Не верувам дека би се довела да ги загубам сите заради еден. Ако сите се против мојата врска, а јас знам, ама навистина знам дека е љубов - а не занес, ондак, ќе докажам на сите дека тоа е љубов. А ако он и на најмал начин проба да ме оддели од оние кои најмногу ги сакам и кои ми се најблиску, ќе му кажам чао, пријатно, имај убав живот.
Љубов супер, ама не значи дека врската треба да ми стане животот. Љубовта е да сакаш, почитуваш ама и да се задржиш себеси и оние кои ти значат нешто во животот меѓу другото.
Мразам екстреми, башка знам дека моите најблиски ако гледаат дека сум среќна не би ме напуштиле, знам дека би биле пресреќни за мене, така што од таа страна сум мирна. А дечко, се разбира ако сака да биде со мене не ни смее да помисли дека заради него ќе баталам се во животот! No way, no how.