Во борба против комарците,бубашвабите и останатите штеточини

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
пред некој ден еден авион прскаше против комарци во велес

и тоа во 5 сабајле
мислам дека ми се паркираше во детска соба од шо леташе ниско
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.596
Поени од реакции
11.770
Гледам одамна не е дискутирано на оваа тема, ама сепак се надевам дека некој ќе го прочита ова и ќе ми помогне да најдам решение.
Ги имам оние ѓубриња од мравкишта, мали црвенкасти, се појавуваат од кај ти душа сака, од ѕид, од гипс картон, од паркет, а бе од се и сешто.
Нив ги нарекуваат фараон мравки или фараонски мравки, ѓубрињата ги имам исклучиво во кујната и во шпајзот, во лето ми се појавуваат и во собата, од доста оправдана причина бидејќи, денешната соба порано ми беше трпезарија која излегуваше на тераса. Прво ја заградив терасата до половина пред едно 8 години, и се си имав под контрола, бидејќи ќе излезев на терасата, ќе посипав со тој Нео Питроид прашокот и за 2-3 дена ги снемуваше. Сега ова летово што измина ја заградив терасата до крај, па наместо да го малтерисаат ѕидот, ставија термоизолација од стаклена волна покриена со гипс картон. А исто така и рамките на прозорците се дрвени, и овие ѓубрињава си влегуваат кога и како им душа сака.
Ме изненадува тоа што во последно време ги гледам и во тоалетот и во купатилото кои се во две одделени простории.
Тој Нео Питроид прашокот помага, ама ѓубрињава ќе се преселат на некое друго место во просторијата, ако сум ставил од прашокот во креденецот со чинии, чашки и шолји за кафе, ѓубрињата најкомотно ќе се преселат во садоперата, или кај бојлерчето или на некое друго место.
Преку глава ми дојде од тоа постојано да ги бркам со Нео Питроид прашокот, проблемот е во тоа што премногу се чувствителни на прашокот и веднаш умираат, не успеваат да го донесат во дувлото за да се испотрујат сите таму. И да исчистам и да ставам повторно од прашокот, ѓубрињата нема да поминат таму, туку најкомотно ќе се преселат на некое друго место во просторијата.

На Интернет читнав дека имало некаков добар отров кој можел да се подготви од борска киселина и нешто благо што мравкиштата го јадат.

Да не е некој запознаен со ова, или пак имал ли искуство со ваков метод ?

Па овие ѓубрињава ми дојдоа преку глава.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
У претходниот стан кај што бев имаше бубашваби цела амрија и мислам дека и главната команда и базата и беа у стано.Проба 300 чуда и на крај верувале или не ми успеа со лушпи од компири..Ставете на места кој се потенцијални извори под када на пример и слични отвори и би требало да ги снема или да се намалат.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Лек за швабе:

2 компира средна големина
1 јајце
малце млеко
1 кесе Борова киселина

Компирите и јајцето се варат, се пасираат се додава Боровата киселина и малце млеко. Се замесува и се распределува низ станот. Киселината не е штетна за човек. На лебарките маме мамино им ебава.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Дечки дај кажете кое електрично апаратче против комарци е најефикасно?
Раид, Питроид или на Баер? Фала многу :pipi:
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.547
Поени од реакции
703
Дечки дај кажете кое електрично апаратче против комарци е најефикасно?
Раид, Питроид или на Баер? Фала многу :pipi:
Јас повеке од 6-7 годоно го користам Раид и многу е ефикасен и тоа со сапунчињата мислам дека е поефиксен од течноста
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Ме разбудија овие авиониве што прскаат ... нека ми слетаат во двор да ги ебам ...
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Бубашвабата е инсект/животно кое со изечена глава може да живее и 5 дена се додека не умре од потреба на храна и вода..

Е ај едно интересно решение одмене..
Земате квасец,шише и топла вода..го сецкате квасецот ситно,водата ја ставате во шишето и потоа квасецот го ставате во шишето,квасецот со сврзување испушта јаглерод диоксид што ги привлекува комарците и мувите..ставете го во некој крај на собата и мирна работа..не ви досаѓаат вас му досаѓаат на шишето иначе малце ке мириса но испрскајте со спреј,мирис за попријатен мирис а јаглерод диоксидот повторно ке ги привлекува комарците..

Иначе повише користам еден како спреј со пријатен мирис "buffy" тато од софија го купува,ептен е ефективен :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom