Библиски Код

Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893

Исак Њутн уште како мал многу читал и изработувал разни направи. Посебно се интересирал за движењето на планетите, а го паметиме по законитостите што ги формулирал за силата на гравитацијата.
Но, според економистот John Maynard ("Essays and Sketches in Biography",1956): Newton believed that the Bible held a hidden code and he wanted to "read the riddle of the Godhead, the riddle of the past and future events divinely fore-ordained." Therefore, Newton spent much of his life trying to find the Bible code, which he believed was a "cryptogram set by the Almighty." (http://www.csg.net/eschatology/Newton.htm)....
...Њутновата опсесија не била ни математиката ни астрономијата. Њутн оставил зад себе многу ракописи со езотерична содржина. Тој верувал дека во Библијата постојат скриени пророштва за човековата историја. Верувал дека постои скриен код во неа( Richard Westfall- "The life of Isaac Newton", 1993)( Preview this book), a оној кој ќе успее да го открие кодот, ќе може да ја открие иднината. Според него „Библијата во суштина е сета човекова историја.“


Њутн го научил хебрејскиот јазик и голем дел од својот живот се обидувал да го дешифрира тајниот код. Според John Maynard Keynes , тој тврдел дека Библијата и целиот Универзум е еден криптограм создаден од Севишниот. Се до својата смрт се обидувал да ја дешифрира Библијата, но колку и да се обидувал-во тоа не успеал.
Еден од најголемите експерти за теоријата за Библискиот код е Eliyahu Rips ( Eliyahu Rips`www home page: http://www.ma.huji.ac.il/rips/ ;WikipediA: http://en.wikipedia.org/wiki/Eliyahu_Rips )
Во редакцијата на најугледното светско математичко списание „Statistical Science" vo 1993г, Рипс заедно со својот тим истражувачи испратиле прилог со наслов „Еквидистантни секвенци на буквите во Библијата“:
„....Забележано е дека кога Книгата на Создавањето ќе се испише во дводимензионален ред, еквидистантните секвенци на буквите даваат зборови со разбирливо значење. Квантитативните орудија за мерење на овој феномен се развиени. Анализата за случајност покажува дека ефектот е сигнификантен на ниво 0,00002....“ Повеќе: http://cs.anu.edu.au/~bdm/dilugim/StatSci/
Значи, „Генезата“ содржи во себе второ ниво на читање.Израелецот го пронашол начинот како да се дешифрира ова ниво а проверката покажува минимална можност за грешки.
По овој прилог, многумина се обиделе да го проверат овој компјутерски програм со надеж дека ќе ја докажат измамата. Но не само што не успеале да ја побијат теоријата, туку дошле и до нови информации.
Можноста математички да се докаже дека Библијата всушност претставува еден огромен ребус со кој може да се дешифрира почетокот и крајот, е навистина вознемирувачка: Библијата не е само книга туку и компјутерски програм.
Некогаш одамна, првата верзија настанала во исклесани плочи, потоа била префрлена на свитоци, а во поново време е печатена во книги. најпосле, компјутерот ја превзел штафетата и го покажал патот и начинот како да се чита.

Рипс го пронашол кодот на следниов начин:
Ги елиминирал сите празни места меѓу зборовите со што добил континуирана низа од букви. Вкупно 304 805. Така, тој всушност ја реставрирал Тората во првобитниот изглед. Според легендата, Мојсие го примил Стариот завет од Бог-континуирано, без празни простори меѓу зборовите.
-Се додава секоја 4., 12. или 50. буква за да се формира збор.
-Се прескокнуваат Х места, и нови Х места и уште еднаш Х места и тајната порака се појавува.
Компјутерот пребарува пораки со имиња, зборови и фрази скриени во кодот. започнува со првата буква и тогаш бара по секоја можна комбинација. Ги проверува сите секвенци со прескокнување од една, две, три...илјада букви. Откако ќе го пронајде клучниот збор(на пр. некој политичар), компјутерот бара релевантни информации(имиња, места, датуми). Кога се’ ќе пронајде, тогаш заедно ги декодира, а резултатот го сведува на два теста:
-Прво, колку блиску се појавуваат зборовите еден до друг и
-Второ, дали секвенците(прескокнувањата) се најкратки.
(Релевантните зборови се појавуваат верикално, хоризонтално и дијагонално).
"Star at the first letter of the paragraph below, skip every three letters and the code is explained"
"Rips ExplAineD thaT eacH codE is a Case Of adDing Every - fourth, twelfth or fiftieth letter to form a word."
By looking at the capital letters which are spaced three letters apart it is possible to see the hidden message which in fact is READ THE CODE
.

Пример:
Рипс: -„Побаравме од компјутерот да трага по Saddam Hussein.Тогаш ги проверивме релевантните зборови до кои дојде дали математички кореспондираат. Со неговото име ги добивме следниве зборови: Војна на Заливот, датата на почетокот на војната како и руски проектили.
Со името на Бил Клинтон се појави зборот „претседател“; со Хитлер-„нацизам“; со Кенеди-„Далас“.
Овој експеримент според Рипс успева само со Библијата и со ниедна друга книга.

The Bible Code (1997) е светски бестселер, книга на Michael Drosnin, кој во самиот вовед на книгата за се вели: „Јас не сум рабин, ниту свештеник, не сум ни библист. Немам предубедувања туку само еден тест-вистината.“
Дроснин за прв пат се сретнал со Рипс, Јуни, 1992г. Наместо да ја отвори Библијата, Рипс го вклучил компјутерот:
„Се’ што било и што ќе се случи, е запишано во Тората, од прв до последен збор. И тоа не само во генерална смисла, туку во секој детал, за секое лице, секоја индивидуа, од раѓањето до физичкиот крај...“
Две години подоцна, Дроснин летал за Ерусалим на состанок со близок пријател на премиерот Yitzhak Rabin. Му предал писмо со содржина:
„Израелски математичар откри скриен код во Библијата кој открива детали за настани што се случиле илјада години од пишувањето.
Причината зошто ова ви го говорам е фактот што Вашето име само еднаш се појавува декодирано. Вертикално е пресечено со зборовите:
„Убиецот кој ќе убие“. Немојте ова да го игнорирате. Убиствата на Кенеди и Anvara el Sadat се исто така декодирани во Библијата. Во случајот на Садат, беше декодирано и името и презимето на убиецот, датумот на убиството и местото и начинот на извршување....Мислам дека сте во вистинска опасност....“
На 4. Ноември 1995г пророштвото се исполнило: Рабин бил убиен.


Дроснин: „Пред атентатот никој не можеше да го пронајде името на убиецот ни точниот датум. Но, по настанот, го пронајдовме името „Amir“ кое одсекогаш било тука, точно над името на Рабин. Дури, зборовите „името на атентаторот“ се појавуваат во оригиналниот текст(некодиран).Во истиот пасус, скриениот текст вели: „Тој ќе го убие премиерот“. Понатаму, се идентификува како „Израилец, кој убива од близина“. Библискиот код покажува кога и каде тоа ќе се случи: „Во годината 5756“, хебрејската година која почнува во Септември 1995, а е прекрстено со зборовите: „Tel Aviv“ и „убиството на Рабин“. „Amir“ се појавува на истото место.

...Дали Рабин или Кенеди би можеле да бидат спасени од атентаторскиот куршум? Па дури и предходно да беа откриени Амир и Освалд во Библискиот код, дали ќе можеше да бидат спречени? дали постои некоја друга веројатност?-Доколку атентаторите беа фатени а Рабин и Кенеди-живи?
Прашањето е: дали Библискиот код ни го говори она што ЌЕ СЕ случи или пак она што МОЖЕ да се случи? Дали претставува ЕДНА однапред одредена иднина или пак ги предвидува СИТЕ МОЖНИ иднини?
Физичарите се заглавени во оваа дебата...
Ствен Хокинг: „Сигурно не може точно да се предвидат идните настани ако не може точно да се измери ни сегашната состојба на Универзумот.“
Повеќето научници веруваат дека Принципот на неодреденоста е фундаментален: не постои една иднина, туку многу можни иднини. Хокинг тоа го изразил на свој начин: „Квантната механика не предвидува еден дефинитивен резултат за една опсервација.Наместо тоа, таа предвидува еден број различни можни резултати, и ни говори колку е веројатен секој од нив.


Дали Библискиот код, исто како и квантната физика ги претставува сите можности?
А најголемиот научник на нашето време, Ајнштајн, никогаш не прифатил дека Универзумот е управуван по случаен принцип: „Квантната механика сигурно се наметнува, но еден внатрешен глас ми говори дека таа теорија ни говори многу, но не не’ доближува ништо повеќе до тајната на „Оној Стариот“.Бог не си игра со коцки“

ЗАПЕЧАТЕНА КНИГА


Две големи библиски апокалипси, книгата на пророкот Даниил во Стариот завет и Книгата на Откровението во Новиот завет, претскажуваат ужаси без преседан, кои целосно ќе се откријат кога ќе се отвори една тајна книга до „Крајот на своите дни“.

„А ти, Данииле, сокриј ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; Мнозина ќе ја прочитаат и знаењето ќе се умножи“. 12.4.
ЈАГНЕТО ЈА ЗЕМА КНИГАТА СО СЕДУМ ПЕЧАТИ
1. И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книга напишана одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.
2. И видов силен ангел, што викаше со висок глас:
„Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“
3. И никој не можеше, ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту пак да ја гледа.

Во овие стихови исак Њутн го барал кодот. Во Библискиот код, претскажувањето со „крајот“ се поклопува со „атомски холокауст“ и „Светска војна“.
Ако Библискиот код е реален, тој може да има само една цел: да го предупреди светот за страшната опасност. А опасноста сигурно е тука некаде близу, штом кодот е пронајде, книгата отклучена.


Некоја интелигенција која што можела да ја види иднината-ја кодирала Библијата. Оваа интелигенција знаела за опасноста, и затоа го дизајнирала кодот на начин кој би можел да биде пронајден со технологијата која ќе постои во тоа време.
Библијата била запечатена со еден вид временски клуч, која не можела да биде отворена се додека не бил измислен компјутерот.
Дали навистина е отворена „запечатената книга“?
дали навистина е започнат Судниот ден?
Ако Библискиот код е предупредување, од каде доаѓа? Самата Библија вели дека Бог е авторот, дека тој му ги диктирал оригиналните 5 книги на Мојсие: „Му рече Господ на Мојсие, искачи се на планината кај мене, и ќе ти дадам плочи од камен, и Тора.“
Тоа била возбудлива средба: Во раноутринската тишина во пустината, одеднаш се чула страшна грмотевица и црната планина се осветлила со експлозивен блесок. Големи пламени се извивале од врвот на планината, како самиот врв да бил запален, а целата пустина започнала да се тресе.
разбудени од бучавата и тресењето, 600 000 луѓе, жени и деца излегле од своите шатори и гледале престрашено во планината. Одеднаш се чул глас: „Мојсие, качи се на врвот на планината.Таму, на Синајскиот врв, Мојсие го чул гласот на Бог кој му ги дал 10. заповеди и му ја диктирал книгата која ние ја нарекуваме Библија.
На местото каде Бог вели:„Гледај, направив завет пред целиот твој народ дека ќе правам чуда“-кодот вели:„компјутер“. Зборот „компјутер“ (’мисла’ на хебрејски) се појавува 6 пати...


Астрономот Карл Саган еднаш забележал дека ако постои друга интелигенција во Универзумот, некоја од нив сигурно се развила пред нас, имала илјади, или милиони години да развијат една напредна технологија која ние дури сега почнуваме да ја развиваме.
„Луѓето постојат повеќе од 20 000 века, но радиото го имаме само 50-тина години. Ако некоја цивилизација е зад нас, веројатно се многу зад нас за да имаат радио. Ако се пред нас, веројатно се далеку пред нас....“
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Јас ќе напрам код од Зоки Поки и ќе бидам интересен после. А колку треба да биди популарен некој човек за да влези во кодот на библијата ? И од друга страна по милијарда години ќе снема букви во библијата и чаре ? Ќе се раѓат други познати личности а сите букви ќе бидат искористени. Такви комбинации има милион ќе земам едно име и ќе ги барам буквите шо ми требат и ќе речам ја земам шестата па после триесеттата па после 55 тата а таа е комбинација од 30+25 а 25 се добива како 30 - 30/6 итн. Историјата на човештвото можи да ја смени секоја една будала, а со такви комбинации ќе добиеш милион имиња и оди барај ги сите.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Мене ме чуди зошто тоа директно не ни го соопштиле преку светото писмо туку не мачат со кодови истиот принцип за манипулација и билдање на банкарски акаунти е применет во Кодот на Де Винчи само сега за референца е земен Исак Њутн веќе видено и проверено од Ден Браун.

Ајнштајн е извлечен од контекст и никогаш не верувал во Бог барем не онаков како го апстрактира Библијата основите на квантната физика се во веројатности Шрединдеровата мачка ги доловува до некаде ама апсурдно е да се земе дека постои Бог процентотот на веројатност дека постои Бог кој ги напишал 10 заповеди и Библијата преку негови гласници е минорен скоро никаков.

Хокинг го порачав деновиве и очекувам да ми стигне во секој момент ама највероватно и тој е извлечен од контекст за да се добие илузија дека оваа теорија е на цврсти нозе.

Изгледа на повидок е уште една фикција слична на Ден Браун само сега извесен Дронсин е во прашање кој си вади конклузии од ракав и ја искористува квантната физика за собирање верни читатели.
 
B

BELIEVE ME

Гостин
sexilicious007
JAS VERUVAM VO BIBLISKIOT KOD
SAMO AKO MOZES DA MI JA PRATIS TAA KNIGA
MNOGU ME INTERESIRA OVAA TEMA
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
sexilicious007
JAS VERUVAM VO BIBLISKIOT KOD
SAMO AKO MOZES DA MI JA PRATIS TAA KNIGA
MNOGU ME INTERESIRA OVAA TEMA
Ја имаш бо библиотеките пред 12 години е излезена книгата, случајно ја најдов меѓу постари книги... Иначе ја немам купено али ми се допадна така да прва прилика кога ќе ја купам ќе те известам :smir:
 
B

BELIEVE ME

Гостин
Ја имаш бо библиотеките пред 12 години е излезена книгата, случајно ја најдов меѓу постари книги... Иначе ја немам купено али ми се допадна така да прва прилика кога ќе ја купам ќе те известам :smir:
EPA KAKO VIKAS IMA JA NA KNIGA
A KAKO NELI TREBA VO PC DA JA IMAS
PA DA MOZES DA GI VADIS ZBOROVITE SO SAKAS DA VIDIS SO ZNACAT
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
EPA KAKO VIKAS IMA JA NA KNIGA
A KAKO NELI TREBA VO PC DA JA IMAS
PA DA MOZES DA GI VADIS ZBOROVITE SO SAKAS DA VIDIS SO ZNACAT
Книгата е кај мене само што е земена од библиотека и треба да се врати за едно 10тина дена не е лично моја... Е сеа во овој пост имам извадено готови работи и преку интернет (само што се преведени), дел од википедија и од други сајтови затоа имам и ставено линкови.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Bible Code 2: Apocolypse and beyond part-1





Ја верувам во овој код и со ова се докажува дека библијата е пишувана од господ бог.

на приемр за да видиме дека некоај пара е оргинал го гледаме водениот знак што не се гледа, исто така овој код е доказ дека госпдо бог не би бил бог ако не знае однапред што ќе се случи.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Колку што се сеќавам кодот сеуште не е откриен, но читањето на книгата ме упатуваше на заклучок дека кодот е во човечката ДНК. Незнам дали некој исто размислува како мене. Писателот постојано се труди дфизички да го пронајде кодот?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Колку што се сеќавам кодот сеуште не е откриен, но читањето на книгата ме упатуваше на заклучок дека кодот е во човечката ДНК. Незнам дали некој исто размислува како мене. Писателот постојано се труди дфизички да го пронајде кодот?


Да ви кажам искрено малку се сомневам во ова зашто гледам дека им излегло дека муслиманите ги срушија кулите близначки а се гледа денес од многу докази дека тоа не е вистина и дека се знае кој стои позади тој напад. И затоа сега малку со резерва го прифаќам ова.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Да ви кажам искрено малку се сомневам во ова зашто гледам дека им излегло дека муслиманите ги срушија кулите близначки а се гледа денес од многу докази дека тоа не е вистина и дека се знае кој стои позади тој напад. И затоа сега малку со резерва го прифаќам ова.
Те разбирам но Ал каеда се огласи јавно дека стои позади акциите...
 
A

ateist

Гостин
Прашањето е: дали Библискиот код ни го говори она што ЌЕ СЕ случи или пак она што МОЖЕ да се случи? Дали претставува ЕДНА однапред одредена иднина или пак ги предвидува СИТЕ МОЖНИ иднини?

Некоја интелигенција која што можела да ја види иднината-ја кодирала Библијата. Оваа интелигенција знаела за опасноста, и затоа го дизајнирала кодот на начин кој би можел да биде пронајден со технологијата која ќе постои во тоа време.
Библијата била запечатена со еден вид временски клуч, која не можела да биде отворена се додека не бил измислен компјутерот.
Дали навистина е отворена „запечатената книга“?
библијата самата го кажува начинот на декодирање нема тука што за се измислува топла вода

ТОЧНО !
ИСТО КАКО И КУРАНОТ СЕ ПИШУВАНИ ДВОСЛОЈНО
А ТАА ДВОСЛОЈНОСТ СЕ РЕШАВА
И Е ВЕЌЕ РЕШЕНА ............

еден ИСТ клуч ги решава одеднаш и библијата и куранот

еве :

......АНГЕЛСКИОТ РЕЧНИК НА ЗАГАТКИТЕ ................

2 Коринќаните 13 ред 1..........
Ако зборувам на човечки и АНГЕЛСКИ ЈАЗИЦИ.................

Книга Мудрост Сирахова 39 – ред 3.........Тој го проучува сокриеното значење на зборовите и се бави со тајните на загатките .

БИБЛИЈАТА НА МНОГУ МЕСТА ИЗГЛЕДА ПРИВИДНО КОНТРАДИКТОРНА И НЕЛОГИЧНА НОООООООООООО
ТОА Е ЗАТОА ШТО ИМА ЗБОРОВИ КОЈ ИМАТ СКРИЕНО ЗНАЧЕЊЕ
И СЕ ДАДЕНИ ВО ВИД НА ЗАГАТКИ . СЕКОЈ НАЈДЕН ЗБОР АКО ТОЧНО СЕ РЕШИ КАДЕ И ДА СЕ УПОТРЕБИ ВО БИБЛИЈАТА СЕ СИ ДОБИВА СМИСЛА ВО СЕКОЈ ДАДЕН КОНТЕКСТ .

Пример зборот – проклет занчи Дисквалификуван од трката за вечен живот



Еве примери од тема видливиот бог

--има образи...чесност , кредибилитет
--има уши----слух за потреби и проблеми на друг, разборитост
--има нос---моќ да насети нечји намери ...Павле- “ние сме благопријатниот Божји мирис”..подосливост ..кога ќе речеш “со тој /таа/тие не се мирисаме многу”

-има чело –гордост , самопочит
--има и очи --- моќ на согледување , предвидување....Павле- “тие се или слепи или кусогледи”…..еее сигурно не мислел да им препишува диоптер за наочари
--а и гладен сум----се хранам со мотивации.....Павле –“вашата трпеза на љубовта”.....Христ- “јадете од моето тело”

--и жеден сум ----пијам информации (знаења) ...(нели проток на информации)..е со ваква “вода” крштавал Јован.........зборови од ангелски речник...вода-информираност, воздух- инспирираност , земја –дефинираност....од овие елементи бил создаден Адам
--имам и бубрези...исфрлам отфрлам вишок непотребни информации
-имам и срце –чуствено мисловно емоционална насоченост ,посветеност,очекуваност

-- е да имам и крв ---искуствено емоционално прихранувачки мотивации...нели а Мојсеј –“душата на човекот-личноста е во крвта” ама не во биолошката туку во оваа на личноста....а веќе ја дефиниравме... ДЕФИНИЦИЈА

Душа е способност можност на умно разумните битија да креираат/ создадат сопствени Вредносно емоционални критериуми / системи и тоа
а ) во однос на себе - " физичко тело треба да се негува колку да функционира " – Павле- а треба да се надградува личноста
б) во однос на други луѓе , општство во кое (не) живее , своја или други заедници на луѓе итн
И овој збор доаѓа од ангелски речник и лесно се решава " зла душа (злонамерна) , добра душа( добронамерна ) , ситна душа , бездушник ,о ,а " итн....


-- е да имам и бели дробови дишам----капацитетен сум можам да разберам и бидам инспириран од дух-идеал..и ова го дефиниравме... ДЕФИНИЦИЈА
Способноста / можноста умно разумните битија да ( тежнеат да ) вршат свесно планирани активности се нарекува дух

--имам и желудник---смисливост , незамисливост, не/прифатливост
--коски---оформен непроменлив карактер...(стара коска) Павле- “вашето да дабиде да и не да биде не”....имам и рбет- кичма...знам да стојм исправено со елементарно достоинство
--ма имам и плеќи----го издржувам товарот на времето,(бремато) , борбата..
--даа имам и мускули----сила на аргументи , аргументираност , поткрепеност со докази..
--и жили---издржливост, отпорност на надворешни тешкоти во животот
--ма имам и раце---можам да допрам до чувства , емоции на други луѓе...можам да ги засегнам
--ехе имам и нозе---се движам по патот на мирот, прогресот, развојот .. или накаде сакам
-колку сум висок (голем)?--- епа толку колку ми пораснала општествената свест (Светиот дух)
--солен сум – пристрасен.....Хр –“бидете солени”….
--И благ сум----доброчуден , добронамерен , пристоен , пријатен и културен ......ама кога сакам
--е да имам и црн дроб – сите отровни нформации, труење со туѓи злонамерни пропаганди тука ги разложувам до непостоење и безопасност
--понекогаш сум топол –приемчив ,контактибилен , сакам да сослушам и разберам други
--ее некогаш сум студен ---одбоен , неконтактибилен , немам разбирање за други...... и Хр вели во Откровение3-ред 16....”и бидејќи си млак (опортунист) и не си ниту жежок ниту студен, ќе те изблујам (исповраќам)од Мојата уста”
--а се родив пред неколку години ....бев задоен со идеологија (слово-докрина )..оти ...апостоли –“во Бог нема машко или женско “…ама Бог го создаде машкото и женското.........”машкиот и женскиот капацитетен идеалист ги создаде”........машкиот кој расте до критично ниво зрелост кога може да даде пример и да го импрсионира со дела или моќ на убедување (со тоа станува Господ – создавач) женскиот дораснат возрасен идеалист да го инспирира вдахнови оплоди така што ....апостоли – “Стариот човек личност ќе мора доброволно да си оди (“умре”) а да се роди (по дух – идеал) Новото Создание -Личност”..е вака бестелесно се родил и Исус………..Павле на возрасни луѓе им се обраќа-“ ве хранам со течна бебешка(идеолошка) храна”…..хааха....сигурно не биле без заби.....и Павле – “да ве омажам за Христос”..а им се обраќа на мажи и жени.....идеолошка пенетрација.
--е сега пораснав “затанав на свој нозе”-моќ за самостојно одлучување и преземње одговорност
--тежок сум----за убедување
--имам прсти-вештост, умешност
--имам и стапала и зглобови –ми даваат стабилност(во саморазвојот) и можност за одредено маневрирање..и не сум бос (имам знаења)
-- итн итн .....друго кој сака може сам да си најде....повекето и се напишани во библија , дури таму и објаснети ...треба да се “копа” бара оти се на различни места напишани.

..
.
.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=34818&page=3

Мене ме чуди зошто тоа директно не ни го соопштиле преку светото писмо туку не мачат со кодови истиот принцип за манипулација и билдање на банкарски акаунти е применет во Кодот на Де Винчи само сега за референца е земен Исак Њутн веќе видено и проверено од Ден Браун.
Еве го ДОКАЗОТ ДЕКА И КУРАНОТ Е ПИШУВАН СО АНГЕЛСКИОТ РЕЧНИК НА ЗАГАТКИТЕ

Сура 18 Ел- Кехф Џуз 15

ред 57 - И кој е поголем зулумќар од оној кој , кога ќе се спомнат ајетите на Госодарот негов , е рамнодушен кон нив , и кој заборава она што го направија рацете негови . Врз СРЦАТА НИВНИ НИЕ ИМ СТАВИВМЕ ЗАВЕСА ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ КУРАНОТ А ВО УШИТЕ НИВНИ ТЕЖНА . И ако ги повикаш кон Патоказот , тогаш , за навек не ќе се упатат.
.
.
.
Јован: 12:40 Им ги заслепи очите, и им ги скамени Срцата; за да не гледаат со очите, за да не РАЗБИРААТ СО СРЦЕТО ; и за да не се обратат - и да не ги излечам.”
.
..
.
Излез: 34:34 Кога влегуваше Мојсеј пред Господа, за да разговара со Него, го симнуваше ПРЕВЕЗОТ додека не излезеше пак. Кога излегуваше да им каже на Израелците што му е наредено,

2 Коринтјани: 3:13 и не сме како Мојсеј, кој ставаше покривало на своето лице, за да не го видат Израелевите синови свршетокот на она што се отстрануваше.

14 Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото ПОКРИВАЛО при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа.

15 И така до денес, кога го читаат Мојсеја, ПОКРИВАЛОТО им лежи на нивното СРЦЕ .

..
ДЕФИНИЦИЈА :
Срце = збор од Ангелскиот речник на загатките што означува Чуствено Мисловна Емоционална насоченост , Внимание , Преокупација , Разбир- Разборитост ,
.
.
.
..

Римјаните: 11:8 како што е напишано: „Бог им даде дух на мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.”
.


Јоил: 2:13 Раскинете ги Срцата, а не своите облеки! Обратете Му се на Бога, вашиот Бог, зашто Тој е добар и многумилостив, Тој ќе се сожали на бедата.

Малахија: 4:6 Тој ќе ги обрне Срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.”

Лука: 1:17 Тој ќе врви пред Него во Илиевиот дух и сила, за да ги обрати Срцата на татковците кон децата; а непокорните кон мудроста на Праведниците, и да Му приготви на Господа совршени луѓе.” --- збори за Судијаа на Совесноста

Еремија: 17:10 Јас, Господ, ги истражувам Срцата и ги испитувам бубрезите, за да му дадам секому според неговото поведение, според плодот на неговите раце.

Псалм: 4:4 Треперете и не грешете; Размислувајте во Срцата, на вашите легла, и молкнете.
7:9 Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш Срцата и внатрешноста.
10:17 Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво:
31:24 Бидете храбри и Тој ќе ви ги укрепи срцата, сите, кои се надевате на Господа!
33:15 Тој им ги создаде Срцата на сите и внимава на сите нивни дела..
.
.

ДЕФИНИЦИЈА :
СУЕТА е земски дух- идеал на смртните луѓе кој неверуваат во вечен живот , не веруваат ниту во Бог ,( ниту во Христос – бесмртната личност ),како и на сите неверници , лажни верници , декларативни верници , измамници , па затоа тежнеат да остават што поголеми траги – докази за своето постоење низ времето на земјата со ....деца , земја , пари, капитал или Достигања по кој ќе ги запаметат другите луѓе ( суетна слава ) во војни , бизнис , политика , итн итн .

Е ова е дефиницијта за суетност . И според оваа дефиниција се одредува степенот на (без)суетност на секој поединец ,на секој Закон какви меѓучовечки односи регулира , општествено уредување , достигнат степен- ниво на општествена свест кај секој поединец или генерално во општеството ..

.
.
ТОА Е ( Суетата ) земски-Смртен Дух-идеал кој Бог им го дава на тие што ги казнува

Второзаконие: 29:4 Ама Господ не ви даде до денес разум за да сфатите, очи за да гледате, ни уши за да слушате.

очи заслепени од од земски богатства

уши што освен нивен интерес не слушаат ништо друго

разум.....да не водат сметка за чуства на други луѓе , да ги уценуваат Угнетуваат
.
.
Евангелие по Јован
38 за да се исполни словото, што го рече пророкот Исаија: „Господи, кој и поверува на нашата проповед? И кому му се откри Господовата рака?”

39 Затоа не можеа да веруваат, зашто Исаија уште рече: „

40 Им ги заслепи Очите, и им ги скамени Срцата; за да не гледаат со очите, за да не разбираат со срцето; и за да не се обратат - и да не ги излечам.”.
.

..
инаку во речници се наоѓа слична дефиниција :

Суета :славољубие , алчност за слава ,за почести
Суетен :славољубив-а , болна амбиција , алчност за сопствено истакнување .

.
.
.
Римјаните: 11:8 како што е напишано: „Бог им даде Дух на Мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.”


Марко: 7:6 А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното Срце е далеку од Мене;.
.

.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=34818
 

Hatred

save.exit.planet
Член од
17 мај 2010
Мислења
83
Поени од реакции
4
прочитав дека било пробано и со други книги ама не успеале шо не верувам зошто во секоја книга со миљон зборови може истото да се изведе и да споиш шо сакаш...ваљда
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
365
Поени од реакции
152
Не сум многу компетентен за темава, но би сакал да додадам нешто што не го сретнав досега. Јасно е дека библијата е пишувана во параболи и други стилски фигури, но кодот што и дава толку големо значење и ја прави света книга е кабалата. Вистината која се дознава со овој клуч е само за иницираните.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom