Албанија - место за одмор

Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Абе не сакам мртво место, а читав дека Ксамил е такво. Така да ако идам, би бил сместен во Саранда, а би идел на плажа во Ксамил. Да не знаеш со паркинг како е во Ксамил? Затоа ме интересираше Дерми, ако има две у едно може и таму, не можам да најдам многу информации за него по интернетов.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Epa Ksamil e za starci, ne e za mladi. Abe za parking ke se snajdes ne e problem toa, Dhermi ima jak noken zivot(drymades) iako sega ne ti garantiram posto e kraj na sezona veke, a plazite ti se predobri.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
Еве некоја слика од Дерми што можам да ја ставам(каде нема некој во кадар од моите):

и ова на пат за дерми никако не смее да се пропушти-во националниот парк пред самиот превој(оваа раката е моја,ама сликата е кропната):

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
:vozbud:

Рак од 27 килограми за Гинис
Автор: А.В. - 18/09/2014
0 353

Во водите на Јонско Море, кај преубавото албанско приморско гратче Химара, во рибарска мрежа уловен е рак (јастог) од видот „арагоста“ долг два метри и тежок 27 килограми.

Овој вид рак живее во Медитеранот, во водите на Јонско и Јадранско Море. До сега во овој дел од албанските води е фатен рак со тежина до седум килограми.

Сега уловениот, кој тежи 27, го собори светскиот рекорд запишан во Гинисовата книга на рекорди, каде е запишан улов на овој вид рак со тежина од 20 килограми.

Како што наведува агенцијата Балкан веб уловениот рак е продаден на бизнисмен од Тирана за цена од 300 илјади леки (околу 150 илјади денари).

http://taratur.com/rak-od-27-kilogrami-za-ginis/
 
C

cige

Гостин
Ги направија патиштата во Албанија? Знаци ставија? Ги проширија коловозните ленти?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
За каде поконкретно те интересира?
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Albanska riviera ili Saranda i okolnite gratcinja?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
За Саранда најдобро е да се оди преку грција,патот е подолг околу 50 км,но скоро цел е автопат.Алтернатива е новиот пат -брза магострала од Фиер до Ѓирокастро,а до Фиер е комбинација на автопат,брза магистрала и магистарала.

Поназад на темава има добри објаснувања за патот преку Грција
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Јас еднаш направив идиотлак и отпатував со жена и деца во Албанија – Ксамил слушајќи неколку приајтели кои наводно се задоволни од она кое го добиле, а јас мислев дека имаат вкус и стандард...
Со два збора Ксамил најдобро би го опишал како "Кабул на море". Патна инфраструктура никаква, пола подвозје го оставив по "патиштата", ем гума си скинав на сплавчето затоа што мост нема...
Плажите се вештачки со донесен песок, морето е смрдливо и матно (обоено бело, а на слики изгледа како да е тиркизно), во радиус од 20 метри од секоја плажа има барем една депонија која не се чисти додека не фати колера локалното население.
Ние преспавме еден ден и си го фативме патот назад во Грција. За тој еден ден додека седевме 3 саати немаше струја, па игравме жмурки во апартманот со децата. Со оглед на тоа дека со струја слабо стојат, ми беше страв сладолед да им купам да не закачат некоја салмонела.
И така, за овој живот Албанија како дестинација за одмор ја снема од мојот список. Слободно можам да кажам дека Охрид е Монте Карло за Албанија. Додуша не сум ги видел другите гратчиња, ама по кажувањата најисфален беше Ксамил, а Ксамил е мизерија. Ем за со кола е далеку УПМ...
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237

А која година си бил во Албанија?
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Судејќи по тоа што македонците бараат само ефтино да биде не се чудам што сите тука викаат таму луѓето ви го преферирале. Албанија има доста подобри места од Ксамил.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
А која година си бил во Албанија?
15.07.2013.

Инаку сум возел и претходно низ Албанија. Во 2008 бев до Хрватска преку Албанија: Охрид – Елбасан – Драч –Тирана – Скадар – Улцињ – Дубровник. Застанав успат во Драч за да јадеме и да вииме како изгледа морето шќиптарско. И што да видам, канализацијата директно конектирана во морето, без колектор и сите гом*на пливаат на крајбрежјето. За "спонтаните" депонии покрај море да не зборам. Тогаш знаев дека нема да ја биде уште многу децении за туризам, ама ете 5 години подоцна се прелажав. И не барав да биде најевтино, напротив барав квалитетен смештај(убаво уреден апартман со две спални, дневна, кујна, веце и терасса) и планот ми беше да се храниме исклучиво по ресторани и исклучиво риби и морски плодови. За несреќа, главната компонента – чисто море и квалитетни плажи недостасуваат во Албанија. А репер за чисто море и квалитетни плажи за мене се Халкидики, посебно вториот крак свртен према трет. Смештајот и храната во Грција во топ сезона чинеа од 2 до 3 пати повеќе отколку во Албанија, па си ги прибравме нозете колку што черга имавме планирано.
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Koj bil na ova mesto vo Albanija Lagjja 13, Shkembi i Kavajes, Plazh Durrës, 1001 Kryemëdhej, Albanija.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom