Во Студеничани инспекторите на УЈП и полицијата биле избркани со камења

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Стварно чуден народ.
Наместо да сте на стрна од народот, вие на страна од УЈП , во ситуација во државава кога знаете дека одат ујп само да казнат некого пошто буџетот нема пари за плати пензии нафта и сл. Ги острошија на споменици кредити и сл. Вие свесно сте за тоа или ви работи синдромот на самоуништување ? Свестете се бе
Mногу чуден народ сме што ни смета селективноста, што властите за некого се мајка а за некого маќеа.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Mногу чуден народ сме што ни смета селективноста, што властите за некого се мајка а за некого маќеа.
Селективноста постои, ако си си власта не ти иде ујп ако не си ти иде и ти бара причина за казна
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Селективноста постои, ако си си власта не ти иде ујп ако не си ти иде и ти бара причина за казна
Да, покрај тоа селективноста постои и врз основа на етничка припадност.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Mногу чуден народ сме што ни смета селективноста, што властите за некого се мајка а за некого маќеа.
Инвестиции во село Вевчани од централната Влада:

1. школо (1 милион евра)
2. спортска сала (850.000 евра)
3. студија за ски терен (250.000е)
4. тениско игралиште (80.000е)
5. пат кон горна белица (62.000е)
6. селски пат (55.000е)
7. опремување на школото (50.000 евра)
8. реконструкција на здравствен дом (50.000е)
9. осветлување на крстосницата пред Вевчани (25.000е)
10. пат до школото (20.000е)
11. пат млака (20.000е)
12. карневал (16.500е)
13. манастирски конаци (16.500е)
14. повеќенаменско игралиште (не знам колку коштат следните проекти)
15. дневен центар за пензионери
16. слободна интернет зона
17. регистарски таблици ВВ
18. подрачна единица министерство за земјоделство
19. поставување информативни табли за Вевчани низ Македонија
20. реконструкција на градинката

Само за проектите што јас наоѓам податоци = 2,5-3 милиони евра последните 6 години (да не речам помалку)

Освен материјалната инвестиција, оваа село има и други придобивки, како што се вработувањата , во здравствениот дом има 61 вработен (300.000евра годишно од централната влада за плати) , исто така пензионерскиот дом има свои вработени, подрачните единици на министерствата, градинките (уште 100.000 евра годишно).

Во училиштето има 32 вработени (150.000 евра годишно)
За 6 години дополнителни 3,3 милиони евра за плати. (за останатите вработени Вевчанци во другите градови во јавни институции не рачунаме)

Инвестиции+плати = 6 милиони евра. (2500 евра по глава на жител)

што властите за некого се мајка а за некого маќеа.
И јас верувам дека е така.
Да не беше така, сега ќе успеев да најдам проекти во село Арачиново во вредност од 25 милиони евра. (по глава на жител по 2500 евра).

20 проекти финансирани од Владата не можеш да најдеш во ниедно албанско село. (без разлика на број на жители, број на фирми, број на печалбари, број на возила или што и да е).

Градоначалникот дава отчет , 90% од завршените проекти се Владини, останатите 5% се донации од владини личности, а другите 5% од проектите се општински.
Лесно му е на него.
http://vmro-dpmne.org.mk/?p=21024
 
Последно уредено:

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Бла бла бла, мал милион стриптиз барови низ западна Македонија кои нелегално работат и вртат милионски суми.
Те молам, немој мене бар да ми дрндаш со овие глупости.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Инвестиции во село Вевчани

Градоначалникот дава отчет , 90% од завршените проекти се Владини, останатите 5% се донации од владини личности, а другите 5% од проектите се општински.
Лесно му е на него.
http://vmro-dpmne.org.mk/?p=21024
Доста со манипулации, еве како стојат работите.

Тетово Прилеп
буџет 27 мил. евра 17 мил. евра
Дотациите учествуваат со 50% во двата буџета, никаква дискриминација, кај првите со 13,5 мил, кај вторите со 8,5 мил. Проблемот е друг, како Прилеп со три фабрики има таков буџет а како Тетово со 300 фабрики има таков буџет.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Овие историски инспекции на УЈП, ќе имаат свој одек и длабоко во иднината:
- УЧК ќе можат на внуците да им расправаат, како еднаш многу одамна коа Заев најави некаква меѓуетничка бомба, Грујо мораше да прошета инспекции дури и кај нив. А овие млади неискусни нема да им веруваат, па некои поскептични, ќе им викаат на дедовците дека инспекции не постојат, барем никој ги нема видено, а разумниот човек верува само во тоа, што ќе го види со свои очи.
- Исто така очекувам ова да биде клучна потпора на програмата на партијава, дури и на вонредните избори 2026:
Десетолетка (2016-2026): ветено - остварено. Пратена ујп инспекција и кај Албанците! (ноември 2014)
 
Лажеш ....

http://forum.kajgana.com/threads/Конечно-УЈП-со-контроли-во-Тетово-Чаир-Сарај-и-Куманово.75591/page-3#post-6937473
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ако некој толку е занесен по статистики:

Демократија
На вчерашната седница на кичевскиот совет на дневен ред беше изгласувањето на членови на управните одбори на ЈП Комуналец – Кичево и на основните и средните школи во Кичево.

Бројот на членови на Управниот одбор на ЈП Комуналец бил зголемен за уште 2 члена, од 9 на 11 членови. Предлогот во новиот управен одбор да има само 2-ца Македонци, наишло на силно негодување од коалицијата „Кичевчани за Кичево“.

Од коалицијата велат дека соодносот во кичевскиот совет е 45% спрема 55%. Дополнително на ова маргинализирање е тоа што двајцата Македонци не биле нити предложени од коалицијата „Кичевчани за Кичево“, туку претставниците на ДУИ сами ги предложиле и си ги изгласале, без согласност на македонската опозиција во советот која гласала против.

Во гимназијата „Мирко Милески“ и во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“, „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Христо Узунов“ во Другово, каде наставата ја следат македонски класови, советниците на ДУИ во секој Управен одбор вметнале по 1 Албанец. Додека, пак, во Управниот одбор на гимназијата „Дрита“ и по основните училишта каде наставата се изведува на албански јазик нема ниеден Македонец.

Предлогот да има по еден Македонец во управните одбори во училиштата каде наставата е на албански јазик на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ бил одбиен од советниците на ДУИ.

Македонци нема нити во Управниот одбор во основното училиште „Санде Штерјоски“ каде има настава и на Македонски јазик. На оваа одлука негодувал претставникот на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Идавер Реџепоски, кој побарал да во Управниот одбор да има еден претставник Ром, бидејќи во тоа училиште учат голем број на ромчиња. Неговиот предлог бил одбиен.

Откако не беше прифатен ниеден предлог, претставниците на „Кичевчани за Кичево“ ја напуштиле седницата и без нивно присуство биле излгасани управните одбори за дел од градските и за приградските училишта. Советниците на ДУИ воопшто не ни дискутирале по точките туку едноставно истите биле изгласани.
-Општината Кичево уредно добива блок дотации од Министерството за Образование за основните училишта. Според информациите кои ги имаме, блок дотациите за основните училишта во Кичево, не се користат наменски и како што треба, и дека дел од тие блок дотации, наместо за греење на училиштата, се користат за исплата на плати на дополнително вработени лица во некои други основни училишта.

Колкав е соодносот на вработени кои ја спроведуваат и опслужуваат наставата во кичевските училишта, наставници и помошен персонал (чистачи, хаусмајстори…), наспроти бројот на ученици кои учат во училиштата? И дали навистина има превработеност во дел од кичевските училишта?

КичевоМк направи мало истражување во кое беа опфатени бројот на ученици во училиштата во Кичевската општина и бројот на вработени кои моментално работат таму.

Наставата во училиштата во Општина Кичево се изведува на Македонски, Албански и Турски наставен јазик.
Во две од училиштата во градот Кичево, „Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски-Питу“ наставата се изведува на Македонски јазик, додека во третото основно училиште „Санде Штерјоски“, покрај на Македонски, наставата се следи и на Албански и Турски наставен јазик. Во руралните места (под надлежност на општина Кичево), само уште во основното училиште „Христо Узунов“ во село Другово се следи настава на Македонски јазик. Целосно на Албански наставен јазик наставата се следи во училиштата ОУ „Реџо Рушит – Зајази“ во Зајас, ОУ „Фаик Коница“ во Грешница, ОУ „Наим Фрашери“ во Јагол Дол., ОУ „Ѓерѓ Кастриот“ во Србица и ОУ „Милто Гура“ во Стрелци.

Трендот на запишување на нови ученици во Кичево е во опаѓање кај сите заедници. Но кога ќе се земе во предвид наставниот кадар и помошен персонал кои се вработени, соодносот драстично отстапува од бројот на ученици кои се опслужувани во училиштата на Македонски и Албански јазик.

Така на пример во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ на 724 ученици има 64 вработени наставници и помошен персонал. Значи на секои 11 ученици има по 1 вработен во просек. Оваа пропорција е нешто помала за ОУ „Владимир Полежиноски“ каде на 479 ученици, вработени се 69 наставници и помошен персонал, значи на секои 7 ученици 1 вработен. Ова училиште бележи најголемо опаѓање на новозапишани ученици.

Наспроти овие училиштата во градот каде се учи на Македонски, состојбата во училиштата во селата каде се учи исклучиво на Албански, состојбата е видливо поинаква кога се работи за соодносот ученици / вработени. Така на пример во ОУ „Фаик Коница“ (Грешница) учат 208 ученици, а училиштето има 52 вработени, на секои 4 ученици по 1 вработен. Во ОУ „Ѓерѓ Кастриот“ (Србица) на 148 ученици има дури 48 вработени, на секои 3 ученици по 1 вработен. Најдрастичен пример е ОУ „Наим Фрашери“ (Јагол Доленци) каде на 131 ученик вработени се дури 49 лица, на само 2 ученици по 1 вработен.

Севкупно на 1956 основци кои учат на Македонски, вработени се 240 лица, а на 1711 ученици кои наставата ја следат на Албански, вработени се дури 377 лица, или 137 лица повеќе иако побројни се првите. Во сооднос ученик / вработени бројките во просек се следни: на секои 8 ученици кои посетуваат настава на Македонски, вработено е по 1 лице, додека разликата е дупло помала во вториот случај каде на секои 4 ученици кои посетуваат настава на Албански вработено е по 1 лице. 8 на 1 наспроти 4 на 1. Разликата е дупла и очигледна.

Се поставува прашањето зошто има ваква разлика? Наставната програма и потреби на учениците се исти, без разлика на кој јазик учат. Потсетуваме дека сите вработени во овие училишта, според законот, се на товар на буџетот на Општина Кичево. Дали овие дополнителни вработувања во училиштата ја отежнаа ситуацијата со греењето во училиштата кои се греат на нафта, како и со неможноста на општината да изнајде средства и да ги сервисира потребите на кичевските основни и средни училишта? Зошто општината вработувала лица за кои реално нема никаква потреба, а од друга страна се изјаснува за немоќна да ги снабди училиштата со нафта за греење и да ги плати долговите за потрошена електрична енергија? Сите одговори се кријат во одговорните во Општина Кичево.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Ako vladata odi vo studenicani samo da zatvori, uapsi i kazni nasproti da izgradi nesto ubavo im napravile.
Веќе им изгради, патот натаму е како во центар на Скопје, со канделабри, тротоари. . Се градеше можеби 4 - 5 месеци.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Инвестиции во село Вевчани од централната Влада:

1. школо (1 милион евра)
2. спортска сала (850.000 евра)
3. студија за ски терен (250.000е)
4. тениско игралиште (80.000е)
5. пат кон горна белица (62.000е)
6. селски пат (55.000е)
7. опремување на школото (50.000 евра)
8. реконструкција на здравствен дом (50.000е)
9. осветлување на крстосницата пред Вевчани (25.000е)
10. пат до школото (20.000е)
11. пат млака (20.000е)
12. карневал (16.500е)
13. манастирски конаци (16.500е)
14. повеќенаменско игралиште (не знам колку коштат следните проекти)
15. дневен центар за пензионери
16. слободна интернет зона
17. регистарски таблици ВВ
18. подрачна единица министерство за земјоделство
19. поставување информативни табли за Вевчани низ Македонија
20. реконструкција на градинката

Само за проектите што јас наоѓам податоци = 2,5-3 милиони евра последните 6 години (да не речам помалку)

Освен материјалната инвестиција, оваа село има и други придобивки, како што се вработувањата , во здравствениот дом има 61 вработен (300.000евра годишно од централната влада за плати) , исто така пензионерскиот дом има свои вработени, подрачните единици на министерствата, градинките (уште 100.000 евра годишно).

Во училиштето има 32 вработени (150.000 евра годишно)
За 6 години дополнителни 3,3 милиони евра за плати. (за останатите вработени Вевчанци во другите градови во јавни институции не рачунаме)

Инвестиции+плати = 6 милиони евра. (2500 евра по глава на жител)

И јас верувам дека е така.
Да не беше така, сега ќе успеев да најдам проекти во село Арачиново во вредност од 25 милиони евра. (по глава на жител по 2500 евра).

20 проекти финансирани од Владата не можеш да најдеш во ниедно албанско село. (без разлика на број на жители, број на фирми, број на печалбари, број на возила или што и да е).

Градоначалникот дава отчет , 90% од завршените проекти се Владини, останатите 5% се донации од владини личности, а другите 5% од проектите се општински.
Лесно му е на него.
http://vmro-dpmne.org.mk/?p=21024
А што да кажеме ние од истокот, дали по 200-300 евра ни фрлаат годишно, си го ставил Вевчани кој што лапаат повеќе пари од Центарци просечно.:notworthy:[DOUBLEPOST=1416830242][/DOUBLEPOST]

А што да кажеме ние од истокот, дали по 200-300 евра ни фрлаат годишно, си го ставил Вевчани кој што лапаат повеќе пари од Центарци просечно.:notworthy:
 
П

Пе Џо

Гостин
Не сум знаел дека цајканите се алергични на камења, сеа ко ќе ме застанат на пешачки ко ќе им извадам една мермер плочка, ќе биде `Дечко извини, не сакавме да ти ги повредиме правата, еве ти меѓународна поддршка, демографска квота, и дој седни у парламент да се стоплиш, ладно е`.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom