Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.185
- Поени од реакции
- 34.414
Студено? Нема каде да вежбате? Потрешно!
Еве неколку домашни вежби кои ќе ви помогнат да ја одржите вашата форма за време на зимскиот период, за кои не е потребна дополнителна опрема, ниту пак голем простор. Слободно надополнете ме со вашите предлози.
Вежба 1
Застанете на левата нога и кренете ја десната рака пред вас. Спуштете го торзото и подигнете ја десната нога така што ќе биде паралелна со подот. Потоа спуштете ја и направете го истото и со другата нога.
Вежба 2
Застанете со раширени нозе. Земете крпа во рацете и кренете ја над главата. Правете клекни-стани.
Вежба 3
Застанете во позиција за правење склекови, но наместо на дланките тежината да ви паѓа на лактовите. Формирајте права линија, па едната рака исправете ја и застанете на дланката. Направете го истото и со другата рака, па вратете се во почетната позиција.
Вежба 4
Ставете ги рацете на колковите, рамениците нека ви бидат наназад и исправете се. Подигнете ја левата нога и направете голем чекор движејќи ги колковите наназад. Потоа сменете ја ногата.
Вежба 5
Застанете потпрени на ѕид со вашиот грб, а нозете нека бидат свиткани пред вас. Спуштајте се со колената додека не формирате прав агол. Подигнете ја вашата десна нога, така што ќе биде паралелна со подот. Стојте така 1 до 2 секунди, потоа сменете ја страната.
Потрудете се предлозите да бидат со фино објаснување, пропратено со визуелно објаснување (фотографија) од вежбата.