Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Јас, знам а дали знаеш ти..............
се што видов убаво во животот,ВИДОВ во времето кога бевме во Југославија.
Дали знаеш што има на местото која зграда ШТАБ е сега таму,каде беше таа зелена барака оградена со тараби и зеленило.
Прегледај го приврзокот 124138 Денеска во наша слободна (фиром)Македонија некој живее вака(денес улица Македонија-Скопје)
Tи беше убо оти беше шеф на УДБА за југоисточна Македонија, секој ден јадеше ќебапи имаше службен фијат 1300 со шофер и секоја недела менваше млада секретарка во штабот
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Tи беше убо оти беше шеф на УДБА за југоисточна Македонија, секој ден јадеше ќебапи имаше службен фијат 1300 со шофер и секоја недела менваше млада секретарка во штабот
Комитетот друже, или народски кажано цека.
Значи си и ти бил на ред-чекање за виза во зелената барака,се сеќаваш на цајканот за ред и мир таму, карпа чоек со мев.
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
Јас, знам а дали знаеш ти..............
се што видов убаво во животот,ВИДОВ во времето кога бевме во Југославија.
Дали знаеш што има на местото која зграда ШТАБ е сега таму,каде беше таа зелена барака оградена со тараби и зеленило.
Прегледај го приврзокот 124138 Денеска во наша слободна (фиром)Македонија некој живее вака(денес улица Македонија-Скопје)
God damn it...
Ова носталгија за С'рбославија и како цело носталгијата за тоталитарни режими е Стокхолмски синдром - мазохистот и содистот.
Исто да затвориш една жена во соба (во началото ке има сопротива), да почнеш да и даваш леб и вода, по тоа да ја изнасилиш и таа да роди дете. Продалжуваш со грижите, гледаш детото и мајката, даваш само нај-потребното (храна, вода, забавление, се од п'рвичните потребности на човек). Дечкото веке е 50 годишен и таткото умира. Мајката и синот излазаат од собата и видат воншниот свет. Нив ке им е тешко да се варнат кон нормалниот живот, а дечкото може и да не успее, бидејки цел живот е бил во собата. По тоа може да се појави и носталгијата за собата, за таткото, за лажната сигурност која са имале, но која е била за сметка на слобадата.
Тиа не са виновни за тоа дека чувстват носталгија, но е добро нивните деца да не развиват ова илјузија за миналото, бидејки имат иднина (за разлика од родителите, кои век се изживеле поголемата част од својот живот).
Денешниот реалитет е рефлексија на вчерашниот/миналиот, нема как мајката и детето, кои се били во собата да се адаптират/социализират многу брзо кон воншниот свет. Вопреки тоа едни држави го праваат много побрзо од други - Чехија, Словакија, Словенија / од другата страна Руманија, Блгарија, Македонија ..
Важното е да в'рвим напред, а да не гледаме назад со носталгија породи денешната мизерија, која е резултат точно на вчерашната/миналата стварност.
Едно елементарно прашанје - ако Република Македонија беше демократична, суверена држава од 1945г. денес би требало да биде подобре или позле ?
 
Последно уредено:

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403

Ако Македонија беше независна од 1945 година, 70 години ќе сме живееле во страшна сиромаштија и ќе имало многу побрутален тоталитаризам (барем првите 20-30 години ).
Било што друго ми е ептен некако неприфатливо.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
God damn it...
Ова носталгија за С'рбославија и како цело носталгијата за тоталитарни режими е Стокхолмски синдром - мазохистот и содистот.
Сега Европската унија е пототалитарен систем од СФРЈ. Имаш само немилосрдно искористување на држави, нема некоја земја која не е во ропски обврски кон Брисел. ЕУ не е братска заедница на рамноправни народи туку правно политичка форма како најсилните земји да владеат над послабите без војна. Со фодови за “помош и развој“ од на пример 10 милијарди евра се покриваат обврски кои тие земји му должат на европските најможни земји во износи од стотоици можеби и иљада милијарди евра. Ќе даде ЕУ 10 милиони евра за “помош и развој“ но ќе те задолжи со 100 милиони и ќе ти наложи какви закони да донесеш какви прописи да имаш кои производи смееш да ги имаш. Нема тука очувување на традиции култури и специфики на некој народ, се мора да биде под калап на најмоќните. Денес ние, нашите деца и внуци се веќе задолжени кон ЕУ. Еу си има гарантирани робови, пазари, ресурси... за следни 100 години
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 2100.jpg Picture 975.jpg Picture 1780.jpg Picture 1965.jpg маде ин Македонија во Југославија
- Picture 1871.jpg Picture 652.jpg Picture 523.jpg Picture 530.jpg маде ин Македонија надвор од Ју.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
Така е. А во сегашноста реалноста е Авганистан.

