Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

S

Shellshock nam67

Гостин
Ново поскапување на горивата

Од ноќеска на полноќ поскапуваат и бензините и дизелот, одлучи регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на регулаторна, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 2 денари и ќе изнесува 79,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1,5 денари, па така од утре ќе се продава за 81 денари. Поскапува и дизелот за 2,5 денари, а новата цена ќе биде 72,5 денари. Нова цена од 61 денари има и екстра лесното масло за домаќинство кое поскапува за 2,5 денари. /www.kanal5.com.mk
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Ајде 100 денари кило бензин, нема гајле ќе плаќаат луѓето.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Ако сака нека дојди и две евра шо вели Цацко јас секако за илјадарка месечно си се возам :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Ако сака нека дојди и две евра шо вели Цацко јас секако за илјадарка месечно си се возам :)
Сваќаш дека сите цени во земјата се базираат на цените за превоз нели?
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Сваќаш дека сите цени во земјата се базираат на цените за превоз нели?
Абе јас сваќам и многу други работи ама ти изгледа не сваќаш дека ние тука не можиме ништо да промениме
 
I

Iblis

Гостин
Абе јас сваќам и многу други работи ама ти изгледа не сваќаш дека ние тука не можиме ништо да промениме
Е и ти па не може, ќе се вратат златните(или проклетите, за кој како) 90-ти , пак ќе се шверца нафта, за сите* ќар (y)
*Под сите се подразбирам само себе.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
68
Поени од реакции
12
Нека си оди до 100 ка.Како ќе градиме камења по градов.Туку јас предлагам кога сме веќе кај споменициве,да се изгради еден споменик кој ќе го симболизира македонскиот народ.Бидејќи и повеќе од јасно е дека заслужуваме
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
Бидејќи ја сврте темата на своја воденица, немам намера да ти одговорам! Си бараш муштерии? Какви плажи, какви клими...што ти е тебе? Читај погорните постови! Навреме е реагирано, прашано и во топлификација, ме излажаа!!! Од друга страна соседите нож во грб, си се исклучија, и сметката расте!
не бе... далеку од тоа дека си барам муштерии.. работа имам преку глава веке... друг ми беше муабетот...

прво да ти се извинам ако те навредив, стварно не ми беше тоа намерата, а и признавам, малку арогантно настапив... икс други причини претходно ме доведоа до она погоре што е напишано...
НО... факт е:

-на 01.01.20?? секогаш поскапува струјата, парното и горивата
-парното го поскапуваат двапати годишно и тоа еднаш пред почеток на сезона и еднаш среде сезона и тоа никогаш не е под 7%
-струјата поскапува исто така нај малку 2 пати годишни а понекогаш и 3 пати...
-горивата поскапуваат редовно понекогаш и 2 пати месечно, понекогаш и еднаш на 2 месеци а понекогаш симињаат за денар-два се зависи од берзата и цената на барел сирова нафта и секако чудниот начин на кој регулаторна пресметува.... и секогаш топлификациа, евн и другите бараат поголемо поскапување, а добиваат помало... на пример, за ова поскапување на греењето топлификација бараше поскапување од 13,5% ама не доби, т.е. не доби толку...

и ова трае од распадот на СФРЈ па до ден денешен. значи едноставно е за проценка следново:
-доколку во летниот период поскапеле горивата за нај малку 10% и струјата за нај малку 5% многу логично е дека и парното (централното греење) ке поскапи бидејки се тесно поврзани со тие 2 енергенси. значи поентата ми беше дека, доколку отидеш во топлификација прашаш дали ке поскапуваат а они ти речат не, тогаш БИ ТРЕБАЛО да знаеш дека лажат... значи сите се свесни дека ке поскапува... и уште еднаш одговорот на она зашто за струјата лугето се бунат кога поскапува а за парното не... затоа што ако се исклучиш од струја немаш алтернатива, а од топлификација ако се исклучиш имаш многу алтернативи...

уште еднаш извини за мојата не намерна мала ароганција... само се обидував да доловам дека не навремено сте реагирале, и ако сте се нашле во некаков клинч, 99% сум сигурен дека сте си сами криви за тоа. бидејки информациите ги имате, решениата ги имате, ама ништо не сте направиле... топлификација нема да поевтини, ако можеби на тоа сте се надевале... а ни струјата нема да поевтини исто така... ни горивата...

а да, уште нешто, и водата поскапува повремено, ама неусетно, ама до сега не видов некој да протестира околу тоа....а во темава не се ни спомнува тој тип на значаен ресурс за човекот...


ПС од ноќеска пак поскапуваат горивата што за1 што за 2 денари...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom