Сите се тука за скеч. Никој ја нема таа твоја автентична љубов кон хобгоблинов. Никој го нема твојот ентузијазам да го гледа/слуша огрево, не ја смета за non cannon дел од новиот завет неговата дискографија и нема да ужива со/како тебе. Ќе се потсмевнуваат додека саркастично те придружуваат у пеење рефрени и рецитирање „кисела вода...кисела вода“ и ќе ти го разводнат доживувањето до степен да поубаво би си поминал сам.
Оди сам.
Ако де и за скеч нека се, што има лошо во тоа? Јас знаеш колку работи сум направил за скеч? На Наташа Беквалац сум бил. На Шако Полумента сум бил. Еднаш на пример отидов во Велес специјално да го гледам Орце Стевковски-Царот во живо со маичка Александар Македонски. Јас и уште 15 пензионери бевме во тоа амфитеатарот. Си поминав-феноменално. Скеч-нескеч ќе си поминеме убаво со децава. Битна е забавата, битен е клабингот.
Да ти раскажам една приказна. Март 2015-та, јас уште тројца форумџии (што активни-што не) и плус уште еден отидовме да ги гледаме Opeth во Солун. Еден од тие форумџии како го натеравме да дојде и ден-денешен не знам. Толку се има украпено во домот и не мрда од дома што има три метра ѕид во дворот како кај шиптaрите. Тој ден ми беше еден од најубавите во животот. Од фри-шоп земавме литар Џејмисон и големо Милка чоколадо, го пиевме на клупа кај Белата Кула, цело време имаше смешки, заебанции, забава. Концертот беше само шлагот на тортата. Opeth имаа тогаш нов progressive metal албум и јас се надевав дека ќе ги фураат тие песни. Наместо тоа ја пееја само Eternal Rains Will Come и уште 2-3 други, а се останато беше од death metal-скиот период. А јас мразам граули! Зборот ми е да знаев однапред дека Михаил повеќе ќе граула отколку што ќе прогресира немаше да одам и ќе се заебев. Вака имав ден за паметење.
За 3 месеца од сега ти нема да знаеш што си правел вечерта на 29-ти. Ќе ти биде уште еден рандом ден во годината. А јас ќе имам вечер за паметење. Како и тие што ќе дојдат макар и само за скеч. Затоа што на крајот од животот остануваат две работи. Парите ќе се потрошат, куќата некој друг ќе ја наследи, колата ќе амортизира. Во гроб ќе отидеш со пантолони, кошула, нешто ситно пара и кутија цигари, флаша алкохол. На крајот се што останува се спомените и каењата. Гледај да ги имаш повеќе првите, а помалку вторите. Ако дојдеш на 29-ти јас ќе се погрижам за првото. Па макар и за скеч. Да кажуваш дека некоја будала те натерала да одиш на Аца Лукас.
Ja taka se osekav koga ja otvoriv temata.
..или како што е повеќе милозвучно: Аца Лукас! E! можеби најпознатиот српски и балкански турбофолк ентертејнер, но сите знаеме дека е повеќе од тоа алудирајќи на спиритуален гуру, емоционален револуционер, боем. Затоа, да ве запознаам со неговата професионална биографија/дискографија. Во...
forum.kajgana.com
Susi iako 200 puti sum bil, da bev vo mk ke te druzev. Inace dokaz deka Strumica e glaven grad, kaj vas ke pee 29ti a kaj nas za nova godina. Elajte si kaj vistinskite zurki, tuka nazdravuvame so nego, ne go slusame od kilometar.
Прегледај го приврзокот 317279
Wot нема што да ме убедуваш. Струмица е (беше) дом на апсолутно и ултимативно најјаката биртија на сите времиња за век и веков од раѓањето на универзумот до неговата смрт.
А и како не би била Струмица со такви легенди како Гоце Арнаудов, Чаршијските Фраери, Ќељав Ќиро, Лазо Д'лгио, Ване Мачоро, Ќиро Иљадарката, Коста Бургов, Марјан Танг'чев, Силвана Бонева, Ленче Дедејска и мажот, Боро Малборо од Ново Село и секако на врвот муртинското копито и многу, многу други... Паланечките села, Шопско Рударе, скопски Припор се мали деца за Струмица. Секогаш било лудница во Селект, во Мафката, во Булевар кај Џокеро... Жени облечени како од Планета Пајнер, мажи како сватови по невеста во џамијата во Ваксинце. Струмичани се македонските шиптaри. Во стајлинг, во тунирање БМВ-иња, во архитектура, во курчење, во шверц на роба, во општа култура и образование, во апсолутно се освен во агресијата. Со таков бекграунд, со тие услови, со таа плодна почва, не може да изостане врвниот сељачизам, каков што нема на друго место во МК (Прилеп ја држи втората позиција ама далеку, далеку е од Струмица). А каде има врвен сељачизам има и најфеноменална забава. Не се сомневам ни најмалце дека настапот на Аца Лукас во Струмица иако со помал капацитет на публика ќе биде драстично подобар од тој во Борис Трајковски. Затоа ги сакам сељаците. Не се кријат од тоа што се. Дошол на Аца Лукас, нема бре да се стега и да глуми лудило. Ќе соблече кошула да покаже трајблот на рамо и запотената мишка, ќе се натреска Џони Вокер, ќе се дере на цел глас, ќе направи атмосфера и еуфорија за себе и за сите наоколу. А не ко тука некои скопски педерчиња кога ги начекував на Жаре Бербер со руке у вис-Шо бараш бе ти тука? Абе знаеш, на роденден бев, славеничката сакаше тука да дојдеме ај да не и кршам атер, иначе само оваа песна ја знам... Абе влези си гордо како сељак, биди тоа што си, не се криј, живеј го животот, јак курац си се натрескал на Аца Лукас ќе ти ја одземат титулата м-р, д-р, кур, Sigur Ros ќе те блокираат на Инстаграм и Фејсбук. Е не ебате во Ла Кања има боље забава со истиот германски индастријал и пост-панк од 80-ти да земам да сечам вени дур се бесам на бандерата од карши пред Чифте Амам.