Ветеринарно катче

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Здраво.Благодарам за одговорот.
Во врска со имобилизацијата докторката детално ми покажа како но не ја направи бидејки ја замолив прво да го избањаме,многу беше валкано како го најдовме на улица веднаш го однесовме кај неа.Му даде б витамина да го смири малку.Дома го избањав му ја намачкавме раничката со лугоцид маст и го имобилизиравме рачето.Скршеницата верувам ке заздрави но се плашам дали нервот може да оздрави,докторката направи тестови и кажа дека нема никаква реакција на рачето.Единствено утре ке одам да видам со друг доктор дали има можност со операција да се направи нешто.Ке пишам како сме поминале.
Ако е нервот оштетен,мали се шансите и со операција да се спаси.

него,имам и јас 2 прашања:
1.Како да очистам болви кај мало маче,кое тек сега почнува да јаде по малку,прашувам,зошто за 2 максимум 3 дена ќе го земем.
2.Дали болвите од мачки идат кај луѓе
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
1.Како да очистам болви кај мало маче,кое тек сега почнува да јаде по малку,прашувам,зошто за 2 максимум 3 дена ќе го земем.
2.Дали болвите од мачки идат кај луѓе
1. Бидејки мачето е многу мало за да ставаш средства против болви, најдобро ке биде да го бањаш почесто со млака вода и после да го "масираш" со чиста бела крпа и рачно да ги вадиш болвите. Секојдневно менувај му чисти кебенца каде што спие и ке немаш мака. После првиот месец, можеш да купиш има едни ампули против болви. Една капка на вратот и за 12 саата ке нема ниту една болва. Мојот мачор кога беше заразен со болви, после таа ампула каде што спиеше најдов 30-стина мртви болви. Потоа обавезно бањање. :)
2. ДА, многу гадни се болвите и идат кај човек, особено ако мачето е многу мало. Но лесно се забележуваат и одстрануваат, ама не се пријатни... внимавај.
Со среќа со малото маче :P
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
еве пак почна да му течи крв на кучево (сибирски самојед) викнав ветеринар и стави инекција и од кога и ја ставија веке 2 саата незнае шо прави...и викам мила мила не се врти ја забодува главата у зид цела е замолушена незнам шо се дешава,помош некој ?
 
К

Кнез Мишкин

Гостин

Што ти кажа ветеринарот? Да не има епилепсија? Мада мислам дека му е од жешкото. Не и' збори ништо остави ја малку сама и ќе се смири. Онака чувствува дека си испаничен и она уште повеќе се потресува. Незнам друго како да ти помогнам, не сум ветеринар, ама имам искуство со моето куче, секогаш кога е болно сака да е само, штом ќе му помине доаѓа кај мене.
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
Што ти кажа ветеринарот? Да не има епилепсија? Мада мислам дека му е од жешкото. Не и' збори ништо остави ја малку сама и ќе се смири. Онака чувствува дека си испаничен и она уште повеќе се потресува. Незнам друго како да ти помогнам, не сум ветеринар, ама имам искуство со моето куче, секогаш кога е болно сака да е само, штом ќе му помине доаѓа кај мене.
Ветеринарот вели дека и е од жешкото али не ја исклучува можноста да има тумор во глава :( Ми вика да ја носам на снимање некаде во прилеп дека кај нас немало такви работи за снимање али далеку ми е мене прилеп така да...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
денес ретриверот два пати помоча крв и тоа цела мокрача му беше крвава темно црвена,а и некако не е весел но апетитот му е задржан - саламата и млекото ги јаде/испи со сласт........шо можи да е работата??
 
Незнам што да ти кажам, многу е мало за да има тумор, можеби е само поради времето, или има проблеми со крвиот притисок. Сега како е?
 
носи го на ветеринар,има проблем со бубрезите.
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
Незнам што да ти кажам, многу е мало за да има тумор, можеби е само поради времето, или има проблеми со крвиот притисок. Сега како е?
Па да ти кажам нема подобрување очите му се на пола ... цело време се удара од зид на зид,премногу бавно се движи а и нозете не ги крева повече од 1 цм... значи и нозете ги влечи дури по земја а никако нејќи да легни да одмори само оди и оди и оди :(((
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
денес ретриверот два пати помоча крв и тоа цела мокрача му беше крвава темно црвена,а и некако не е весел но апетитот му е задржан - саламата и млекото ги јаде/испи со сласт........шо можи да е работата??
Никако салама, има еден куп конзерванси кои се опасни за кучето, многу зависи од староста, постарите кучиња имаат проблем со бубрезите, па не се препорачува да внесуваат многу протеини, им се намалува функцијата на бубрезите и не можат да ја процесираат крвта соодветно. Очигледно се работи за проблем со бубрезите, под итно одведи го на ветеринар. Се надевам дека ќе биде подобро.
--- надополнето: Aug 5, 2011 2:25 PM ---
Па да ти кажам нема подобрување очите му се на пола ... цело време се удара од зид на зид,премногу бавно се движи а и нозете не ги крева повече од 1 цм... значи и нозете ги влечи дури по земја а никако нејќи да легни да одмори само оди и оди и оди :(((
:( И на моето му се има случувано тоа да изгуби размнотежа да се лупне во првиот предмет што ќе му се најде на пат, исто и да ги затвори очите и така да гледа омлитавено, тоа му беше од топлотен удар, му давав вода со една лажичка мед и се оправи. Мене ме загрижува тоа што крвави :eek:
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Ветеринарот вели дека и е од жешкото али не ја исклучува можноста да има тумор во глава :( Ми вика да ја носам на снимање некаде во прилеп дека кај нас немало такви работи за снимање али далеку ми е мене прилеп така да...
Можно е да е од жешкото, али не се оставај на таа теорија. Големи се шансите да има тумур во главата... Можно е и да има бактерии или некој паразити во носната шуплина и тие да го предизвукуваат крварењето. Крварење се јавува и поради отрови. Отров за глувци предизвикува крварење од носот и од устата. Однеси го во некоја специјализирана ветеринарна клиника. Ке потрошиш некој динар повеке, ама ке го спасиш од болките и маката... А и за тебе е мачно да го гледаш така... Ставај му ладни облоги на носот, лади го, и не дозволувај да дехидрира, биди со него.
--- надополнето: Aug 5, 2011 2:38 PM ---
Па да ти кажам нема подобрување очите му се на пола ... цело време се удара од зид на зид,премногу бавно се движи а и нозете не ги крева повече од 1 цм... значи и нозете ги влечи дури по земја а никако нејќи да легни да одмори само оди и оди и оди :(((
Типични симптоми на труење со отров за глувци. Пази го кучето, најчесто завршуваат со смрт ако случајно изело отров. Јави се на ветеринар.
 
L

Lu

Гостин
За едно три недели треба да добијам шарпланинче на подарок. Иако сум голем љубител на кучиња до сега поради условите(стан) не бев во можност да чувам.
Ве молам за некаков совет, во смисла чување, храна, вакцини и сл.
Како прво, не го земај кученцето пред да наполни 6 недели !

Треба да прими 3 вакцини (вакцина + 2 ревакцини)
Првата вакцина се става на 6 неделна возраст, втората вакцина на 10 неделна возраст и третата вакцина на 14 неделна возраст.
Исто така едно 4-5 дена пред секое примање на вакцина треба да го прочистиш кутрето од внатрешни паразити (глисти) со апчиња за прочистување (најдобри се Бихелдон) , 1 апче Бихелдон се дозира на 10 кила куче, па ако на пример шарпланинчето тежи 5 кила ти ќе му дадеш пола апче.

Околу исхраната....
Најдобро е да го храниш комбинирано, сува кучешка храна + домашно приготвена храна.
Секогаш купувај му квалитетна кучешка храна како што се Еукануба, Ројал Канин, Пурина ПроПлан и сл. а овие евтините како што се Чапи, Фрискис, Дарлинг и сличните максимално избегнувај ги бидејќи во нив скоро и да нема хранливи материи.
Од домашна храна можеш да му даваш: Ориз варен, варено пилешко месо, телешко месо, варено/свежо морковче, палента, макарони, павлака, јогурт, кисело млеко, зеленчук, овошје (јаболкото е одлично).
--- надополнето: Aug 8, 2011 5:48 PM ---
Ветеринарот вели дека и е од жешкото али не ја исклучува можноста да има тумор во глава :( Ми вика да ја носам на снимање некаде во прилеп дека кај нас немало такви работи за снимање али далеку ми е мене прилеп така да...
Дали ти значи кучето и дали сакаш да го спасиш ?
Дај не се зафркавај земи одма пали колата и право во Скопје дојди, кај Диме !
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
денес ретриверот два пати помоча крв и тоа цела мокрача му беше крвава темно црвена,а и некако не е весел но апетитот му е задржан - саламата и млекото ги јаде/испи со сласт........шо можи да е работата??
за среќа се среди работата,најверојатно беше крварење од удар(кога го пуштам лудува и не гледа каде се удира :cautious: шо е ќефој дека ќе шета)така силно се подудри некни што престана да игра за момент......ме зачуди да има некоја инфекција или проблем со бубрезите зошто ниту имаше настрана јадено нешто ниту вода пиено при шетањето......како и да е СЕ се заврши добро
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Некој мислење за Пурина и Брит храна за кучиња? Што, како, се исплати ли за тие пари да се земе дали е квалитетна и ги исполнува потребите за мали кутриња?
 
L

Lu

Гостин
Некој мислење за Пурина и Брит храна за кучиња? Што, како, се исплати ли за тие пари да се земе дали е квалитетна и ги исполнува потребите за мали кутриња?
Ако зимаш Пурина, тогаш земи си ПроПлан од Пурина, екстра е храната, една од најдобрите што можат да се најдат на Македонскиот пазар.
А Фрискис од Пурина е со доста слаб квалитет и не содржи доволно количество на месо и хранливи материи.
Брит исто така е одлична и квалитетна храна, но сепак ПроПлан од Пурина е за нијанса подобар.

Кога веќе купуваш ПроПлан, размисли и за Еукануба и Ројал Канин, горе/доле слични им се цените :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom