- Член од
- 22 јули 2014
- Мислења
- 621
- Поени од реакции
- 766
Арт терапијата е насока од психотерапијата во чија суштина е ликовно изразување, како средство за експресија на мисли и емоции, со цел решавање на постоечки психички кофликт. Самиот поим, Арт терапија (Art Therapy) се однесува на терапија низ ликовен израз.
Арт терапијата, спаѓа во групата на креативни арт терапии (Arts Therapies), заедно со музичката терапија (Music Therapy), драмска-актерска терапијата (Drama Therapy), преку танци и игра (Dance and Movement Therapy)… но секоја од нив, е посебна наука.
Убаво е да се знае, дека во пракса, арт терапијата бара многу стручен и зрел пристап, искуство и постојано усовршување на терапевтот. Во последните 50-тина години, Арт терапијата развила посебни методи, богата теориска база, во најголем дел како извор од психо-динамичкиот пристап во психологијата, аналитичката психологија, групната анализа, хуманистичкиот пристап во психо-терапијата, психологијата на уметноста и теоријата на уметникиот израз.
Арт терапијата се одвива индивидуално или во група, а секогаш е водена од квалифициран терапевт, со завршени посдипломски студии, во треаење од две години. Арт терапевтите најчесто работат со најтешките и најранливи случаи, затоа од нив се бара голема стручност- добра теоретска покриеност, богато искуство во пракса, зрелост.
Иако се смета дека е понова професија, арт терапијата поминала долг пат на развој. Почнала да се развива во 40-тите години на минатиот век, прво во САД, па во Велика Британија. Во 1964 год. основано е првото друштво на арт терапевти во Британија (www.baat.org), а во 1977 год. арт терапијата е признаена како професија Health and Care Professions Council (www.hcpc-uk.org).
Во Македонија, состојбата на полето на арт терапијата е на ниво кое во европските земји било во 60-тите години на минатиот век. Во психијатриските центри и болници за рехабилитација, т.е. центрите за лица со посебни потреби, се вработени лица кои незнаат да работат адекватно и соодветно. Најчесто без основни знаења и познавања на проблематиката на израз преку уметност.
Извор