Безполово (Genderless) дете

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Детето не е бесполово, секако дека си има пол.
А родителите, обидувајќи се да постигнат некаква поента која е толку плитка и небитна, им го уништуваат животот на своите деца.
 
D

Daedalus

Гостин
Ако машкото дете стварно сака розеви алишта или фустани, тоа не докажува дали се идентификува како женско или не.
За облеката се слагам комплетно и мислам дека е само општествен фактор кој одредува која облека е машка, а која женска.
Од некои наменски причини, некои облеки се сметаат за женски исто така. На пример штикли се смислени зошто по природа, женските најчесто се пониски од машките и сакаат да се повисоки.
Такви ствари се ок, али килтови кај машки и женски со панталони ни укажуваат на општествената компонента у облекувањето, а бојата ко боја, не глеам како една боја би била попреферирана од еден пол, а друга од друг.
Пуно жени на пример мрзат розева и машки носат розеви маички и кошули (бар еден период беше хит тоа).

За мењање на пол и слично, тоа се живи глупости. И покрај новите 1000 поделби на полови, генетски сем некои мутации кои не се ни нормални варијабили у природата, пол не можеш да смениш. Можеш да смениш изглед, можеш да се идентификуваш како сакаш, да вадиш/ставаш полови органи, да ставаш силикони, али пол не мењаш па што сака нека биде. Бар сеа за сеа со оваа технологија.

На страна од тоа што несигурноста во сопствениот пол може да доведе до многу дисфункционалности и стресови за време на пубертет и послем тоа кога на Сторм ќе почне да му расте вуна и ќе почне да приметува девојчиња (ако не е геј), а на таа без пол ќе почнат да и се допаѓаат момчиња, ако не живеат изолирани у шума, без телевизор, интернет и 10000 други ствари кои ќе им се портал кон светот.

Иако првичната поента на родителите е да не постои притисок врз децата за тоа како ќе се осеќаат, а не да им наметнат на децата што ќе бидат, што значи дека ако знаат што прават ќе им објаснат зошто едниот има туле а другата нема. Не можеш ти да се бориш за слобода и диверзитет, а да не му дадеш на детето интернет, слобода на размислување и да го пуштиш да дружи со другите деца, пошто ако го праиш тоа, не си ништо подобар од догматското општество од кое го криеш и изолираш, дури си и бетер фанатик.

Сигурно нема да им кажат дека тулето на Сторм е само општествена компонента која става граници и полови. Самата природа и потреби ќе им бидат контрадикторни со погледите на нивните родители. На крај краева сите сме социјални битија, не можеш да изолираш луѓе од општеството пошто ти прднало дека едукативниот систем, родовите поделби и сите останати ствари се срање и заостанати.

Тоа со едукативниот систем им е жива глупост. Сите сме учеле у школо, основно, средно и кој отишол на факултет и даље. Не знам како едукативниот систем би им шкодел. Ликовите сакаат да глумат анархо хипици и да живеат у шума за да се спојат со природата што е сасим ок се додека не влијае на социјалниот живот и самодовербата на децата, што верувам јас лично иако не сум сигурен скорс, дека ќе влијае. Не може да ги чуваат под стаклено ѕвоно и да ги изолираат од другите луѓе. Утре ќе треба да се социјализираат, ќе се соочат со суровата реалност на полова поделба, нееднаков третман и разликата на идеологии и мислења што ќе ги боли и ќе имаат потешкотии да се вклопат. Можеби и нема да се случи тоа, времето ќе покаже дали нивната одлука е рационална или не.
 
Последно уредено од модератор:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
А од мало ако му наметнувам на детето флизура ко на Анштајн, ќе излезе ли од него научник.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.279
Поени од реакции
27.744
Ќе стасаат до пубертет и нема да биде повеќе тајна.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Амам веќе од овие хипстерски комплекси ала "премногу сум модерен".
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
A zosto ne pocnat da im davaat i gomna mesto mleko ili plasticni sisinja pa da bidat opstestveno korisni?
jas mislam deka ova se bolni umovi zelni za vnimanie.
I jas imam sin pa bara ponekogas rozevi i crveni igracki i ne mu zabranuvam nit go sprecuvam ama ova e nekoja nova moderna bolest
 

Kajgana Shop

На врв Bottom