Астрална проекција

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
A ви се има ли случено да се гушите за време на сон, да неможете да земете воздух и покрај тоа што немате здравствен проблем...чувство како да те дави некој те држи силно, незнам како да опишам...ако доживеал некој нека каже...и како се објаснува тоа...дали има некаква поврзаност...мене ми се има случувано порано и ко ќе се разбудев цел задишан бев, се вадев од памет, еднав се разбудував
да, мене ми е има случено еднаш само и тоа во брзо време беше, некаде пред 5-6 месеци можеби, толку сум се исплашила што ми беше страв да заспијам. значи тоа ми се случи некаде 5-6 минути откако легнав да спијам и откако малку задремав, а ништо не сонував едноставно срцето почна силно да ми чука и мислев дека ќе го голтнам јазикот.
така од никаде едноставно 2-3 сати откако го осетив тоа чувство морав да земам длабок воздух за да дишам, како нешто да ме посвесно да ме мачеше, а всушност се ми беше совршено во тој период

оттогаш за среќа не ми се повторило, ама не би посакала да му се случи на било кој, дека едноставно имаш чувство како да умираш

ама сепак мислам дека ова нема врска со астралната проекција (со темава):smir:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
230
Поени од реакции
10
A ви се има ли случено да се гушите за време на сон, да неможете да земете воздух и покрај тоа што немате здравствен проблем...чувство како да те дави некој те држи силно, незнам како да опишам...ако доживеал некој нека каже...и како се објаснува тоа...дали има некаква поврзаност...мене ми се има случувано порано и ко ќе се разбудев цел задишан бев, се вадев од памет, еднав се разбудував
Care , mene skoro sekoja nok mi se slucuva , nekolku pati prasav za sovet od kolegite , dali e cekor poblisku do astralna proekcija ili cekor poblisku do jabana , nikoj ne mi odgovori pa sam proucuvav . Mozam da kazam samo deka sum zadovolen od ona sto go doziveav posle nekolku napori da izlezam od teloto , pa sega ti vidi sto sakam da kazam , ama sepak edno ti kazvam DONT TRY THISS , ako ne si spremen na se ... Ne samo volno , tuku nasilno izleguvanje od teloto bi go narekol ova , vo sekoj slucaj Astralna Proekcija e , no sepak , ne samovolna , kako sto odi redot sprored treninzi ( literatura, joga , meditacija , budenje na 6to setilo , tuku ona nasilno , sto znaci mozi da bidi i opasno , pa taka da vidi ti sam ... so srekja :) baj d vej - STVARNO DONT TRY THIS
 

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Астрална проекција мислам дека може да се направи, ама само со преголема пракса. Имам слушнато од луѓе што вежбаат јога можат психички да присуствуваат во некоја соба подалеку од нив, но не и физички. А исто доста голем удел има и тоа колку проценти користиш од мозокот.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9
Астралната проекција и мене ме заинтересира и баш онака сакав да дознаам нешто повеќе за неа, а посебно за сонот. Бидејќи очигледно е дека не сме свесно за време на сонот и можно е токму нашето астрално тело и за време на сонот да излегува од телото и да патува.
Затоа и се тврди дека може АП да настане и спонтано и несвесно за време додека спиеме.
А за оние што ја практикуваат морам да кажам дека како
1. немаат доволно знаење
какво знаење, со тоа што ќе прочитате на интернет неколку реченици и ке ве упати некој да читате некоја книга за АП мислите ли дека ке стекнете знаења доволни да се впуштите во АП????
Од кај знаете какви се тие книги и од какви автори се???
Можеби станува збор за некои магионичарски, окултни литератури.
Ни самите не знаете во што можете да се впуштите???
Ке речете супер е јогата или медитацијата но ако размислите подобро НЕ Е. Повторно немате знаење за тие области а се впуштате.
2. Повторно немаат знаење каде се можат да одат со АП
Во духовен свет??? Во кој духовен свет???
Кој живее таму , Што има таму????
Повторно незнаења.
Постојат духовни сили во духовниот свет а вие наивни луѓе ова не е ќе се качиш на автобус и ќе одиш за Скопје. Овде има работи кои никој од вас не ги знае а сте се затрчале во практикување на АП???
Кој се тие духовни сили??? Кој се тие паднати ангели, Кој се демоните???
Ако немате доволно знаења за некоја област и ги зимате од сумшиви литератури податоците за АП. Секако дека ке доживеет е лоши работи. И ке ви се случуваат лоши работи.
3. ЗОШТО сакате да практикувате намерно АП???
Никој од вас не ми даде аргументи зошто сака да го прави тоа???
Ако ми кажувате дека тоа е во способноста на човекот исто како што и способност можеби ке речете дека е да летате, телепатија, левитација или што знам ти уште не. Морам да ве разочарам дека не е така. Тоа се посебни способности и дарови би можело да се рече но од кого???
Кој може да ти ги даде тие дарови. Тие можат да бидат или од Божја природа, но за да добиете таков дар како на пример видовитост или сл вие мора да сте на високо духовно ниво и да живееш живот над страстите и суетата своја. Никој толку високо духовно развиена личност не ги сака тие дарови но само со божја благодет може да ги добие. А 2риот извор на тие дарови се демонските сили.
Сите вие што се обидувате да практикувате вакви глупости затоа што тоа ви се чини дека е интересно и супер искуство, со АП со користење на јога и медитација и со триста различни курсеви кои ги одите и практикувате технико кои ни самите вие не ги знаете за отварања на 3то око и што ти знам не. Сите вие сте оствариле или остварувате контакт со демонски сили. Пошто јогата и медитацијата се само еден вид на перење на вашиот мозок, и губење на вашата индивидуалност се со цел да се вклопите со некоја енергија? Која енергија??? Тоа се измислици за енергијата на кој наседувате да се чивствувате цели со универзумот и триста други бајки. Сите вие што практикувате вакви глкупости а гледам сте навлегле и во магијата сите вие што ќе речете дека сте имале контакт со некој вид на енергија не е таа Божествената енергија верувајте туку сте оствариле контакт со демонските сили.

Затоа подобро ви е да си живеете и работете што и да си работете а за овие работи можете само да прочитате но НЕ и да ги практикувате...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
The Crow,а што да кажат тие што АП ја доживуваат несвесно?и што мислиш како тие се чувствуваат во моментот?
Сепак тоа постои сакале или не.Земи за пр.луѓе кои живеат во некоја планина каде нема телевизија а камо ли истите да имаат интернет па да прочитале за АП,а сепак им се случува,што значи дека сепак тоа е за мене нормално некому да му се случи,во тоа не гледам нешто што е баук,нешто пресветло или сл само што многу од луѓето се плашат да разговараат на оваа тема за не бидат погрешно разберени баш од оние кои го немаат доживеано АП,но истите не се ниту свесни дека барем еднаш го имаат доживеано во полу сон.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9
The Crow,а што да кажат тие што АП ја доживуваат несвесно?и што мислиш како тие се чувствуваат во моментот?
Сепак тоа постои сакале или не.Земи за пр.луѓе кои живеат во некоја планина каде нема телевизија а камо ли истите да имаат интернет па да прочитале за АП,а сепак им се случува,што значи дека сепак тоа е за мене нормално некому да му се случи,во тоа не гледам нешто што е баук,нешто пресветло или сл само што многу од луѓето се плашат да разговараат на оваа тема за не бидат погрешно разберени баш од оние кои го немаат доживеано АП,но истите не се ниту свесни дека барем еднаш го имаат доживеано во полу сон.
Јас зборував за оние што намерно сакаат да ја предизвикаат и да ја искусат АП. За нив тоа може да биде многу штетно и погубно.
А точно е дека некои од нас ја доживуваат несвесно. Но најголемиот дел од тие кои ја доживуваат несвесно според мене и ја што имам читано на овие теми сепак не било туку така несвесно, била предизвикана на некој начин. Сепак тие луѓе практикувале нешто дали окултно, спиритуалистичко, паганско, скоро за се што правиме врз основа на тоа дали е добро или лошо си ги сносиме последиците. Тоа е моето мислење дека сепак не се случува несвесно, најчесто кај поединци коишто паднале под некое искушение и направиле некое нечесно дело и се обесчестиле и луѓе кои не се блиски кон Бога.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Дали во состојба на Атрална Проекција сте:
-100% свесни како да сте будни?
-Дали можете логички да размислувате?
-Дали предметите што ги гледате се истите и кога ке се разбудите?
-Каков е видикот, аликата (чиста или матна) какви се боите?
-Колку можете најдалеку да отидете и да разгледувате?
-Колку долго можете да бидете во таа состојба?
-Дали сте свесни за изминатото време?
 
D

DartWader

Гостин
Дали има некој тука на форумов што доживеал намерна астрална проекција преку медитација ?
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Дали во состојба на Атрална Проекција сте:
-100% свесни како да сте будни?
-Дали можете логички да размислувате?
-Дали предметите што ги гледате се истите и кога ке се разбудите?
-Каков е видикот, аликата (чиста или матна) какви се боите?
-Колку можете најдалеку да отидете и да разгледувате?
-Колку долго можете да бидете во таа состојба?
-Дали сте свесни за изминатото време?
Изминатото време е релативно , состојбата е полусон. Сликата е иста , не е матна како на филм а боите се релативно исти (иако ми се чини потемна нијанса ) .
Во таа состојба може да бидеш онолку долго колку што духот ќе ти издржи , телото е во состојба на мирување така да не зависи многу .
Просечно е од 7-9 минути.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
abe ja ko so sum ljubopitna ke probam ali rabotata e so mi e strav...... inace strav mi e sama se da praam a koga ima nekoj so mene ne mi e... samo nz kako nekoj ke doe so mene u son:uvo:
 
Член од
3 април 2008
Мислења
86
Поени од реакции
6
Појаснување на феноменот Астрална Проекција

Пред да почнете со астралната проекција треба да си го поставите прашањето зошто сакате да инвестирате време и енергија во оваа насока? Треба да сватите дека астралниот свет е еден вид космички интернет кадешто можете да добиете пристап до многу информации коишто можат да ви помогнат и во секојдневниот живот во овој свет. Друг важен факт што треба да се свати е дека многу од нашите сонови се всушност изобличени астрални проекции, такашто со доста вежбање и фокус може да дојдете до ситуација кадешто нема потреба од изведување на потполно свесна астрална проекција и редовното вежбање за истата. Во потполност можете да ги користите своите сонови за сурфање на космичкиот интернет наречен астрален свет. Ве молам никогаш не заборавајте дека астралниот свет е реалност и дом на многу битија, вашите акции во тој свет подлегаат на причини и последици исто како и во овој. Не ги потценувајте своите мисли и сонови, тоа што се случува во нив е многу пати многу поважно со многу поголеми последици од тоа што се случува во овој навидум физички свет.



Дали астралната проекција е опасна? Не повеќе од живеењето во овој свет. Тоа е секогаш индивидуално и зависи од вашата индивидуална состојба, локација и ниво на вештина.

На интернет може да најдете огромно количество материјал напишан за астралната проекција кадешто лесно може да се изгубите во разните поими и разни техники, без притоа да ја разберете суштината на феноменот познат како астрална проекција. Многу од текстовите по интернет се само слаби копии од трета или четврта рака без практично искуство на авторите со тотално непотребно мистифицирање со разноразни Индијски, антички, Афрички и којзнае какви зборови чие точно значење не го знаат ниту авторите коишто само го прекопирале од некој друг.

Заради појаснување и поедноставување на овој феномен, се решив да напишам во кратки црти како функционира и на кој начин може да почнете да го вежбате и употребите во својот секојдневен живот. Пазете само да не залутате на некоја друга планета и не заборавајте дека на крајот треба да се вратите на оваа ;).Се што е напишано овде е базирано на лично искуство почнувајќи некаде од 1997 година кадешто сум се осигурал дека техниките функционираат точно така како што се опишани.



Интересно е да се посочи дека сите ние секојдневно изведуваме астрална проекција додека спиеме но проблемот е што многу од нас тоа го прават на потсвесно ниво а неколкуте сеќавања што допираат до свеста се во форма на изобличени сонови. Дури 50% од луѓето во одреден дел од својот живот имаат искуство со потполно свесна астрална проекција но не знаат дека им се случило тоа. Дали некогаш сте имале таканаречена ноќна мора, кога се разбудувате и сте тотално парализирани а можеби и осеќате како целото тело ви се тресе со разни вибрации, како да сте под напон од 220 волти? Тоа е точно состојбата којашто се нарекува астрална проекција. Тоа се првите моменти на преминувањето на вашата потполна свест во астралното тело. Стравот е резултат на реакцијата на физичкото тело кон нешто толку непознато и чудно за прв пат во својот живот на свесно ниво. Парализата е резултат на тоа што врската меѓу свеста и мускулите е исклучена а бидејќи астралното тело не поседува нерви и мускули, тогаш при вашите сигнали за движење не се случува ништо. Доста често некоја баба ќе ви каже да си ставите игла под перница за да не ве газат овие ноќни мори, што нормално нема врска :)

Пред да почнеме со самиот феномен во кратки црти ќе се обидам да го опишам начинот на којшто функционира нашата свест и нашето физичко тело. Нашето физичко тело не е ништо друго туку еден вид на многу напреден андроид со свои сопствени програми и автономни функции (како што е на пример работењето на срцето). Нашата свест е потполно одделна единка од нашето физичко тело и е створена од чиста енергија при што таа е само корисник на овој андроид, многу слично како во филмот Аватар. При будното оперирање на телото, свеста е потполна интегрирана со физичкото тело и оперира на негово ниво. Доколку физичкото тело е исклучено од било каква причина тогаш свеста автоматски го напушта и се интегрира во следното тело, коешто е створено од астрална материја или од практични причини може да кажеме е створено од чиста енергија. Напуштањето на свеста од физичкото тело и нејзиното приклучување кон астралното тело е тоа што се нарекува астрална проекција.



За жал моменталната ДНК структура на физичкото тело на 99.9% од луѓето на оваа планета, моментално не овозможува свесно преоѓање и истовремено користење на физичкото и астрално тело, затоа бргу станува јасно дека за да изведеме свесна астрална проекција, мораме најпрвин да го исклучиме нашето физичко тело. Тоа може да се направи на неколку начини:

а) Длабока медитација или состојба на транс (може да биде изведена индивидуално или со помош на хипноза)
б) Спиење
в) Смрт

Зависно од тоа колку време ќе посветите на астралната проекција и кои се вашите искуства, може да изберете една од овие методи за исклучување на вашето физичко тело. Ве молам не избирајте одма смрт зашто тоа може да има разни трајни последици кон вас и оние околу вас :))). Доколку сте од оние 0.01% коишто имаат модифицирана ДНК структура и имаат можност да оперират на астралните нивоа без вежбање и исклучување на физичкото тело, тогаш за вас тренингот би се одвивал на многу поинаков начин. Во тој случај може да ме контактирате па би ве посочил во права насока.

За почетниците би препорачал најпрвин да соберат неколку искуства од тоа каков е осеќајот и што точно се случува за време на астралната проекција. Начинот на оперирање на свеста и начинот на којшто ке морате да мислите и визуализирате е многу поинаков од будниот живот, такашто пред да почнете да пробувате да постигнете астрална проекција од медитација и транс, силно би препорачал да ја постигнете најпрвин од активноста којашто ја изведувате секојдневно, спиење.

Бидејќи од различни причини соновите и спиењето е тесно поврзано со астралната проекција, причини коишто се многубројни да се наведат во овој краток текст, најдобро е да се почне со фокусирање на активноста на вашата свест за време на сонувањето.

Пред да заспиете, во моментите на заспивање фокусирајте се силно на желбата и замислата дека за таа ноќ ќе ги памтите сите свои сонови и дека ќе сонувате важни работи. Многу е важно во првите моменти на будењето тотално да се фокусирате на тоа што сте сонувале и да пробате да го запамтите бидејќи сеќавањата од светот на соништата се многу кревки и се забораваат многу лесно. Доста добро е во почетокот да си ги запишувате сите свои сонови. Наскоро откога ќе почнете да сонувате цели филмови и книги може да ги запишувате само оние сонови коишто се исклучително интересни или поучни.


Следното ниво е да почнете да ги манипулирате своите сонови. Ова се нарекува луцидно сонување и на интернет може да најдете доста техники за негово усовршување. Основно е да ви стане јасно во текот на самиот сон дека сонувате. Откога ќе станете свесни за време на сонот, тогаш треба да научите да летате буквално како Супермен во сонот со помош на визуализација и употреба на вашата свест. Тоа е важно да се научи бидејќи оваа вештина на летање ќе ви треба за контрола на вашето астрално тело. Со тек на време е можно изведување на астрална проекција директно од сонот.

За време на вежбањето на активностите со соновите може паралелно да си давате сугестии дека ќе имате таканаречена ноќна мора во текот на ноќта што значи дека ќе се разбудите потполно свесни во своето астрално тело, парализирани со огромен шум во ушите и тресење на целото тело а можеби и по некое духче околу вас што ќе си игра мајтап. Знам дека звучи малку страшно, ама верувајте дека првиот пат кога ќе го доживеете ќе видете дека е ептен страшно и напросто незамисливо. Единствено што ви преостанува е да го дожувувате повторно и повторно се додека стравот не исчезне. На мене ми беа потребни 2-3 години и барем 20-30 вакви ставови за да го отстранам стравот. Друг важен факт е да ги контролирате своите мисли бидејќи секоја ваша мисла во астралниот свет многу брзо ќе се манифестира околу вас. Доколку за време на оваа искуство почнете да мислите на некоја сенка која сака да ви наштети, тогаш веднаш таа сенка ќе ја видите околу вас и многу брзо ситуацијата ќе ескалира бидејќи вашиот зголемен страв ќе ја направи сенката уште пострашна што ќе го зголеми вашиот страв итн итн. Значи најважно е при првите назнаци на оваа состојба одма да се фокусирате на нешто многу убаво и светло без никаков страв.

Доколку сте ја искусиле оваа состојба барем неколку пати тогаш би препорачал вежбање за постигнување на астралната проекција преку медитација и состојба на транс. Доколу имате некоја искусна особа којашто изведува хипноза, тогаш таа особа може да ви помогне со тоа што ќе ве стави во состојбата на транс.

Медитацијата е многу убава активност којашто можете да ја изведувате за многу различни причини и цели. Нема да навлегувам подлабоко за сите нејзини аспекти туку ќе опишам само како може да се користи за астрална проекција.



Како што рековме погоре пред астралната проекција да биде можна, мора физичкото тело да биде исклучено. Значи мораме најпрвин да го релаксираме на максимално ниво, без притоа да заспиеме и да одлутаме во астралниот свет потполно несвесни. Препорачувам седење во удобна фотелја за изведување на оваа вежба бидејќи лежењето најверојатно ќе ве заспие. Можно е да ја изведувате и лежејќи, на пример после спиење откога сте потполно наспиени и шансите да заспиете повторно се многу мали. Јас обично ја изведував седејќи пред да заспијам или лежејќи за време на викендот после спиење од 12 саати. Двата начини потполно функционираат и даваат добри резултати.

Се почнува со усогласување и фиксирање на вашето физичко тело. Откога ќе го балансирате и ставите во позиција кадешто се чувствувате добро, не смеете после ова да направите било какво движење со вашите мускули, освен дишењето. Се почнува со фокусирање на сите делчиња од вашето тело. Првин со прстите на вашите нозе, после целата нога, раците, трупот, шијата и на крајот главата, посебно локацијата на челото кајшто е третото око. За време на ова многу е важно активно да не мислите на ништо друго освен на ова. Многу мисли ке ви пролетуваат низ вашата свест но оставете ги да пројдат, не впуштајте се во анализа на ниту една од нив. Кога ќе дојде на ред да го релаксирате и челото тогаш може да приметите дека почнувате да гледате разни бои и други визуални формации. Тоа е нормално и исто како со вашите нормални мисли, не впуштајте се во анализа на истите туку оставете ги да пројдат.

Откога потполно сте релаксирани тогаш се оди на следната фаза што е постигнување на состојбата на транс. Почнете да си претставувате како се пропаѓате се подлабоко и подлабоко. Фокусирајте се на својот солар плексус, што е локацијата точно на средината на вашиот граден кош. Преставувајте си како се повеќе и повеќе тонете и како се повеќе и повеќе работата на вашата свест и физичко тело се забавува. Во одреден момент ќе дојдете до еден вид на бариера кајшто ќе почнете да осеќате потполно стопирање на вашето тело. Во прв момент тоа може да изгледа страшно но сватете дека тоа е само ваша перцепција дека вашето тело стопира, бидејќи вашата свест се подместила во астралното тело кадешто искуството е сосема поинакво. Откога ќе ја пробиете оваа бариера и потполно пренесете свеста во астралното тело, продолжете уште малку со вежбата на тонење додека состојбата не се стабилизира. Откога ќе ја пробиете бариерата, ќе го имате точно тоа искуство како во ноќните мори. Телото ќе ви биде парализирано, ќе слушате огромен шум сличен на тој којшто се слуша кога ќе се јавите на телефонски број којшто има факс машина а ќе осеќате дека вашето тело се тресе како под огромен напон на струја плус тоа можеби ќе почнете да гледате околу себе во собата со помош на третото око. После ова може да ја активирате својата свест и да почнете со вештината на летање со којашто ќе почнете да го движите астралното тело напред. На овој начин сте извеле потполно свесна астрална проекција.

Среќен пат :)) и успешно сурфање на космичкиот интернет :)


Линкови за повеќе информации:

Фокусирано за основите на астралниот свет и изведување на проекција со помош на спиењето
www.astralvoayge.com

Фокусирано за вежбање на потполно свесно изведување на астрална проекција со помош на транс и медитација
http://www.astraldynamics.com/home/astral-projection-training/treatise-on-astral-projection.html
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Која е целта на сето ова?Игри со нашата свест и потсвест?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Си заборавил да напоменеш дека горенаведениот текст не треба да се чита, а во никој случај ни применува доколку личноста е под 20 години. Од проста причина што децата кој се во пубертетската фаза од животот можеби погрешно да ја протолкуваат целава приказна (што е наведена горе) и да влијае на нивната психа.
 
Член од
3 април 2008
Мислења
86
Поени од реакции
6
Токс: Не се согласувам. Јас почнав со изведување астрална проекција кога имав 17 години.. некаде во 1997 год а тогаш немаше интернет да ми објасни што се случува во и околу мене.. така да и без никакво водство немав премногу проблеми да се снајдам. Да имав да прочитам нешто вакво во тоа време, многу поедноставно ќе беше.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.673
Поени од реакции
11.720
Си заборавил да напоменеш дека горенаведениот текст не треба да се чита, а во никој случај ни применува доколку личноста е под 20 години. Од проста причина што децата кој се во пубертетската фаза од животот можеби погрешно да ја протолкуваат целава приказна (што е наведена горе) и да влијае на нивната психа.
Мене ми се има случено Астрална Проекција на 10 години, неколку пати, и воедно тоа беше првата книга што после доооолго убедување ми ја нарачаа кога имав 12...авторот е James H. Brennan...не е проблем да ја читаат и помлади од 20.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom