- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.144
- Поени од реакции
- 893
Исак Њутн уште како мал многу читал и изработувал разни направи. Посебно се интересирал за движењето на планетите, а го паметиме по законитостите што ги формулирал за силата на гравитацијата.
Но, според економистот John Maynard ("Essays and Sketches in Biography",1956): Newton believed that the Bible held a hidden code and he wanted to "read the riddle of the Godhead, the riddle of the past and future events divinely fore-ordained." Therefore, Newton spent much of his life trying to find the Bible code, which he believed was a "cryptogram set by the Almighty." (http://www.csg.net/eschatology/Newton.htm)....
...Њутновата опсесија не била ни математиката ни астрономијата. Њутн оставил зад себе многу ракописи со езотерична содржина. Тој верувал дека во Библијата постојат скриени пророштва за човековата историја. Верувал дека постои скриен код во неа( Richard Westfall- "The life of Isaac Newton", 1993)( Preview this book), a оној кој ќе успее да го открие кодот, ќе може да ја открие иднината. Според него „Библијата во суштина е сета човекова историја.“
Њутн го научил хебрејскиот јазик и голем дел од својот живот се обидувал да го дешифрира тајниот код. Според John Maynard Keynes , тој тврдел дека Библијата и целиот Универзум е еден криптограм создаден од Севишниот. Се до својата смрт се обидувал да ја дешифрира Библијата, но колку и да се обидувал-во тоа не успеал.
Еден од најголемите експерти за теоријата за Библискиот код е Eliyahu Rips ( Eliyahu Rips`www home page: http://www.ma.huji.ac.il/rips/ ;WikipediA: http://en.wikipedia.org/wiki/Eliyahu_Rips )
Во редакцијата на најугледното светско математичко списание „Statistical Science" vo 1993г, Рипс заедно со својот тим истражувачи испратиле прилог со наслов „Еквидистантни секвенци на буквите во Библијата“:
„....Забележано е дека кога Книгата на Создавањето ќе се испише во дводимензионален ред, еквидистантните секвенци на буквите даваат зборови со разбирливо значење. Квантитативните орудија за мерење на овој феномен се развиени. Анализата за случајност покажува дека ефектот е сигнификантен на ниво 0,00002....“ Повеќе: http://cs.anu.edu.au/~bdm/dilugim/StatSci/
Значи, „Генезата“ содржи во себе второ ниво на читање.Израелецот го пронашол начинот како да се дешифрира ова ниво а проверката покажува минимална можност за грешки.
По овој прилог, многумина се обиделе да го проверат овој компјутерски програм со надеж дека ќе ја докажат измамата. Но не само што не успеале да ја побијат теоријата, туку дошле и до нови информации.
Можноста математички да се докаже дека Библијата всушност претставува еден огромен ребус со кој може да се дешифрира почетокот и крајот, е навистина вознемирувачка: Библијата не е само книга туку и компјутерски програм.
Некогаш одамна, првата верзија настанала во исклесани плочи, потоа била префрлена на свитоци, а во поново време е печатена во книги. најпосле, компјутерот ја превзел штафетата и го покажал патот и начинот како да се чита.
Рипс го пронашол кодот на следниов начин:
Ги елиминирал сите празни места меѓу зборовите со што добил континуирана низа од букви. Вкупно 304 805. Така, тој всушност ја реставрирал Тората во првобитниот изглед. Според легендата, Мојсие го примил Стариот завет од Бог-континуирано, без празни простори меѓу зборовите.
-Се додава секоја 4., 12. или 50. буква за да се формира збор.
-Се прескокнуваат Х места, и нови Х места и уште еднаш Х места и тајната порака се појавува.
Компјутерот пребарува пораки со имиња, зборови и фрази скриени во кодот. започнува со првата буква и тогаш бара по секоја можна комбинација. Ги проверува сите секвенци со прескокнување од една, две, три...илјада букви. Откако ќе го пронајде клучниот збор(на пр. некој политичар), компјутерот бара релевантни информации(имиња, места, датуми). Кога се’ ќе пронајде, тогаш заедно ги декодира, а резултатот го сведува на два теста:
-Прво, колку блиску се појавуваат зборовите еден до друг и
-Второ, дали секвенците(прескокнувањата) се најкратки.
(Релевантните зборови се појавуваат верикално, хоризонтално и дијагонално).
"Star at the first letter of the paragraph below, skip every three letters and the code is explained"
"Rips ExplAineD thaT eacH codE is a Case Of adDing Every - fourth, twelfth or fiftieth letter to form a word."
By looking at the capital letters which are spaced three letters apart it is possible to see the hidden message which in fact is READ THE CODE
.
Пример:
Рипс: -„Побаравме од компјутерот да трага по Saddam Hussein.Тогаш ги проверивме релевантните зборови до кои дојде дали математички кореспондираат. Со неговото име ги добивме следниве зборови: Војна на Заливот, датата на почетокот на војната како и руски проектили.
Со името на Бил Клинтон се појави зборот „претседател“; со Хитлер-„нацизам“; со Кенеди-„Далас“.
Овој експеримент според Рипс успева само со Библијата и со ниедна друга книга.
The Bible Code (1997) е светски бестселер, книга на Michael Drosnin, кој во самиот вовед на книгата за се вели: „Јас не сум рабин, ниту свештеник, не сум ни библист. Немам предубедувања туку само еден тест-вистината.“
Дроснин за прв пат се сретнал со Рипс, Јуни, 1992г. Наместо да ја отвори Библијата, Рипс го вклучил компјутерот:
„Се’ што било и што ќе се случи, е запишано во Тората, од прв до последен збор. И тоа не само во генерална смисла, туку во секој детал, за секое лице, секоја индивидуа, од раѓањето до физичкиот крај...“
Две години подоцна, Дроснин летал за Ерусалим на состанок со близок пријател на премиерот Yitzhak Rabin. Му предал писмо со содржина:
„Израелски математичар откри скриен код во Библијата кој открива детали за настани што се случиле илјада години од пишувањето.
Причината зошто ова ви го говорам е фактот што Вашето име само еднаш се појавува декодирано. Вертикално е пресечено со зборовите:
„Убиецот кој ќе убие“. Немојте ова да го игнорирате. Убиствата на Кенеди и Anvara el Sadat се исто така декодирани во Библијата. Во случајот на Садат, беше декодирано и името и презимето на убиецот, датумот на убиството и местото и начинот на извршување....Мислам дека сте во вистинска опасност....“
На 4. Ноември 1995г пророштвото се исполнило: Рабин бил убиен.
Дроснин: „Пред атентатот никој не можеше да го пронајде името на убиецот ни точниот датум. Но, по настанот, го пронајдовме името „Amir“ кое одсекогаш било тука, точно над името на Рабин. Дури, зборовите „името на атентаторот“ се појавуваат во оригиналниот текст(некодиран).Во истиот пасус, скриениот текст вели: „Тој ќе го убие премиерот“. Понатаму, се идентификува како „Израилец, кој убива од близина“. Библискиот код покажува кога и каде тоа ќе се случи: „Во годината 5756“, хебрејската година која почнува во Септември 1995, а е прекрстено со зборовите: „Tel Aviv“ и „убиството на Рабин“. „Amir“ се појавува на истото место.
...Дали Рабин или Кенеди би можеле да бидат спасени од атентаторскиот куршум? Па дури и предходно да беа откриени Амир и Освалд во Библискиот код, дали ќе можеше да бидат спречени? дали постои некоја друга веројатност?-Доколку атентаторите беа фатени а Рабин и Кенеди-живи?
Прашањето е: дали Библискиот код ни го говори она што ЌЕ СЕ случи или пак она што МОЖЕ да се случи? Дали претставува ЕДНА однапред одредена иднина или пак ги предвидува СИТЕ МОЖНИ иднини?
Физичарите се заглавени во оваа дебата...
Ствен Хокинг: „Сигурно не може точно да се предвидат идните настани ако не може точно да се измери ни сегашната состојба на Универзумот.“
Повеќето научници веруваат дека Принципот на неодреденоста е фундаментален: не постои една иднина, туку многу можни иднини. Хокинг тоа го изразил на свој начин: „Квантната механика не предвидува еден дефинитивен резултат за една опсервација.Наместо тоа, таа предвидува еден број различни можни резултати, и ни говори колку е веројатен секој од нив.
Дали Библискиот код, исто како и квантната физика ги претставува сите можности?
А најголемиот научник на нашето време, Ајнштајн, никогаш не прифатил дека Универзумот е управуван по случаен принцип: „Квантната механика сигурно се наметнува, но еден внатрешен глас ми говори дека таа теорија ни говори многу, но не не’ доближува ништо повеќе до тајната на „Оној Стариот“.Бог не си игра со коцки“
ЗАПЕЧАТЕНА КНИГА
Две големи библиски апокалипси, книгата на пророкот Даниил во Стариот завет и Книгата на Откровението во Новиот завет, претскажуваат ужаси без преседан, кои целосно ќе се откријат кога ќе се отвори една тајна книга до „Крајот на своите дни“.
„А ти, Данииле, сокриј ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; Мнозина ќе ја прочитаат и знаењето ќе се умножи“. 12.4.
ЈАГНЕТО ЈА ЗЕМА КНИГАТА СО СЕДУМ ПЕЧАТИ
1. И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книга напишана одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.
2. И видов силен ангел, што викаше со висок глас:
„Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“
3. И никој не можеше, ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту пак да ја гледа.
Во овие стихови исак Њутн го барал кодот. Во Библискиот код, претскажувањето со „крајот“ се поклопува со „атомски холокауст“ и „Светска војна“.ЈАГНЕТО ЈА ЗЕМА КНИГАТА СО СЕДУМ ПЕЧАТИ
1. И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книга напишана одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.
2. И видов силен ангел, што викаше со висок глас:
„Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“
3. И никој не можеше, ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту пак да ја гледа.
Ако Библискиот код е реален, тој може да има само една цел: да го предупреди светот за страшната опасност. А опасноста сигурно е тука некаде близу, штом кодот е пронајде, книгата отклучена.
Некоја интелигенција која што можела да ја види иднината-ја кодирала Библијата. Оваа интелигенција знаела за опасноста, и затоа го дизајнирала кодот на начин кој би можел да биде пронајден со технологијата која ќе постои во тоа време.
Библијата била запечатена со еден вид временски клуч, која не можела да биде отворена се додека не бил измислен компјутерот.
Дали навистина е отворена „запечатената книга“?
дали навистина е започнат Судниот ден?
Ако Библискиот код е предупредување, од каде доаѓа? Самата Библија вели дека Бог е авторот, дека тој му ги диктирал оригиналните 5 книги на Мојсие: „Му рече Господ на Мојсие, искачи се на планината кај мене, и ќе ти дадам плочи од камен, и Тора.“
Тоа била возбудлива средба: Во раноутринската тишина во пустината, одеднаш се чула страшна грмотевица и црната планина се осветлила со експлозивен блесок. Големи пламени се извивале од врвот на планината, како самиот врв да бил запален, а целата пустина започнала да се тресе.
разбудени од бучавата и тресењето, 600 000 луѓе, жени и деца излегле од своите шатори и гледале престрашено во планината. Одеднаш се чул глас: „Мојсие, качи се на врвот на планината.Таму, на Синајскиот врв, Мојсие го чул гласот на Бог кој му ги дал 10. заповеди и му ја диктирал книгата која ние ја нарекуваме Библија.
На местото каде Бог вели:„Гледај, направив завет пред целиот твој народ дека ќе правам чуда“-кодот вели:„компјутер“. Зборот „компјутер“ (’мисла’ на хебрејски) се појавува 6 пати...
Астрономот Карл Саган еднаш забележал дека ако постои друга интелигенција во Универзумот, некоја од нив сигурно се развила пред нас, имала илјади, или милиони години да развијат една напредна технологија која ние дури сега почнуваме да ја развиваме.
„Луѓето постојат повеќе од 20 000 века, но радиото го имаме само 50-тина години. Ако некоја цивилизација е зад нас, веројатно се многу зад нас за да имаат радио. Ако се пред нас, веројатно се далеку пред нас....“