.Сметам дека мора да има еротски моменти во секоја книга затоа што тоа е забрзување на пулсот, потребно е.
Сепак најголем шок на системот ми има направено Сексуалниот живот на Катрин Мије ... Фредерик Бегбеде во женска верзија + групен и анален секс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom