Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.665
Поени од реакции
18.143
Па кој ве тера да возите кола идете малце пешки боље е за здравје.
Не е кога треба да се стигне на работа на време, а уџум ти е далеку. Без разлика дали е кола или автобус.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Ете телевизорот рече цената на горивата нема да влијае на инфлацијата, хихи смешки :pos::pos::pos::pos::pos::pos:...

Имам другар за него викаме лажи сам не си верува а пак не другите :icon_lol:.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Еве што било работата бе:D

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Кој живее во зграда, нема да може да исклучи парно

петок, 23 март 2012, 19:21

Регулаторната комисија за енергетика подготвува правилник со кој ќе биде пропишано ниту еден корисник на парно греење во станбена зграда за колективно домување да не може да се откаже од услугите на Топлификација. Исклучување ќе биде дозволено само ако корисникот не ги плаќа сметките, што е предвидено и со сегашните прописи.

Претседателот на Комисијата, Димитар Петров за Алфа вели дека ова е само дел од работните верзии на документите кои ги подготвуваат, во кои може да има повеќе варијанти за кои не е сигурно дека ќе бидат усвоени. Ваквиот предлог не доаѓа на иницијатива на Топлификација, туку се работи за законска обврска за усогласување на правилниците, која ја има Регулаторната комисија, вели Петров.

Според правни експерти, во предложениот правилник има слабости и тој би можел да биде оспорен пред Уставниот суд. Пред неколку години, Судот веќе ја укина наплатата на половина од месечна сметка за корисниците кои се исклучуваат од парно. Поради поскапувањето на греењето во изминатите месеци, се повеќе граѓани се исклучуваат од мрежата на Топлификација. Оваа грејна сезона имало за една четвртина повеќе исклучени корисници.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=47752

Тепај ја оваа стока тука кога ништо не разбира :icon_lol:.
Не бе сериозно кога викаат една власт една управа еден светски поредок, во кој главниот збор ќе го имаат комисии како оваа регулаторнава наша кои што не се избрани непосредно на избори мислев куде нас нема такој ама заебал сам се :icon_lol:. Ало луда куќа дали има некој нормален нема исклучување, е нема седете си мирни спиете на уши па ќе видите како има да изрегулираат ова е само почеток....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
5.093
Од понеделник поголема цена на бензините

23.03.2012 - 14:41
Горивата во земјава в понеделник ќе добијат нова, најверојатно повисока, цена.

Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ) ќе одлучува за корекција на цената на бензините, но однапред не може да се каже дали и за колку ќе поскапат.
Сепак, ако се следи трендот на поскапувања во земјите во регионот во текот на неделава, каде што горивата поскапеа за околу три отсто, тогаш цената во земјава би требало да скокне за околу 2,5 денара.
Засега никој не се осмелува да направи анализа дали и кога горивата во земјава ќе ја достигнат психолошката граница од 100 денари и колкава треба да е цената на нафтата на светските берзи за да се случи тоа.
Ниту една од надлежните институции во земјава не сака да излезе со став за тоа која цена е границата над која Владата ќе преземе итни и конкретни мерки за да ја спушти.
За разлика од нашата влада, хрватската ја постави таа граница на 12 куни, односно 1,64 евро.
Според најавите, доколку цената во Хрватска ја надмине таа граница, владата ќе ги намали акцизите за горивата, пишува Дневник.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

Немој така те молам, не шири дезинформации:нинџ:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
5.093
Какво време да га јбу ... те тераат да раскинеш на женската ... ако истата ти е далеку од домот ... не ќе може човек да запали кола да ја земе од дома ... па пак да ја врати како фраерче ...

Затоа гледајте во комшилукот најдете си женска , ако не сакате да банкротирате.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Ваљда ќе им текне да ги намалат Акцизите и ДДВ. И после нека му ја мислат тие што живеат од Буџет.
 
I

Iblis

Гостин
Ваљда ќе им текне да ги намалат Акцизите и ДДВ. И после нека му ја мислат тие што живеат од Буџет.
Зар си луд, па како ќе ја надополнат буџетската дупка која следува??
инаку да ве поздравам со една патриотска песна :LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Ваљда ќе им текне да ги намалат Акцизите и ДДВ. И после нека му ја мислат тие што живеат од Буџет.
Сите живееме од буџетот, вака или така, па после може и даноците ќе ти ги кренат :icon_lol:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
еве некои работи, кои за брзо време ке бидат доста реални... а некои веќе и се реални и вистинити... за жал....

Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
DHL купија нови 300 точаци од Вучко
Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
Омилен парфем? Безоловен 95ка
Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
Макпетрол е новиот Сваровски
25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
1м2 = 1евро = 1/2л бензин
Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Нафтата на светски берзи 84 и 98 долари за барел, а тука оваа влада на чело со глујо, пред очи не крадат, ама тоа е Бранко е крив шо е скап бензино.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom