BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
Денес дознав за ова, и ми се виде како интересна дискусија.
Kathy Witterick и нејзиниот партнер Derek Stocker, кои живеат во Торонто, донеле одлука да не го откријат полот на нивното 3то дете Storm. И после 3 години од раѓањето, само мал број на луѓе го знаат полот на Storm, меѓу кои се и нивните 2 други деца, Jazz и Kio. Тие велат дека само сакаат да го заштитат детето од преокупацијата на општеството со родови правила.
„Кога се раѓа детето, дури и оние кои те сакаат најмногу и те знаат многу добро, првото прашање што го поставуваат е „машко или женско?“.“ - вели Witterick.
„Ако навистина сакаш да запознаеш некого, не го прашуваш што има измеѓу нозете.“ - вели Stocker.
Семејството, исто така, практикува unschooling (нешколување?), што значи дека нивните деца не одат во школо, нити пак родителите ги тераат да учат дома. Тие веруваат дека учењето треба да биде управувано од љубопитноста на детето.
Во моментов живеат во шума во куќа од слама, која што ја изградиле самите со помош на некои пријатели. Тие велат дека децата за време на градењето научиле мерење и математика, како и за различни видови на дрва и како да готват за голем број на луѓе без струја.
Исто така, родителите им дозволуваат на своите деца сами да си бираат облека уште од кога биле 18 месеци. Нивните постари машки деца, Jazz(8 години) и Kio(5 години), веќе си играат со ограничувањата на половите и бираат облека и од машките и од женските делови во продавница, двајцата ги сакаат розевата и виолетовата боја, и двајцата имаат долга коса. Ако некој им се обрати во женски пол, родителите не го исправаат, туку оставаат на децата да се изјаснат.
Jazz од секогаш преферирал фустанчиња и типични „женски“ работи. Сега Jazz сака да и` се обраќаат со женски пол и родителите тоа го почитуваат. Всушност, тоа и било причината за одлуката да не го откриваал полот на Storm. Тие веруваат дека кога ќе дојде правото време, Storm ќе си одлучи.
(од лево кон десно Jazz, Storm, Kio)
Многу луѓе не се согласуваат со нивната одлука. Некои велат дека ги наметнуваат своите политички и идеолошки вредности на едно новороденче. Некои дури ги обвинуваат и за спроведување на социјален експеримент над нивните деца. Но, Witterick и Stocker веруваат дека им даваат слобода на своите деца да бидат тоа што сакаат да бидат, без да бидат ограничени од страна на социјалните норми за мажи и жени.
„Ако пол е она што е меѓу нозете, а род е она што е меѓу ушите, ниеден од нас не е збунет за било кој од нашите деца. Првото го имаат веќе, а за второто не се чини дека имаат било какви проблеми со изразувањето во лицето на една култура која се чини дека сака да ги избираат боите, облеката и фризурите кои одговараат на нивните приватни делови.„ - вели мајката.
Има уште многу да се каже за фамилијата и нивните погледи на светот, меѓутоа мене ме интересира што мислите за нивната одлука околу децата? Дали се согласувате со нив? Дали и вие така би ги одгледувале вашите деца? Или мислите дека не е во ред? Зашто да, зашто не?
Доколку сакате да прочитате повеќе, тука, тука, тука и тука.
Јас мислам дека е многу интересен начин на размислување. Сигурно не е лесно да се справуваат секојдневно со луѓе кои не сфаќаат како и зашто го прават тоа, и за тоа им пружам рака. Не верувам дека би го одгледувала моето дете вака, и тоа морам да признаам заради мене и сите околу мене. Меѓутоа ми е мило што ете некои имаат храброст и верувам дека ако повеќе би го правеле ова, дека дискриминацијата би била каде каде помала.