Прекини да се бламираш на темава, срамота е, возрасен човек си.
јок, не е.
Гарнат е дете некое што нѐ трола овде.
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Се дебатира еве веке неколку денови на оваа тема,ама никој не успева да ја долови поентата на муабетот дали навистина се живеело подобро или не.

Никој не успеа да направи мерило според кое ке се оцени дали навистина се живеело подобро или не.

Сите јаки на тастатура,пола и повеке од нив или биле во пелени кога постоела или не биле во план,другата половина по кажување на дедо му и баба му а немаат представа за таа држава,останатите тешка буржоазија која живеела со убедувањето дека ке се владее 1000 години.Остатокот од нив или биле работничка класа во тој период или деца на работничка класа,како и оние кои не можеле да ја замислат Македонија во таа Србославија со привремено име Југославија...

Најголеми гласноговорници се оние кои беа и се сеуште убедени дека ке владеат 1000 години(ама не испадна така)дека се живеело убаво,кои се упорни од петни жили да не убедат нас останатите дека некогаш се живеело убаво според нивни стандарди.Да,ама според нивни стандарди,а не според анализи и испитувања на луге кои потрошиле еден дел од животот да докажат дали навистина се живеело убаво или не во таа земја...

Тие истите гласноговорници(југоносталгичари)не убедуват со рибарски приказни дека тогаш било супер.Еве ке им поставам едно просто прашање.Што било супер тогаш?Тоа што Македонија беше 45 години ставена како една од неразвиените републики.Тоа ли е супер,а?

Или некој има проблем со меморијата,или така му чини.....Еве неколку интересни факти за Македонија од човек кој може на 80% од вас да ви биде татко....

1.Зошто 1968 делегацијата на Рено која е дојдена во МЗТ да склучи договор за склопување на Рено 8 наеднаш ја прекинува посетата за да 1969-та се отвара погонот во Словенија
2.Зошто 1972 на ФАС 11 октомври не му се дозволува да почне со производство на автомобил,а истиот прототип ден денес дреме во кошот на фабриката,а?
3.Зошто одлуката за изградба на Хемиската индустрија во Врање се менува со локација Велес каде имате масовно труење на населението и морталитет,а компензација за тоа е најевтин град во Ју?Вредеа ли тие пари повеке од човелкиот живот
4.Зошто 1973 Микрон Прилеп не добива дозвола за производство на електро мотори,а производството се сели во Север Суботица.....
5.Зошто приватните превозници во Мк до почетокот на 80-те не можеа да ги регистрираат своите приколки на МК табли па мораа да одат во Црна Гора
6.Зошто во таа ЈНА нема ни еден пилот на Миг 21?Македонецот не е способен да научи да лета,само Србинот и Хрватот ли?
7.Зошто во ЈАТ имате само 3 пилоти од Македонија?
8.Зошто за најобични операции децата и граганите од МК беа пракани во Словенија и Белград?Македонија немаше доктори тогаш?
9.Зошто за пост дипломски студии се одеше во Загреб и Белград?Немавме универзитет ли?
10.Зошто се откупуваа праските од Мк за да после Фруктал ни го продаваше нивниот сок цело богатство
11.Зошто Тиквеш го извезуваше нашето вино низ Ју за да ни го продаваат истото како да е нивно?
12.Најквалитетниот тутун од Прилеп беше носен во Сараево и Ниш а ние ги пушевме гранките од тутнот набуткани внатре во цигарите

Таа држава банкнотираше 1983-та,ама никој не беше свесен за тоа.ТАС-овиот Гољф можеше тогаш да се купи во ДМ и долари зошто таа држава немаше девизи.Татко ми мораше да плати за скапан 101во 83-та мислам 900 долари кои по и курс по вредност која не беше ни од далеку реална

Албанците излегоа 1980-та зошто им се смачи молзењето од страна на таа Србославија и буржоазијата која живееше на маргините на општеството...

Но буржоазијата научена на лесен живот и службени патувања,не можеше да се соочи со таа ситуација реши 9 години подоцна да ги извади кубурите и да се тепа.....

Ова што го гледате што се случува во бившите републики на таа банана држава е резултат на владеењето на таа комуњарска буржоазија на чело со ОЗНА и УДБА,а со благослов на чопавиот загорец кој ги уназади за жал сите овие држави 1000 години......

И за на крај ке се појави некој си градежен работник/потпоручник или бивш боржуј кој ке се обидува да ме убеди дека било супер......

Време е да ги отворите очите и да си ја бркате среката во животот,а не да живеете во илузии и минатото....

За крај,не жалам за таа скапана смр***а држава,жалам за младоста што ми помина така со убедување дека се живеело убаво.....

И знаете што????Јас сега живеам поубаво него во тој систем.Зошто?Зошто си ја бркам среката,ете затоа.Не чекам од партија да ми даде стан или кука келепур.......

mnogu si napishal ...sekoja chest ...no glavnoto ne si go napishal ....ova go pishuvashe
OD SOPSTVENI SOZNANIJA ILI NEKOJ TI KAZA KAKO BILO
OVA MI E MNOGU BITNO DA GO ZNAM ....NE ZA DRUGO ,TUKU DA ZNAM VRZ OSNOVA NA SHTO GI ISKAZUVASH OVIE TVRDENJA NA PRIMER DEKA TAA DRZAVA BANKROTIRALA ...A I DRUGI ZAKLUCHOCI SHTO DAVASH ...
AKO TI KAZUVALE , MOZE SLOBODNO DA TI KAZAM MOJ ZAKLUCHOK TE LAZELE DEKA TAKA SE ZIVEELO
AKO TI SAM SI "ZAKLUCHIL" OD SOPSTVENI SOZNANIJA DEKA TOLKU BILO LOSHO TOGASH ,PAK SPORED MOJ ZAKLUCHOK IMASH PROBLEM SO REALNOSTA
AKO TI SAM SI
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
72
Поени од реакции
83
Немав време да ги прочитам сите мислења на темава.
Јас фатив да кажам 10 години од тој систем Југословенски.
Во тоа време прво и основно немало компјутери, телевизори чат пат каде имало и тоа со две три програми. итн..
Не е до тоа дали имало пари или не. Тогаш технологијата не владееше со светот.
А кога немаш екран постојано да буљиш во него.. или ќе правиш деца или ќе социјализираш..
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Немав време да ги прочитам сите мислења на темава.
Јас фатив да кажам 10 години од тој систем Југословенски.
Во тоа време прво и основно немало компјутери, телевизори чат пат каде имало и тоа со две три програми. итн..
Не е до тоа дали имало пари или не. Тогаш технологијата не владееше со светот.
А кога немаш екран постојано да буљиш во него.. или ќе правиш деца или ќе социјализираш..
10 години од југославија се од 1981 до 1991
секое домаќинство имаше ТВ
компјутери имаше комодоре 64, јас имав спектрум ЗХ81, а по фирмите имаше ИБМ, Мекинтош или искра компјутери а од сервери најчесто VАХ или ако добро се сеќавам BULL системи, јас во 1985 работев на Iskra Partner компјутер врзан со закупена линија преку модем од Битола во Скопје на VAX сервер во градежна фирма
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Јас од кога се сеќавам за време на СФРЈ дома имало телевизор, хај-фај систем и компјутер.
Но точно е дека немаше интернет, т.е. фејсбук, јутјуб, јупорн, форуми и слично. Како деца знаевме да се собереме кај мене или некое друго дете со C64 и да млатиме игрици. Но најголем дел од времето го поминувавме надвор играјќи социјализирачки игри. Денес децава најголем дел од времето го поминуваат пред ТВ или компјутер играјќи антисоцијализирачки игри.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...деца?....да мислиш на оние полноглавцине со пудинг како замена за сива материја???;)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Mandrache... pred da se iznamochash na eks YU pasoshot, koj odamna zakina vo istorijata so seta svoja ubavina i vrednost bi te zaprashal...
Ako deneshniot MK pasosh e mnogu pojak od eks YU pasoshot, zosto tolku Makedonci se borat da iznajdat svoj nepostoechki B'lgarski dalechni rodnini da dojdat do BG pasosh??
I neznam zoshto tolku vi smeta vistinata i realnosta deka nekogash se zhiveelo podobro i posigurno od denes.........
[/quote]
А во СФРЈ немаше изселеници кои зимаа Канадски, US, Австралиски...пасоши? Тоа дека им беше арно во СФРЈ, нели? Ако одиш по таа логика, и тогаш луѓе одеа во странство да печалат, и сега одат. Ако ме читаше од порано на темава ќе видеше дека јас сум „гастарбајтерско“ дете.[DOUBLEPOST=1436268889][/DOUBLEPOST]
Јас од кога се сеќавам за време на СФРЈ дома имало телевизор, хај-фај систем и компјутер.
Но точно е дека немаше интернет, т.е. фејсбук, јутјуб, јупорн, форуми и слично. Како деца знаевме да се собереме кај мене или некое друго дете со C64 и да млатиме игрици. Но најголем дел од времето го поминувавме надвор играјќи социјализирачки игри. Денес децава најголем дел од времето го поминуваат пред ТВ или компјутер играјќи антисоцијализирачки игри.
Имаше, ама што имаше. Канти живи! Звук -тенџере, технологија на рани `60ти, екрани иапапчени како трудници во мевот со деформирана слика која од кругот правеше или јајце или компир. Квалитет како и државата во кја беа произведени.
 
Последно уредено:

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Што збориш???

Па дали си свесен дека во тоа време да имаш C64 беше многу повеќе отколку денес да имаш најсофистициран компјутер за играње со неколку 40" 4K дисплеи...
Но најбитно, игрите кои ги имаше тогаш за Z80, C64, Amiga, Atari и за флипери беа неспоредливо поигриви и поинтересни од денешниве...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom