Најпрво што ќе кажам е дека ме разочараа тие што се потресуваа дека ќе дојдат и не успеале ради икс причини ... не оправдувам, точка.
Е сега да си кажам јас како си поминав, кога веќе се одморив
Беше најпрекрасната журка до сега, многу луѓе, многу играње, пеење, пиење ... криво ми е што немав прилика ни да се запознаам со некои, а и да си направиме муабет повеќе со тие што се запознав, но кај да се збори на Наочаре црнеееееееее?:je:
Друго да кажам, некој не испомешал погоре ... од Струга бевме јас и Еко а не Делфин ... тој во портокаливата блуза е Делфин, тој со пивата секаде е Еко, тој типот на Тоше што ви личи и што пее со микрофон е Збратко ... в ред?
Има многу моменти за издвојување, т.е. скоро све, но еден ќе го кажам ... во кафиќот после Лу што бевме, си играме ние сите нормално, и ме повлекува за рака еден дечко од страна и ми вика "Девојко морам да ти кажам дека сте највеселото друштво тука". Мх, мх, мх ... па нормално дека сме кога само ние останавме да играме на средина, а сите останати (некајганџии) од страна гледаа. Значи екстра беше? Нај!!!
Среќен роденден Кајгана уште еднаш, и на уште многууу други да ти играме!