Е па не знам како е во тој конкретен оддел каде што работиш ти, но општо во целата државна и јавна администрација се полесно и полесно е вработувањето за малоумните, отколку за луѓето со соодветни знаења, соодветно образование и пред се, со памет во главата, судејќи според фактот дека каде и да сврти човек глава, речиси насекаде едни исти неписмени будали загреваат фотељи.
Е тука можеби ќе се налутиш или навредиш, но морам да им симнам капа на Албанците во државната и во јавната администрација, бидејќи тие се исклучок, односно не се во ист кош со тие едни исти неписмени будали кои загреваат фотељи. Иако како Македонец се срамам од ваквата реалност, но сепак тоа е вистината, Албанците кои работат во државната и во јавната администрација од секогаш ме услужувале најкултурно, најдостоинствено и најбрзо во споредба со Македонците во државната и во јавната администрација.
И да, во право си, за идеале гину будале, но бидејќи ти не си будала, ќе бидеш меѓу првите кои ќе си ги соберат парталите и ќе фатиш џаде било каде кога ќе се распадне кулата од карти која ја изградија овие пвеводбенициве кои сега се на власт.
А и тие веќе се опремени со татарски пасоши и сочни банкарски сметки во Доминиканската Република и на Карибите, па и тие ќе си фатат џаде кога ќе се распадне кулата од карти и ќе викнат Ауфвидерзен Македонијо или Адиос Македонијо, поздравувајќи ја рајата покажувајќи и ги своите средни прсти, кои на крајот на краиштата, за ништо друго и не им служат.