Вондреден ученик во средно медицинско училиште?

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Јас сум редовен ученик во трета година во средно стручно училиште, во профилот „компјутерска техника и автоматика“.. и сум заинтересиран дали од наредната учебна година ќе можам да се запишам како вондреден ученик во некое средно медицинско училиште..
Дали има некој што ги знае информациите кои ми се потребни или има некаква идеја каде може да ги најдам истите...?
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Како можеш од средно за компјутерска техника и автоматика да се префрлиш на медицина? зар не ти делува малку нелогично? незнам зашто отвараш вакви теми, дали од досада пошто не ми се верува да си до толку глуп (се извинувам на навредата ама не најдов посоодветен збор за ова)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ja мислам со завршено осмо моеш вондредно медицинско за земаш. Не сум баш сигурен, оди Во Др Панче Караѓозов распрашај се. Имаше многу што го земаа медицинското средно вондредно.

Од прва и втора ќе треба да ги полагаш само стручните мислам.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
не го разбравте.
треба да си прашаш кај директорот од некое од медицинските школи.
ама ќе ти требаат документите од завршено основно така да ќе треба да поднесуваш милба во твоето сегашно да ти ги дадат или нешто слично.
сепак пробај.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Kaко не се најде некој директор од медицинско школо на форумов...
хехехе
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Можеш да учиш вондредно во скоро сите медицински школи (сигурен 100% сум за Скопје, Битола и Тетово) во било кој смер од било кое школо. Тие предмети шо се исти и во техничкото и во медицинското (на пр. Македонски, Математика, Странски јазик...) не се полагаат, туку се зема оценката од техничко. Се полагаат само стручните предмети, пракса и на пример Биологија, Хемија... односно тие шо ги немаш учено во техничко. За секое полагање се плаќа пари (во Битола мислам дека беше 20 евра за теорија и 50 евра за пракса). Јас знам кај мене имаше едно дете шо беше редовно сообраќаен, а вондредно беше со мене забен техничар и од сабајле беше на сообраќајно а поручек медицинско на пракса односно од 7 до 7 и целиот беше шашма. Ова варијанта ти ја препорачвам од ко ќе завршиш техничко оди на медицинско зошто е мн тешко и плус треба да полагаш матура. Поздрав се надевам дека ти помогнав...
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Може да се полага, но јас ќе ти препорачам прво заврши тоа што учиш бидејќи не сакаш ни да помислиш да учиш стручни предмети по медицина(зависи кој смер) а во исто време да учиш техничко.
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
peer i ja istiot film go naprajf
ama ne odam na praksa:toe:
mozes
predmetite so si gi ucel ke ti se priznaat
godisno se plaka po 250 - 300 evra
i plus sekoj ispit po 2000 denari
drs se na fiziologija i analiticka hemija
so sreka
za poveke pisi mi pp
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ми помогнавте, ви благодарам на сите...
Останува уште да одам во некое медицинско училиште...
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Хај.. јас повторно...

Си најдов работа на летниов распуст.. па мислам дека сега можам да се запишам во средно медицинско, како вондреден ученик...

Ме интересира дали за да се запишам треба да чекам некој уписен рок ( на пример третиот.. ако го има некаде... ) или можам „кога сакам“ да се запишам...?

Може некој да ми објасни што точно треба да направам за да се запишам.. и како ќе се одвива полагањето и учењето... и такви нешта..?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Одиш у твоето школо кај директорот и му објаснуваш шо сакаш да напраиш, поднесуваш молба да ти ги дадат документите зашо ќе ти требаат ваму и мислам дека моеш и копии заверени на нотар да однесеш, ама за тоа веќе ќе си прашаш поубаво во школото зашо документи треба да имаш у двете школи.
Уписен рок... мислам дека моеш кој сакаш да го фатиш, ама глеј во наредниот да поднесеш документи.
За вонредни мислам дека не праат мн проблеми.
Во секоја сесија моеш да пријавиш 3 предмети максимум.
Сесии има на 2 или 3 месеци.
Ја скоро кај сите професори полагав усно, само македонски и англиски писмено.
Одиш пред сесијата им бараш матерјали за учење, не даваат многу а и малце прогледуваат низ прсти зашо демек вонреден си.
Е сеа дали кај тебе ќе биде вака не знам :)
Инаку, упис како вонреден е прилично скапо, мислам дека доаѓа скоро дупло за упис од она шо ти е партиципација како редовен ученик, а и плус секој испит си го плаќаш посебно, после секое сведителство за завршена година плаќаш исто прилично мн(јас плаќав по 500 ден од сведителство а на медицина нишо чудно да е поскапо)
Е сеа, треба да си прашаш дали ќе ти признаат некои од предметиве шо ти се во сегашното школо(пр.македонски) за да не го полагаш пак туку само да ти ја префрлат оцената у сведителство.
Со среќа.:smir:
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Јас сум редовен ученик во трета година во средно стручно училиште, во профилот „компјутерска техника и автоматика“.. и сум заинтересиран дали од наредната учебна година ќе можам да се запишам како вондреден ученик во некое средно медицинско училиште..
Ова е главната причина повеќе да не постои средно медицинско училиште во Македонија. Како можеш да учиш такво слабо школо, а после да идеш вонредно за медицинска сестра и да работиш како медицинар само поради тоа што имаш пари во џебот?! Ама не си ти крив, бидејќи не си ни единствен. Јас познавам многу случаеви, односно луѓе што завршиле на пример угостителско и потоа положиле за медицина вонредно и се запишале како медицинари. Тоа е многу лошо за македонското здравство. Како првин, тебе ти треба повеќе време за да ги сфатиш медицинските работи онака како што треба, теоријата во медицината не се учи за пет месеца како кај вонредното учење. Тоа е исто на пример, ти да учиш за доктор 6 години, а некој без претходно знаење за медицината, да заврши за доктор за една година.

Како можеш од средно за компјутерска техника и автоматика да се префрлиш на медицина? зар не ти делува малку нелогично? незнам зашто отвараш вакви теми, дали од досада пошто не ми се верува да си до толку глуп (се извинувам на навредата ама не најдов посоодветен збор за ова)
Не е воопшто нелогично. Да прецизирам уште еднаш дека вонредно завршуваат деца кои што не се способни да завршат средно медицинско како редовни ученици и истовремено, кои што мама и тато имаат роднински, пријателски врски во некоја болница за да можат да ги бутнат своите деца (па макар да учеле и во АСУЦ) и истите да имаат колку-толку плата, скоро иста колку оние кои 4 години ја тупеле главата за анатомија, невропсихијатрија, физиологија, хирургија и разни други глупости, за кои што некои претрпеле многу трауми поради обемното учење во медицинското, конкретно за СМУГС Др. Панче Караѓозов.
И зошто стварно постои средно медицинско училиште во кое тупиш глава како ненормален 4 години, кога можеш да завршиш за 5 месеца?? Колку што знам, во ниедна земја во Европа нема средно медицинско. На пример, за медицинска сестра се завршуваат курсеви, или пак се иде на виша медицинска школа, каква што има сега на медицинскиот факултет.

Мислам дека средните медицински училишта во Македонија одамна немаше да постојат, да имавме квалитетно образование и квалитетно здравство. Средното медицинско постои само заради албанците и оние кои чии што деца врска си немаат од медицина, па сакаат по секоја цена да ги бутнат по болниците преку некоја врска.

едит: AgOrA , не ти мислам ништо лошо, работата е во тоа што мразам неправди и сакам да ги кажам работите онакви какви што навистина се...
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ова е главната причина повеќе да не постои средно медицинско училиште во Македонија. Како можеш да учиш такво слабо школо, а после да идеш вонредно за медицинска сестра и да работиш како медицинар само поради тоа што имаш пари во џебот?! Ама не си ти крив, бидејќи не си ни единствен. Јас познавам многу случаеви, односно луѓе што завршиле на пример угостителско и потоа положиле за медицина вонредно и се запишале како медицинари. Тоа е многу лошо за македонското здравство. Како првин, тебе ти треба повеќе време за да ги сфатиш медицинските работи онака како што треба, теоријата во медицината не се учи за пет месеца како кај вонредното учење. Тоа е исто на пример, ти да учиш за доктор 6 години, а некој без претходно знаење за медицината, да заврши за доктор за една година.


Не е воопшто нелогично. Да прецизирам уште еднаш дека вонредно завршуваат деца кои што не се способни да завршат средно медицинско како редовни ученици и истовремено, кои што мама и тато имаат роднински, пријателски врски во некоја болница за да можат да ги бутнат своите деца (па макар да учеле и во АСУЦ) и истите да имаат колку-толку плата, скоро иста колку оние кои 4 години ја тупеле главата за анатомија, невропсихијатрија, физиологија, хирургија и разни други глупости, за кои што некои претрпеле многу трауми поради обемното учење во медицинското, конкретно за СМУГС Др. Панче Караѓозов.
И зошто стварно постои средно медицинско училиште во кое тупиш глава како ненормален 4 години, кога можеш да завршиш за 5 месеца?? Колку што знам, во ниедна земја во Европа нема средно медицинско. На пример, за медицинска сестра се завршуваат курсеви, или пак се иде на виша медицинска школа, каква што има сега на медицинскиот факултет.

Мислам дека средните медицински училишта во Македонија одамна немаше да постојат, да имавме квалитетно образование и квалитетно здравство. Средното медицинско постои само заради албанците и оние кои чии што деца врска си немаат од медицина, па сакаат по секоја цена да ги бутнат по болниците преку некоја врска.

едит: AgOrA , не ти мислам ништо лошо, работата е во тоа што мразам неправди и сакам да ги кажам работите онакви какви што навистина се...
Aлоо goodman_91!!!!
Абе каков лекар?!
Планирам на research да одам...

Edit: И каде реков дека планирам да се префрлам? Реков дека сакам да се запишам вондредно медицина, затоа што редовно сум к.т.а. ...
Сакам да завршам средно медицина затоа што ги разледував можностите да одам на молекуларна биологија на факултет.

И ај.. другото што е напишано е... мн погрешно.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Мислиш, лаборант.
А тоа за лекар го дадов како пример.
Оф леле.. абе каков лаборант.. ќе се убијам... ( рачунај дека фрст/примарна/прва/главна и.т.н. професија ми е ова што го учам, медицината ме интересира поради љубопитност.... инаку ќе се запишев редовен во медицина. )
Кога даваш примери, пиши дека се примери.


Појаснување: Мислам на истражување кое е ..„спојување“ ( нешто како што биохемијате е „спојување“ на биологијата со хемијата ) на тоа што јас го учам, со тоа што сакам да го учам вондредно...
Еве еден пример... http://en.wikipedia.org/wiki/Biochip
 

Kajgana Shop

На врв Bottom