Бактерија Листерија?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Добро може некој да објасни нешто повеќе за ова, сега гледам веќе 4-ца починати од нејзе. Изворот не се знае:
Три лица во Македонија починаа од бактеријата листерија која ја има во храната. Станува збор за лица на возраст од 72 и 59 години и едно новороденче.


Во последните 30 денови во Македонија се регистрирани седум случаи кај кои е потврдено присуство на бактеријата листерија. Пет од нив се со дијагноза листериозен менингитис или менинго енцефалитис, а две новороденчиња се со дијагноза листериозна сепса.

Од пријавените седум случаи, три завршиле со смртен исход, од кои еден на возраст од 72 години, вториот случај на 59 години и едно новородено дете.

Листериозата е бактериско заболување, кое најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија, како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, димена риба и друго.

Кај здрави лица со подобар имунитет, заболувањето поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареа или симптоми слични на грип. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени целзиусови).

Најчесто се регистрира меѓу постари лица со намален имунитет, бремени жени и новородени деца. Кај нив може да предизвика сериозни компликации, како сепса, воспаление на мозочни обвивки (менинго енцефалит), воспаление на срцева обвивка (перикардит), воспаление на зглобови и сл.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на 2013 година бактеријата е изолирана кај три мостри од храна, но нема пријавено заболени лица. Во 2014 година (до јуни) уште во три мостри од храна е изолирана оваа бактерија, при што само во последниот месец се пријавени седум случаи на лица заболени со листериоза.

По добиената информација за појавата на бактеријата и смртните случаи, Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Никола Тодоров одржаа состанок. Центрите за јавно здравје направија теренски проширени епидемиолошки истражувања кај сите случаи со листериоза особено во однос на видовите храна консумирани во претходниот месец пред појава на симптомите.

Комисијата ја задолжи Агенцијата за храна да изврши вонредни контроли во сите поголеми производствени погосни за храна, магацини за чување и дистрибуција на храна. Агенцијата е должна да направи контрола на сите зелени пазари.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе направи контрола на безбедноста на млекото наменето за доенчиња на одделенијата за неонатологија и педијатриски одделенија.

Комисијата за заразни болести ги советува граѓаните за поголемо внимание при подготовка и консумација на храна бидејќи во летниот период се јавуваат повеќе болести кои се пренесуваат преку храна. Неопходно е темелно миење на рацете пред поготовка и консумација на храна и почесто миење на рацете при подготовка на храната. Се препорачува храната да се користи веднаш по подоготовка, а доколку не се употреби веднаш да се чува на температура од 2 до 8 степени и при повторна употреба да се загрее на температура над 70 степени.

Да не се консумира сирова или недоволно термички обработена храна, посебно месо и преработки од месо, непастеризирано млеко, млечни производи и јајца. Сировата и подготвената храна во фрижидер да се чуваат одделно во посебни садови.

Темелно чистење и миење на садовите, кујнскиот прибор, работните површини и рацете, пред и после ракувањето со храна - сирова или термички обработена. Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода - пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени. Да се избегнува храна од тезги на улица, брза храна, како и др. храна и вода од несигурни извори.

Лицата кои спаѓаат во ризична категорија поради тоа што болеста може да се манифестира во потешка форма, со компликации и лош исход особено кога се работи за листериоза (лица со хронични болести и намален имунитет, постари лица над 65 годишна возраст, бремени жени) треба посебно да обратат внимание на препорачаните мерки и да избегнуваат консумација на меки сирења, непастеризирано млеко и млечни производи, паштети и салати, да избегнуваат храна од кулинарски тезги, брза храна, да избегнуваат консумација на претоплувана еднаш оладена храна, како и избегнување на контакт со бремени или новородени животни.

Извор: http://kajgana.com/tri-lica-vo-makedonija-pochinaa-od-bakterijata-listerija

А интересно ми стана по ова:
http://www.telegraf.mk/aktuelno/176734-listerija-vo-evropa-skandal-vo-srbija-zarazeni-vo-avstrija-i-vo-germanija Дали може изворот да е ова и кај нас? По она со млекото ништо чудно веќе.
За мала држава 4 лица за толку кус рок? И некако медиумиве ко да преќутваат нешто да не се направи паника.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
И овошјето ли термички ќе го обработуваме. Ако дињата е ризична, тогаш се ризични сите зеленчуци. Значи ништо да не јадеме освен леб и печено месо. Како се пренесува, преку храна? Дали вече постои во сите видови храна??? :confused: Многу без врска медиумиве објаснуваат.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Колку што знам то е прилично честа бактерија која сите повремено ја внесуваме во телото и која не прави посебни проблеми ако е во нормални концентрации, прави проблеми ако е во големи количини внесена и ако особата е со намален имунолошки систем, кај здрава особа обично ќе дојде до пролив, болки во стомак... и се ќе помине за некој ден, кај стари луѓе, хронични болни, новородени.. каде имунитетот е слаб - можни се воспалителни компликации на мозок, срце (тие се најопасни) зглобови...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
А бе шо е работата со бактеријата? Или летно време е, па у недостаток на шокантни вести, ја искиприја оваа вест насекаде!
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Уште листерија ни фале
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Мене не ми е јасно, зошто ако знаат за кои месни индустрии станува збор, не кажат. Како на друг начин ќе се заштитиме? Или пак не сакаат да им прават анти-реклама на индустриите, а народот нека умира.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Првите симптоми од овие зарази се од пред месец и половина, а мостри се земени на 18 и 19 јули. Известени сме оваа недела
http://dnevnik.mk/?ItemID=ED67AEEABCF31B44BB0034569EA49B03
Од Инфективната клиника информираа дека прексиноќа починала пациентката со листериозен менингоенцефалит, која долг период се лекуваше на интензивна нега на клиниката.
- Пациентката на возраст од 55 години била хоспитализирана на7 јуни на интензивна нега на Инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други тешкотии, кои почнале една недела пред приемот. Дошло до одредено подобрување на здравствената состојба , но вчера настапило нагло влошување на состојбата со застој на срцето - соопштија од Министерството за здравство.
 
Последно уредено:
B

BooBojan

Гостин
Редовна инсекциска контрола, пред неколку месеци регистрирала присуство на смртоносната листерија во производите на кочанска фирма. Било забрането производите да се продаваат, но сопственикот на фирмата одбил да фрли пет тони храна. Откако на неговата идеја се спротиставил одговорниот технолог, храната сепак била уништена. Но стручњакот останал без работа.

За МРТ објаснува дека сепак не е потврдена поврзаноста со појавата на листеријата во Кочани.

„Најчесто листеријате доаѓа преку загадено месо, купено од нелегелни фарми, недобро третирано или исчистено пред употреба“, изјави Душко Мицов, технолог за производство на преработки од месо.

Несовесност на поединци или нешто друго, зарази седуммина.

„Два случаја се од Кочани од кои што едниот е веќе починат“, изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог во Центар за јавно здравје – Кочани.

Земените мостри од производители и трговци со храна се уште се анализираат во центарот за јавно здравје во Скопје.

Стравот од листерија и фактот што една од можните извори на заразата е месото и преработките, продажбата на месо и месни производи во Кочани ја намали за околу 40 %.




ВАКВО НЕШТО НЕ СМЕЕЕЕ ДА СЕ СЛУЧУВА, ЧОВЕЧНОСТА КАДЕ Е ???
ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ КАДЕ СЕ....СРАМНО ЗА НЕКОЈ КОЈ СЕ НАРЕКУВА ДРЖАВА.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
.....За МРТ објаснува дека сепак не е потврдена поврзаноста со појавата на листеријата во Кочани....

..... „Два случаја се од Кочани од кои што едниот е веќе починат“, изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог во Центар за јавно здравје – Кочани....
Fuck logic!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И јас прочитав дека заболените од листерија биле заразени од сувомеснати производи кои биле ,,зачинети" со оваа бактерија.

Еве нешто повеќе за бактеријава... мислам дека убаво би било да го знаеме...:)

… тешка, но релативно ретка инфекција предизвикана од бактеријата Listeria monocytogenes.
Првенствено е алиментарна инфекција – се шири главно преку загадена храна и најчесто се регистрира меѓу постарите луѓе, бремени жени или имунокомпромитирани лица (лица со ослабен имунитет од различни причини). На веб сајтот на ИЈЗ е поставен едукативен материјал за бактеријата од која веќе починаа три лица.

Симптоми

Листериозата може да предизвика различен спектар на симптоми.

Некои пациенти може да немаат никакви симптоми.

Претходно здрави лица, како и жени кои не се бремени, често поминуваат со симптоми на акутен гастроентеритис – воспаление на желудникот и цревата (гадење, болки во стомакот и пролив, поспаност, главоболка, треска).

Исто така, може да се јават замор, болки во мускулите, болки во зглобовите, повраќање и болки во грлото (симптоми слични на грип).

Компликации

Инфекцијата со листерија може да предизвика сериозна болест, најчесто кај оние со хронични здравствени состојби, стари лица или лица со нарушен имунитет. Сериозните симптоми и состојби може да вклучуваат: сепса, воспаление на мозокот и мозочните обвивки, воспаление на обвивката на срцето, апсцеси, инфицирани или воспалени зглобови.

Кај инфицирани бремени жени, клиничката слика може да се презентира само како лесна болест, но може да предизвика и спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете.

Кај новороденчиња, исто така, може да се јават симптоми на тешко заболување, како на пр. менингитис, кој може да доведе и до смрт.

Како може да се заболи

Бактеријата која предизвикува листериоза е широко распространета во животната средина и може да се најде во почвата, површинските води, вегетацијата и голем број на диви и домашни животни.

Од домашните животни, листериозата е најчеста кај овци, кози, говеда и др. добиток, но се наоѓа и кај глодари, кучиња, мачки, свињи, живина, папагали и канаринци. Голем број на домашни и диви животни – цицачи, птици, потоа риби и ракови можат да ја носат бактеријата, но да немаат никакви симптоми.

Домашните животни обично се разболуваат преку контаминирана храна – загадена од глодари и диви животни, дополнително лошо ферментирана во силоси.

Повеќето луѓе заболуваат преку консумирање на загадена храна, но можно е пренесување на бактеријата преку директен котакт, како и со вдишување.

Бактеријата се размножува на ниски температури и е толерантна на сол, затоа може да преживее во преработена, конзервирана храна и храна што се чува во фрижидер.

Како храна која најчесто се поврзува со ширење на листериоза се смета: замрзнато месо и хот дог; преработки од месо и риба; непастеризирано млеко и млечни производи како што се меко сирење, путер и млеко, особено ако се направени од непастеризирано млеко; претходно подготвени салати и сендвичи.

Инфекцијата може да се пренесе и преку контаминиран зеленчук и овошје, особено лубеница и диња.

Други патишта на пренесување на инфекција може да бидат: директен контакт со заразените животни, нивни органи, ткива и излачувања или контаминирана животна средина.

Бремените жени може да ја пренесат инфекцијата на новородените преку плацентата или за време на раѓањето.

Дијагноза

Лабораториските тестови за докажување на инфекција со листерија, се вршат на примероци од крв или цереброспиналната течност (ликвор).

Се прават и лабораториски тестови на храна и примероци од животната средина, со цел пронаоѓање на изворот на Listeria.

Лекување

Третманот е со соодветни антибиотици.

Како да се избегне ова заболување (мерки на превенција)

Мерките на превенција се слични на оние кај сите други заболувања кои се пренесуваат преку храна и зоонозите.

Да не се консумира сирова храна од животинско потекло, животинските продукти темелно термички да се обработат – доволно долго и на доволно високи температури. Однапред приготвени и замрзнати јадења како и брза храна, не треба да се чуваат премногу долго и треба да бидат повторно затопленипред сервирањето.

Консумирање на пастеризирано млеко и млечни производи подготвени исклучиво од пастеризирано млеко, бидејќи во процесот на пастеризација доаѓа до уништување на бактеријата.

Темелно миење на рацете, работните површини и користениот кујнски прибор и помагала, пред и после подготовката на храната/ракувањето со нив.

Често и темелно чистење и миење на фрижидерите каде се складира и чува храната.

Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода – пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени.

Лицата изложени на поголем ризик – оние со ослабен имунолошки систем, повозрасни лица и бремените жени особено, треба посебно да обратат внимание на препорачаните мерки и да избегнуваат консумација на меки сирења, непастеризирани млечни производи, паштета и салати, да избегнуваат храна од кулинарски тезги, брза храна, да не се претоплува еднаш оладената храна, како и избегнување на контакт со бремени или новородени животни.

Не постои вакцина против листериоза.


Извор: http://zdravstvo24.mk/2014/07/22/sto-e-listerioza-koi-se-simptomite-i-kako-do-najbrza-dijagnostika/
 

DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Две мостри од колбаси позитивни на листерија!
Две мостри биле позитивни на листерија, покажуваат првичните резултати од анализите на близу 200 мостри за утврдување на присуство на оваа бакетрија во храната, соопшти на денешната прес-конференцијата директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

- Ние во изминатите неколку дена додека траеа контролите однесовме повеќе од 300 мостри во Ветеринарниот институт, односно во Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина и исто толкав број во Институтот за јавно здравје. Досега имаме резултат од околу 134 мостри од ИЈЗ и околу 54 мостри од Факултетот за ветеринарна медицина. Од овие имаме две позитивни мостри од производи. Но, тоа не значи дека се тие поврзани со хуманите случаи на листерија“ – рече Рунтевски.

Како што рече, станува збор за мостри од колбаси од две компании од домашната месна индустрија. Во следниот период, ќе следи генетска типизација на мострите на Факултетот за ветеринарна медицина, која ќе биде готова до среда поладне и тогаш ќе се знае дали тие ја предизвикале листериозата кај лицата кои заболеа од бактеријата.

Во однос на колбасите, Рунтевски рече дека овој вид производ не е опфатен со правилникот, бидејќи со него се опфатени готовите производи за консумација. Колбасите, додаде, подлежат на дополнителна термичка обработка со која се смета дека бакетријата би се уништила.

- Производите не се на пазарот, меѓутоа мора да ја чекаме типизацијата во среда, за да кажеме дали има врска или не со хуманите случаи – појасни Рунтевски.

Во меѓувреме, продолжуваат и понатаму контролите на терен заедно со Државниот здравствен и санитарен инспекторат, рече Рунтевски и информира дека веќе се преземни чекори во однос и на последниот случај.


А да кажеа кои се фирмите?... Или повеќе се загрижени овие од инспекторатот за профитот на фирмите одколку за тоа дека луѓе умираат?
 
Последно уредено:
Л

Лигеја

Гостин
А да кажеа кои се фирмите?... Или повеќе се загрижени овие од инспекторатот за профитот на фирмите одколку за тоа дека луѓе умираат?
Не е до профитот,има процедура која налага веднаш да се стават во карантин производителите,да се стопира производството,да се повлечат сите производи од истите и да се изврши масовно испитување на целото производство.Станува збор и за прекршување на закон кој налага инфилтрација на HACCP систем како и детална документација од каде потекнува месото од кое биле направени колбасите затоа што постојат повеќе категории на месни производители кои постои можност месото да го набавувале и од странски земји.Да напоменам дека листеријата не мора да потекнува од самото месо туку и од условите во кои биле правени.Испекторатот има начини според кои дејстува и соработува со Официјалната Лабораторија од Ветеринарна Комора и Министерството така нема потреба од кревање паника.И мразам новинарска манипулација со народот,наместо информираност и протокол на стагнација додека не се даде официјална изјава предизвикуваат само хаос меѓу граѓаните.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom