Бактерија Листерија?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
19.833
Поени од реакции
15.767
И сега?
Откриен изворот на листерија

06.08.2014 17:04

Бактеријата е пронајдена во чаден свински врат на месната инустрија Екстра Меин од Куманово...





Здравствените власти го открија изворот на Листерија. Бактеријата е пронајдена во чаден свински врат на месната инустрија Екстра Меин од Куманово.

„Испитувањата на вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат. Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98% се совпаѓаат со оние најдени кај 8-те раболени од листериоза“, изјави професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.

До вечер ќе бидат повлечени сите сомнителни продукти на оваа домашна фабрика, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевки.

Од листерија досега починаа четворица.

http://www.mrt.com.mk/node/12574
Аууу, не фала.
Генетичките профили на листерија од овој производ во 98 отсто се совпаѓале со оние најдени кај осумтемина разболени од листериоза, од кои петтемина починаа.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Генетичките профили на листерија од овој производ во 98 отсто се совпаѓале со оние најдени кај осумтемина разболени од листериоза, од кои петтемина починаа.
Ме интересира што ќе се превземе.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.833
Поени од реакции
15.767
Ме интересира што ќе се превземе.
pa ti pišuva, odredena količina produkti će se povlečat i uništat i će ispituvaat dali listerijata e od mesoto ili vo procesot na proizvodstvo e navlezena ... pak da povtoram, mislam deka ova e tabu tema, slićno na aflatoksinot, vo Srbija ima straoten pritisok da se dozvoli 10x poveće od EU normite, poradi poplavite. Po mene prašanjeto e fundamentalno, dali sakame kvalitet ili kvantitet. Ako se odlučime na prvoto, će treba za sekoe proizvodstvo na hrana da ima strogi kvoti, ne kako dosega proizvedi kolku možeš, a će ima i golemi korekcii vo prehranbenite naviki. Se razbira će ima silna kontrapropaganda, će ne ubeduvaat deka Listerija ima i vo ovošje i vo ovesni zrnca što gi jadat se poveće luđe. Se raboti za golema biznis mafija, skari, kafeani, svadbi, jadenje do besvest, lokanje golemi količini eftino pivo, razni pivofestti so turbofolk muzika... Zatoa sega brgu će se zaboravi Listerijata, će ne bombardirat so Ebolata...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.696
Поени од реакции
12.109
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.141
Поени од реакции
18.154
Која и да е фирмава што го труе народот, ако случајно платила/спонзорирала победник на избори, не се надевајте дека нешто ке се дознае или пак недај Боже осуди.
Чак што више фирмата и политичарите имаат ист интерес, да го иструјат и уништат овој народ, па немој да ви биде чудно и субвенции да му дадат на трујачот следната година.
У нормална држава да се прикрие вакво ЗЛО, народот прво ке го линчува трујачот а потоа и оние што го штитат, ама ние одамна овдека установивме дека нормална држава нити некогаш сме биле а нити ке бидеме.
Или пак Екстра Меин не спонзорирале победник, па од првично две фирми испадна само нивното име јавно.
Инаку, прееска купив свински врат од Екстра Меин :vozbud:Кој рече дека биле повлечени?
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Екстра меин: Во нашите производи нема листерија
Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија, се вели во одговорот на компанијата Екстра меин од Куманово.

Од компанијата тврдат дека од почетокот на годинава, според редовниот план за мострирање, земени се 158 мостри од производи и 112 брисови (69 од машини и работни површини и 43 од работници). Сите добиени резултати се нагативни на присуство на каква било бактерија.

”Не е можно од нашата компанија да излезе термички необработен производ. Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што загарнатирано ја уништува бактеријата листерија.. Дополнително, компанијата подлежи на константни контроли на квалитетот на производите и го има имплементирано и спроведува HACCP системот за контрола на квалитет. Поседуваме редовен план за мостирање на готов производ, согласно со законските прописи, редовен план за земање на брисеви, како и сопствен систем за контрола со помош на уред кој детектира присуство на органска материја. Трите вонредни контроли во нашата фабрика во изминатите десет дена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство на целокупната HACCP документација и хигиенотехничките норми во објектот не покажаа никакви неправилности. Сите земени брисови и мостри од Екстра Меин се негативни.” – изјавија од компанијата, од каде што и најавија дека ќе побараат суперанализа од Агенцијата за храна и ветеринарство за наведениот производ, во реномирана светска институција, како на изолат, така и на типизација.

Менаџментот на Екстра Меин посочува и на фактот дека мострата со бактеријата е пронајдена во производите во малопродажен објект, за кој компанијата не може да гарантира на кој начин биле чувани производите, дали била можна девакумација на истите и дали во тој случај тие дошле во контакт со други производи кои ја содржеле бактеријата.

”Ние како компанија ќе ги почитуваме препораките на АХВ и Министерството за здравство и активно ќе соработуваме со нив се до откривање на вистинскиот причинител на болеста. Стоиме на располагање на сите заинтересирани страни да им дадеме увид во комплетната документација, се со цел да се уверат во транспарентното работење на нашата компанија”, додаваат од Екстра Меин.

Запрени се погоните за производство на сувомеснати производи, а од маркетите се повлечени производите на оваа компанија. Продавницата на Екстра меин во Куманово е исто така затворена.

Која е компанијата што се занимава со производство на месна индустрија која се посочува како главен виновник за опасната листерија што одзема четири животи, а уште толку се заразија?

Кумановци велат дека станува збор за семејна фирма, со десетгодишно постоење во чии производи имале голема доверба. Сопственик е четириесетгодишниот Благоја Бјадовски-Бајдо. Неговиот татко ја основал фирмата, а по неговата смрт со неа стопанисува синот. Компанијата Екстра меин има голема мрежа на продажба, а нивните производи можат да се најдат во сите поголеми маркети во државата. И на нивната интернет страна стои дека работат според НАССР стандарди. НОВА го контактираше и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски. Тој изјави дека не знае што се случува, но нагласи дека Екстра меин е една од најдобрите компании за сувомеснати производи во земјата.

-Се работи за еснафска фирма која работи според НАССР стандарди. Знам дека често имаа инспекциски контроли и досега немало никакви проблеми, изјави Дамјановски за НОВА.

Градоначалникот Дамјановски нагласи дека семејството кое раководи со компанијата не е инволвирано во политиката и досега не се декларирале дека припаѓаат на некоја партија, си ја гледале само работата.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=15982

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.564
Поени од реакции
11.676
Бреееј, а баш во мојата населба Екстра Меин привршуваат со градежните работи околу отворање на нова месарница. :confused:
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.530
Поени од реакции
5.719
Не знам на колку време по правилник се вршат контроли и се земаат примероци од фирмите ама скоро 2 можеби и повеќе месеци немале поим.
Всушност пошто сеуште немаме соодветна лабораторија за испитување ниво на пестициди...
Само мало дополнување.
Во Македонија ИМА современа лабораторија
И се врши испитување на пестициди. Баш сите што се по европски уредби. Секој што извезува овошје и зеленчук во ЕУ ги прави овие анализи. И самата лабораторија е акредитирана од ЕУ.
Малку скапи се анализите што се по ЕУ стандарди
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.820
Лично сум правел муабет со месар кој ми кажа дека ставањето на печат на месотот е многу пати фарса,и дека лично тој многу пати видел како се удира печат на месото без да се направи анализа.

затоа оправдувањето на Екстрамеин не ми држи вода.

Кај нас факултетски дипломи се купуваат на невидено,а не пак сертификат за испитано месо
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Лично сум правел муабет со месар кој ми кажа дека ставањето на печат на месотот е многу пати фарса,и дека лично тој многу пати видел како се удира печат на месото без да се направи анализа.

затоа оправдувањето на Екстрамеин не ми држи вода.

Кај нас факултетски дипломи се купуваат на невидено,а не пак сертификат за испитано месо
Епа да, ама сепак тој производ е термички третиран нели? поради тоа што е димен, е сега ако има некој пупатен да каже на која температура се врши процесот?, Исто така зошто во Куманово нема ниту еден заболен?
Сепак можеби и случајов има политичка заднина, да се уништи една фирма, за да може да просперира друга...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Епа да, ама сепак тој производ е термички третиран нели? поради тоа што е димен, е сега ако има некој пупатен да каже на која температура се врши процесот?, Исто така зошто во Куманово нема ниту еден заболен?
Сепак можеби и случајов има политичка заднина, да се уништи една фирма, за да може да просперира друга...
или да се уништи опозициски градоначалник
 
Член од
7 август 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали е можно да се пријави некаде затоа што јадев месо од друга месарница и имав последици слични на оваа бактерија имам и месо да го носат во лабараторија :D ако знае некој?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.833
Поени од реакции
15.767
Епа да, ама сепак тој производ е термички третиран нели? поради тоа што е димен, е сега ако има некој пупатен да каже на која температура се врши процесот?, Исто така зошто во Куманово нема ниту еден заболен?
Сепак можеби и случајов има политичка заднина, да се уништи една фирма, за да може да просперира друга...
види во топикот, веќе наголемо некој пишуваа дека Мик Кавадарци е виновникот... всушност за мене се е лук и вода и замаглување... мене не ми е јасно како порано немало Листерија ?? ... а имало дестини други врсти болести... да не сега со хасапот ги уништија понеопасните бактерии па Листеријата доби сила ?? На времето, во 60-тите, чичкоми еднаш ме искара демек многу ги миам рацете со сапун, читал некаде што повеќе биле чисти рацете по лоши бактерии ќе се населат. Имаше сега, пред некое време дека во Шведска во градинките еден ден во неделата не им ги миат рацете на децата.
Инаку се сеќавам дека уште 70-тите, кога работев дипломска ( не од сточарство туку од техника, но во врска со ладењето); имаше уштетогаш во медиумите за бактерии што живеат во фрижидер и егзистираат и на ладно, не се сеќавам сега како се викаа, но не се зборуваше за 20-30% смртност и се работеше за бактерии на млечни продукти.
Покасно, во 80-тите ја открија и Бруцелозата, а колешка на работа кажа еден интересен случај... екипа ветеринари одела по прилепски и мариовски села и ги контролирала овците и козите... по неколку дена завршиле со работа, а си избрале 2-3 јагниња и јариња и последната вечер си организирале печење на ражен... по некое време целата ветеринарска екипа заврши во болница ...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom