Албанија - место за одмор

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Planirame da zamineme na 27 juni za Ksamil so uste edno semejstvo, probav telefonski i preku meil da dogovoram 2 dvosobni apartmani, ama lugevo baraat da im bide uplateno 20 % na nekoi smetki kako garancija, poima nemam dali toa da go napravam, koja ni e garancijata deka nema da bideme izmameni?
Dali bi bilo podobro direkno tamu da se bara smestuvanje?
Bidejki ni e prv odmor vo Albanija, ovie raboti ne gi znam.
Ako moze nekoj sto veke bil vo Ksamil da mi pomogne okolu ovaa rabota,\
Blagodaram
Абре не треба да си резервираш од тука. Таму кога ќе идеш, ќе најдеш.
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
106
Поени од реакции
50
Dali ima nekoja Turisticka agencija so nudi apartmani i prevoz od tuka moze infoo za Saranda fallaaaa
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Пред 5 год. бев во Химара и си поминав екстра. Патот тогаш се правеше, и кога се враќавме беа стигнати до Валона, но сега знам дека е се завршено. Освен што не исцрпи патот, немам замерки за водата- чиста и топла, убава пространа песочна плажа, имаше кафебарови и диско. Мислам дека има околу 450 км и би требало за најмногу 7 часа да сте на местото. Плаќавме 27е за трокреветна соба, јадењето беше евтино и по кафичите исто. местото е мирно а ако одите со сопствен превоз можете да прошетате и до соседните места ( Палермо, каде има замок само не ми текнува колку се плаќаше), Јала е преубава...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Тркнав на 3 дена до Саранда (попатно од Крф, на враќање), поточно во Ксамил... ме интересираше какво е местото, дали вреди да се размислува за туризам во иднина, да се оди...
Мој заклучок = понастрана сите од тој дел на Албанија што размислувате за одмор, море ако размислам подобро, цела Албанија последниве 2 години се претвора во дивјачка творевина.
Ко прво Ксамил, почнале да го прават патот асфалтен, ама од која и да тргниш страна мора да извозиш некој километар по неасфалтиран пат, крш целиот. И внатре во селото само главните улички се асфалт. Другото ко во мариовско село е. Апартманот кај што бевме немам збор, навистина беше убав. Имаше клима, ама џабе ти е кога немаше напон струјата за да работи, па умрев од жештина. Дури на фрижидерот имаше регулатор на напон за да работи нормално. Сијалицата трепка целата и не свети со полна јачина. Вода има, ама притисокот слаб.
И за цените се неверојатно искурназени. До пред две години беше навистина евтино, ама сега изгледа им понавалија повеќе туристи и си мислат оти во Монако живеат. Дигнале цели на апартманите преку 30 евра, дури и 40-50, а има и за повеќе бараат. Ако имаш среќа ќе се исценкаш за 25. Од љубезноста и учтивоста кон туристите не останала ни трага, освен во ретки случаи. Гледаат на секој начин да те закрпат, да ти земат на секој начин пари. Никаде цени нема поставено, на ништо... па цената на прозводот е диктирана во зависност од желбата на продавачот колку сака да те укради во моментот. Пример, едната вечер пијам сок за 100 леки, наредната идам ми бара 150. Му викам како така, сношти 100 ми побара, не 150 вика. Добро, чао, не ми треба сок... не сакам никој будала да ме прави.
И уште една важна работа. Сите плажи им се окупирани со лежали, исто како во Охрид. И бараат околу 4 евра ако не се лажам за 2 лежалки со чадор. Ако пробаш да поставиш своја крпа треба со тоа стоките да се расправаш оти ќе дојдат да те бркаат. Мене инаетот и нервозата ми пукнаа в’глава и ги одебив, не им станувам па ако сакаат еж нека родат. Па и тоа лежалките ги настегале една до друга, човек да не можи меѓу нив да помини, се’ само да собери што можи повеќе. И пак половината празни им зјаеа.
Е тоа е вака од мене впечатоците од Саранда/Ксамил. Некој ако се интересира за нешто друго, нека пиши, слободно ќе му кажам...
 
Член од
11 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
20

Као што разбрав, ова се однесува само на Ксамил а не и на Саранда? Нешто сум во размислување годинава фамилијарно натаму да отидам, ама ова што го кажа дава и друга слика за ситуацијата. И кажи за патот, претпоставувам пак преку Грција се враќаше, во каква состојба е тој дел накај Албанија и колку време потроши?
 
Па подобра е нешто Саранда, пример навечер е убаво за шетање покрај брегот по шеталиштето. По среден е тој дел во центарот, ама периферијата и таа на ништо не личи, сето зграда до зграда издигано, воздух не поминува измеѓу. Се гледа оти урбаната мафија мајче ебала кај што чепнала.
Патот е убав, се до пред тоа езерото кај Ксамил. Е тука треба да се исклучиш по еден локален пат (таблата не треба многу за да се промаши), иначе треба плус 20тина километри да вртиш околу целото езеро. Па неколку километри е катастрофа патот, неасфалтиран, камења... има после асфалт, целиот дупка до дупка. Па стасуваш до каналот кај што треба со сплавот да преминиш и од другата страна е убав, нов асфалт има.
Не кажа од кој град ќе тргаш. Иначе, отприлика иди 5-6 саати од Битола граничниот премин, па се’ до таму, ако немаш гужва и многу задржувања по граници.
Мој совет, ако ти пречи она сето наведеното во претходниот пост, немањето инфраструктура, немањето осет за туризам од нивна страна и слично... подобро не оди Албанија. Пред неколку години убаво им тргна со туризмот, многу беа љубезни, цените ниски, урбаната мафија ги немаше упропастено градовите. Ама за 2-3 години е сторено катастрофа.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
Здраво, мене ме интересира дали има некој што во скоро време бил во саранда да каже како е ситуацијата со комарците дали навечер напаѓаат со исто темпо како и во Ксамил, за таму читав дека око не се склопувало навечер од 50 комарци во соба :mad:
 
Незнам што очекуваш, комарци се, нормално оти касаат ко здивени... тоа е кога не се прска. Ама без гајле, првите неколку дена ќе те искасаат, па после откако ќе нема место кај да те каснат, а и си се навикнал веќе... ќе ти биде сеедно :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Купете си Raid, оние што испуштаат миризба, што се ставаат во штекер и немаш гајле. Или пак Autan.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не кажа од кој град ќе тргаш. Иначе, отприлика иди 5-6 саати од Битола граничниот премин, па се’ до таму, ако немаш гужва и многу задржувања по граници.
Кажи ми каков е патот преку Грција до Саранда? И од Саранда до Валона како е?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Кажи ми каков е патот преку Грција до Саранда? И од Саранда до Валона како е?
Од Саранда до Валона многу опасен пат, да не речам планински ама нов пред 3 год направен, широк, квалитетен со највисоки стандарди, ако одиш по обала, инаку имаш е еден друг, слушнав и тој го направиле сега преку Ѓирокастер. За од Грција не знам, не сум бил...;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Кажи ми каков е патот преку Грција до Саранда? И од Саранда до Валона како е?
Патот е многу убав, 90% е автопат, се’ до Игуменица. Од Игуменица до Саранда е 50-60 километри по обичен пат, ама е добар, нов асфалт од албанска страна има. Е ако одиш во Ксамил ќе треба да возиш неколку километри по макадам.
Од Саранда до Валона е исто така асфалтиран, релативно нов пат, само што е наменет исклучуво за ентузијасти да го возат. Еден од најживописните патишта што сум ги возел во животот. има околу 120-130 километри, а го возев околу 4-5 саати. Просек 30-40 км/час. Целиот е кривини од 180 степени и неколку пати те качува до врв на планината, па те спушта до море долу. Како и да е, ако сте љубители на scenic drives со прекрасна глетка на Јонско море, не е лошо да го извозите барем еднаш тој пат :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А колку е траектот за кола до крф?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
А колку е траектот за кола до крф?
Зависи до кое место на островот, има две опции. Една опција е до главниот град Corfu Town и чини 40 евра за кола и по 10 евра од патник (во еден правец) и се патува околу саат и 40 минути. А другата опција, јас што бев, е до Lefkimmi, на најјужниот дел од островот и така чини 26,4 евра за кола и по 6 евра за патник (во еден правец), а се патува точно 1 саат. Од Lefkimmi до Corfu Town има околу 40 километри, ама се исплаќа во секој случај возењето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom