Ветеринарно катче

M*O*N*A

~*Kitekatus*~
Член од
20 јуни 2007
Мислења
99
Поени од реакции
31
Ветеринарната станица во Автокоманда има дежурства,работат и трета смена
 
M

Moon Child

Гостин
Луѓе ај едно прашање кој се разбира...
Вака сега, мачорот мој, често си прави рани по грбот додека се чеша, па му ставам дерматол и му поминуваат. Пред некој ден се инфицирал и загнои, му се јави голем оток на јаболчникот, што по некое време му прсна и му потече крв со гној помешано. Сега има раничка на тоа место што пукна некаде под окото е. И многу го боли, на моменти почнува да збеснува ама брзо му мине. Е сега прашањево ми е, дали можам и на таа раничка од кај што прсна гнојот да му ставам дерматол, ама за сигурно да ми каже некој што знае оти навистина несакам да експериментирам врз него. Не го однесов на ветеринар, од причина што исто ми се фаќа, овде кај нас ветеринарите ништо незнаат. Верувам дека тука некој повеќе може да ми помогне, ако ништо друго можеби имал искуство.
Фала однапред.:)
 
К

Кнез Мишкин

Отворена рана се мие со млака вода или физиолошки раствор, дерматолот (бизмут субгалат) е пудра не се препорачува директно на отворена рана која гнои. Евентуално можеш да го исчистиш местото со памук натопен во 3% раствор од борна киселина и толку. Никако со алкохол.
Откако ќе фати раната коричка, тогаш можеш со дерматолот, нема проблем, не предизвикува несакани дејства, ниту пак е штетен за човекот и животните.
 
Каде да најдам борна киселина ? Ја има по аптеки?
 
M*O*N*A

~*Kitekatus*~
Член од
20 јуни 2007
Мислења
99
Поени од реакции
31
Најдобро ти е да му ја исчистиш раната со хидроген 3%, го има во секоја аптека. Потоа стави му некоја антибиотска маст-хидроциклин на пример. Одкако ке спадне инфекцијата за побрзо затварање на раната има една маст што можеш да ја купиш од кај ветеринарот се вика Флогоцид, помага за побрза епитализација и брзо заздравува местото од неа( не е многу скапа,околу 200 денари е голема туба).
 
Член од
8 декември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Касно прочитав сега се зачленив, најдобро е да го испериш со 3% хидроген и потоа со бетадин да го мачкаш по 2 пати во денот на сабајле и навечер.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Имам chow chow старо 11 месеци и имаме проблем со влакната, почнаа да и пагаат влакната околу анусот и се гледа кожата, сега се прошири повеќе па ако имал некој вакво искуство нека пише. Инаку би го однел на ветеринар но кучето се наоѓа во Берово.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Би можело проблем да е исхрана или некоја инфекција и слично.
Најубаво на ветеринар и берово да е одвој еден ден за да со време се излекува.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Би можело проблем да е исхрана или некоја инфекција и слично.
Најубаво на ветеринар и берово да е одвој еден ден за да со време се излекува.
Во право си прочитав на интернет дека може од свинско месо да и паѓаат влакната, инаку морам во скоро време да тркнам да ја однесам да ја видат, греотка е така :(
 
L

Lu

Гостин
Имам chow chow старо 11 месеци и имаме проблем со влакната, почнаа да и пагаат влакната околу анусот и се гледа кожата, сега се прошири повеќе па ако имал некој вакво искуство нека пише. Инаку би го однел на ветеринар но кучето се наоѓа во Берово.
Можеби е некаква инфекција или некоја болест, сериозна е работата штом почнале да паѓаат влакната до тој степен да се гледа кожата.
Нема врска тоа што кучето се наоѓа во Берово, ако ти значи кучето и ако сакаш да се излечи тогаш земи запали колата и донеси го во Скопје на ветеринар.
Мора да го прегледа ветеринар за да ти каже во што е точно проблемот и да ти даде упатство за понатмошното лечење.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Можеби е некаква инфекција или некоја болест, сериозна е работата штом почнале да паѓаат влакната до тој степен да се гледа кожата.
Нема врска тоа што кучето се наоѓа во Берово, ако ти значи кучето и ако сакаш да се излечи тогаш земи запали колата и донеси го во Скопје на ветеринар.
Мора да го прегледа ветеринар за да ти каже во што е точно проблемот и да ти даде упатство за понатмошното лечење.
Денес ја однеле во Берово на ветеринар и тој кажал дека се работи за кожна болест КРАСТА и дека ја добило од едно болно куче, и им дал некакво средство што се раствара во вода и треба да се прска на тоа место и за извесно време ке оздрави. Јас мислев да не е од храната но грешка сум бил. Инаку фала за сугестиите :)
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Читав во неколку теми дека кога кучето ќе изеде нешто на коешто има отров дека треба да му се даде млеко и зејтин мислам дека беше за да го поврати. Може ли некој којшто знае да напише кои се симптомите на труење и дали може да се спречи труењето побрзо на пример со (како што читав) некои таблети со јаглен. Значи што би можеле да носиме со нас при шетање на кучето за да го спасиме најбрзо што можеме ?
 
maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Веќе неколку денови мојата мачка има кивавица,постојано кива, дали е настината или нешто друго е во прашање незнам. Доколку се работи за настинка, како можам да и помогнам ???
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Читав во неколку теми дека кога кучето ќе изеде нешто на коешто има отров дека треба да му се даде млеко и зејтин мислам дека беше за да го поврати. Може ли некој којшто знае да напише кои се симптомите на труење и дали може да се спречи труењето побрзо на пример со (како што читав) некои таблети со јаглен. Значи што би можеле да носиме со нас при шетање на кучето за да го спасиме најбрзо што можеме ?
Че почне да се пени од устата,да се лигави,да губи апетит,кондиција,свест,кома,и на крај ако не се превземе ништо,смрт.
Јас како иден ветеринар,не би превземал ништо на своја рака,туку кучето би го носел право на ветеринар :)
Веќе неколку денови мојата мачка има кивавица,постојано кива, дали е настината или нешто друго е во прашање незнам. Доколку се работи за настинка, како можам да и помогнам ???
Сам никако,однеси ја на ветеринар,тој знае повеќе од нас тука :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom