S41Sот е со xpg3 диоди, намерно одбран така, и не е најдобар во тој поглед, односно диодите се прилично обични со околу 60-70CRI.
Инаку имам 219B 5000k 90CRI во BLF348 и две 219C 4000k 90+CRI во Convoy S2+ и C8, е овие вториве се лудило, неверојатно нешто. Кога осветлуваш нешто скоро и да нема разлика во боите споредбено со сончева светлина, дури од прва малце ме збуни не очекував толку добар приказ на бои, секој друг извор на светлина изгледа лошо споредбено со овие.
Следно нешто што ќе склопам ќе биде Convoy S2+ со три 219C 90+ CRI диоди, само чекам да искочи некоја нова боја од лампата.