Аца Лукас во Скопје 29.12.2021-Борис Трајковски

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.027
Поени од реакции
18.011
Многу ќе ми е криво ако стварно се организира некоја собиранка на 29ти.
Проклето сум 3та смена а ќе неам уста да побарам ден пошто после таа ноќна смена, следен пат коа ќе се појавам на работа ќе биде 17ти јануари.
Смени се бе брат ми, немаш таква опција?
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.056
Поени од реакции
55.725

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.727
Поени од реакции
22.301
Ајде бе ќе се броиме ли? Не ми ставајте лајкови, пишете. Ако ви е срам или ако сте сељаци во клозет (closet) и се плашите да излезете пишете ми приватна порака. Дискреција загарантирана. Џонтра смени се како знаеш.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Ајде бе ќе се броиме ли? Не ми ставајте лајкови, пишете. Ако ви е срам или ако сте сељаци во клозет (closet) и се плашите да излезете пишете ми приватна порака. Дискреција загарантирана. Џонтра смени се како знаеш.
Сите се тука за скеч. Никој ја нема таа твоја автентична љубов кон хобгоблинов. Никој го нема твојот ентузијазам да го гледа/слуша огрево, не ја смета за non cannon дел од новиот завет неговата дискографија и нема да ужива со/како тебе. Ќе се потсмевнуваат додека саркастично те придружуваат у пеење рефрени и рецитирање „кисела вода...кисела вода“ и ќе ти го разводнат доживувањето до степен да поубаво би си поминал сам.
Оди сам. :D
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.511
Поени од реакции
33.676

Ja taka se osekav koga ja otvoriv temata. :D

Susi iako 200 puti sum bil, da bev vo mk ke te druzev. Inace dokaz deka Strumica e glaven grad, kaj vas ke pee 29ti a kaj nas za nova godina. Elajte si kaj vistinskite zurki, tuka nazdravuvame so nego, ne go slusame od kilometar. :D

IMG_20211222_203636.jpg
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.727
Поени од реакции
22.301
Сите се тука за скеч. Никој ја нема таа твоја автентична љубов кон хобгоблинов. Никој го нема твојот ентузијазам да го гледа/слуша огрево, не ја смета за non cannon дел од новиот завет неговата дискографија и нема да ужива со/како тебе. Ќе се потсмевнуваат додека саркастично те придружуваат у пеење рефрени и рецитирање „кисела вода...кисела вода“ и ќе ти го разводнат доживувањето до степен да поубаво би си поминал сам.
Оди сам. :D
Ако де и за скеч нека се, што има лошо во тоа? Јас знаеш колку работи сум направил за скеч? На Наташа Беквалац сум бил. На Шако Полумента сум бил. Еднаш на пример отидов во Велес специјално да го гледам Орце Стевковски-Царот во живо со маичка Александар Македонски. Јас и уште 15 пензионери бевме во тоа амфитеатарот. Си поминав-феноменално. Скеч-нескеч ќе си поминеме убаво со децава. Битна е забавата, битен е клабингот.

Да ти раскажам една приказна. Март 2015-та, јас уште тројца форумџии (што активни-што не) и плус уште еден отидовме да ги гледаме Opeth во Солун. Еден од тие форумџии како го натеравме да дојде и ден-денешен не знам. Толку се има украпено во домот и не мрда од дома што има три метра ѕид во дворот како кај шиптaрите. Тој ден ми беше еден од најубавите во животот. Од фри-шоп земавме литар Џејмисон и големо Милка чоколадо, го пиевме на клупа кај Белата Кула, цело време имаше смешки, заебанции, забава. Концертот беше само шлагот на тортата. Opeth имаа тогаш нов progressive metal албум и јас се надевав дека ќе ги фураат тие песни. Наместо тоа ја пееја само Eternal Rains Will Come и уште 2-3 други, а се останато беше од death metal-скиот период. А јас мразам граули! Зборот ми е да знаев однапред дека Михаил повеќе ќе граула отколку што ќе прогресира немаше да одам и ќе се заебев. Вака имав ден за паметење.

За 3 месеца од сега ти нема да знаеш што си правел вечерта на 29-ти. Ќе ти биде уште еден рандом ден во годината. А јас ќе имам вечер за паметење. Како и тие што ќе дојдат макар и само за скеч. Затоа што на крајот од животот остануваат две работи. Парите ќе се потрошат, куќата некој друг ќе ја наследи, колата ќе амортизира. Во гроб ќе отидеш со пантолони, кошула, нешто ситно пара и кутија цигари, флаша алкохол. На крајот се што останува се спомените и каењата. Гледај да ги имаш повеќе првите, а помалку вторите. Ако дојдеш на 29-ти јас ќе се погрижам за првото. Па макар и за скеч. Да кажуваш дека некоја будала те натерала да одиш на Аца Лукас.

Ja taka se osekav koga ja otvoriv temata. :D

Susi iako 200 puti sum bil, da bev vo mk ke te druzev. Inace dokaz deka Strumica e glaven grad, kaj vas ke pee 29ti a kaj nas za nova godina. Elajte si kaj vistinskite zurki, tuka nazdravuvame so nego, ne go slusame od kilometar. :D

Прегледај го приврзокот 317279

Wot нема што да ме убедуваш. Струмица е (беше) дом на апсолутно и ултимативно најјаката биртија на сите времиња за век и веков од раѓањето на универзумот до неговата смрт.

saban.jpg

А и како не би била Струмица со такви легенди како Гоце Арнаудов, Чаршијските Фраери, Ќељав Ќиро, Лазо Д'лгио, Ване Мачоро, Ќиро Иљадарката, Коста Бургов, Марјан Танг'чев, Силвана Бонева, Ленче Дедејска и мажот, Боро Малборо од Ново Село и секако на врвот муртинското копито и многу, многу други... Паланечките села, Шопско Рударе, скопски Припор се мали деца за Струмица. Секогаш било лудница во Селект, во Мафката, во Булевар кај Џокеро... Жени облечени како од Планета Пајнер, мажи како сватови по невеста во џамијата во Ваксинце. Струмичани се македонските шиптaри. Во стајлинг, во тунирање БМВ-иња, во архитектура, во курчење, во шверц на роба, во општа култура и образование, во апсолутно се освен во агресијата. Со таков бекграунд, со тие услови, со таа плодна почва, не може да изостане врвниот сељачизам, каков што нема на друго место во МК (Прилеп ја држи втората позиција ама далеку, далеку е од Струмица). А каде има врвен сељачизам има и најфеноменална забава. Не се сомневам ни најмалце дека настапот на Аца Лукас во Струмица иако со помал капацитет на публика ќе биде драстично подобар од тој во Борис Трајковски. Затоа ги сакам сељаците. Не се кријат од тоа што се. Дошол на Аца Лукас, нема бре да се стега и да глуми лудило. Ќе соблече кошула да покаже трајблот на рамо и запотената мишка, ќе се натреска Џони Вокер, ќе се дере на цел глас, ќе направи атмосфера и еуфорија за себе и за сите наоколу. А не ко тука некои скопски педерчиња кога ги начекував на Жаре Бербер со руке у вис-Шо бараш бе ти тука? Абе знаеш, на роденден бев, славеничката сакаше тука да дојдеме ај да не и кршам атер, иначе само оваа песна ја знам... Абе влези си гордо како сељак, биди тоа што си, не се криј, живеј го животот, јак курац си се натрескал на Аца Лукас ќе ти ја одземат титулата м-р, д-р, кур, Sigur Ros ќе те блокираат на Инстаграм и Фејсбук. Е не ебате во Ла Кања има боље забава со истиот германски индастријал и пост-панк од 80-ти да земам да сечам вени дур се бесам на бандерата од карши пред Чифте Амам.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.027
Поени од реакции
18.011
Сусаро ти е лик што коа ќе остаре сите деца од маало ќе го поздравуваат и оној тип од ретките старци кој не го избегнуваат, туку едвај ќе чекаат да го фатат некаде на клупа и да ги "удави" со муабет.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.167
Поени од реакции
35.397
Моментално убедувам еден другар да дојде што долги години срамежливо го чита форумов, а не се регистрира да почне да пишува. :D
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Дали некад кажал што го инспирирало за додавката Лукас?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Дали некад кажал што го инспирирало за додавката Лукас?
Секако. По сплав Лукас, каде што ја стекнува првичната слава, пред да стане најпознат уметник во светот и пошироко.
 
Член од
25 јуни 2017
Мислења
53
Поени од реакции
137
Тие што бевме прославивме два дена унапред Нова година пред Нова година а каде на друго место ако не у кафана прво па после на мајсторот Аца Лукас. Тие што беа знаат што беше внатре, тие што не можеа јбг нареден пат обавезно.
31ви денес и вечер е само една чиста формалност да се истера ради реда.
Среќна ви Нова година на сите, дал ви Бог добро, среќни и живи да сте.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom