Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
И парите и татковината. Е ај сеа, ако ми се може, зошто не?
Да се разбереме, стандарди се во прашање. Работиш во странство, плата имаш просечна за таму и тоа уствари не е некоја пара, со која може да се има нормален и удобен живот. Таму трошоците се енормни во однос на нашите. Јасно нели како ден.
Држава да оправаме, не можеме. Прилики за чекор напред, за добро животче едноставно мора да ги прифаќаме, дали тоа ќе аргатам за таму просечна плата и ќе ја пцујам таа туѓовина, ама ќе се вратам тука и ќе живеам удобен живот. Ете тука ќе ги потрошам парите, и тоа е нешто за државата, малценце што нема да ја оправи, ама убаво ќе ми е.
А сега ако сериозно планирам да градам кариера на страна, со која што би можела да си обезбедам надпросечна плата и удобен живот, тогаш секако идеме натаму. Дома ќе се враќам ради блиските личности, ради татковината и ... не би ми фалела толку, ако во другата ми е совршено.
 
П

Пепси_

Гостин
хахаха ама ме инзасмеа

а каде тоа менталитетот и културата се толку подобри од тука????
:pos::LOL::tapp: германија,франција,словенија.... 3 доста се ? Најниска култура имаме бе а почит никаква. Се делиме по кој каква кола има,кој како е облечен и кој колку има,и кој на кој бил. срамота !
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.794
Поени од реакции
17.550
првин иде ова
Тука ќе се снајдиш само партиски...
па ова
Лично јас бев примена партиски во едно од министерствата во Македонија пред неколку месеци
И на крај заклучокот е овој
јас спаѓам во групата која сака да ја напушти Македонија поради главната причина менталитетот и културата која владее тука.
Мислам дека ова е доволно за да сватиш кој е проблемот на македонија и на културата што владее во неа.А тоа сме ние,граѓаните.
 
A

Antigona

Гостин
хахаха ама ме инзасмеа

а каде тоа менталитетот и културата се толку подобри од тука????
Холандија, Австрија, Данска , Чешка, Белгија, Луксембург, Германија, Монако, Франција и Ирска( овие ти ги набројав бидејќи лично ги имам посетено)

А не се сомневам и во многу други земји кои се далеку на повисоко ниво( во култура и менталитет) од нас.
--- надополнето: Aug 21, 2011 9:08 PM ---
Мислам дека ова е доволно за да сватиш кој е проблемот на македонија и на културата што владее во неа.А тоа сме ние,граѓаните.
Значи до тука е работата...готово сфативме кој е проблемот и толку сега, ќе се помириме со ситуацијата и ќе продолжеме со животот.......битно тој е проблемот и толку, нема никој да се противи туку ќе тераме така, и цел живот само така упорно повторувајки го истиот проблем од генерација на генерација, се до смрт :notworthy:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.794
Поени од реакции
17.550
не нема да се помириме со ситуацијата..Ке пробаш да смениш нешто ако сакаш.Нема партиски да се вработуваш и фактички да го правиш тоа што го нејкеш да го има..Али гајле ти е нели си прошетала бајаги глеам,кај и да е ке си киднеш и ја твое место не би се замарал.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
би одбрала странство, не толку за парите, повеќе за да избегам од овој малограѓански менталитет
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
читам поназад некој пишал се живее добро со 23000 ден во други градови освен скопје, точно толку ни се примањате месечно, и тешко да се доплатиш до крај и да ти остани барем 500 ден. да заштедиме за другиот месец, често сме минус (3 члено семејство) и замисли па нешто кредитни картички или па кредит да имаш подигнато, си наебал начисто овде, мајка ми заработува 9 000 преку сила, баба ми има пензија од речиси 7 000, трошоци имаш секој месец за различни работи, за огрев, сметки,кредит,факултет,превоз до битола(таму студирам) прехрана итн..... со 30 000 едвај ќе поминеш а не па со 23000.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Тој што напоменал дека се живее добро со 23К месечно можеби заборавил да напомене дека живее во ептен мало место и самиот си произведува за јадење.
Дури тогаш би имало некакви шанси да имаш пристоен(читај не да прежувуваш) живот.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Холандија, Австрија, Данска , Чешка, Белгија, Луксембург, Германија, Монако, Франција и Ирска( овие ти ги набројав бидејќи лично ги имам посетено)

А не се сомневам и во многу други земји кои се далеку на повисоко ниво( во култура и менталитет) од нас.
--- надополнето: Aug 21, 2011 9:08 PM ---
ти посакувам срекен пат и провод во некоја од набројаните земји, и дал бог никогаш да не би се вратила тука кај нас некултурните дивјаци:vozbud:

како ги имаш набројано претпоставувам си била на апсолвентаска по ден два во секоја од земјите...еве и да не е така.

Француското безобразие, некултура и арогнација се мерило за менталитет?
Германско - Словенечката стерилност, идиотизам, фригидност и роботика се мерило за човечност?
Холандската забеганост? или можеби источноевропската смуртеност? или Шпанско-Грчкиот цингачулук?

точно е, си имаме свои мани, АМА ДАЛЕКУ...СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ДАЛЕКУ од набројаните ни европски пријатели кој можат да учат за култура, гостопримство, семејство и пријатели...

се друго е твој личен комплекс према сопствениот народ.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
кажете ми како живеат пензионерите на пример во странство????
велите - таму има пари, таму се’ можат да си приуштат -па дури и да заштедат.
Сакате ЕУ- мислите дека со влезот таму ќе ви се оствари животниот сон- ќе имате високи примања и тн
сте се запрашале како и колку земаат бугарите??
еве ви доказ- нивните пензионери живеат бееееедно, како и останатите- од маркетите крадат храна и ја кријат во гаќи
лицата меѓу 15 и 35 години на лице место отвараат флаши со алкохол и сокови - пијат во маркет- оти немаат пари да купат,јадат чипсови и фстаци - а оставаат празни кутии по рафтовите
а останатите- применуваат трик- од 200-грамско паковано филе- ја вадат етикетата и ја лепат на некое од 500 грама- само да платат помалку
http://vestnici.actualno.com/news_357733.html
--- надополнето: Aug 22, 2011 5:06 PM ---
исто по темава-
http://forum.kajgana.com/threads/Бабичка-украла-2-сникерса-и-умрела-од-срам.48614/page-3
 
A

Antigona

Гостин
ти посакувам срекен пат и провод во некоја од набројаните земји, и дал бог никогаш да не би се вратила тука кај нас некултурните дивјаци:vozbud:

како ги имаш набројано претпоставувам си била на апсолвентаска по ден два во секоја од земјите...еве и да не е така.

Француското безобразие, некултура и арогнација се мерило за менталитет?
Германско - Словенечката стерилност, идиотизам, фригидност и роботика се мерило за човечност?
Холандската забеганост? или можеби источноевропската смуртеност? или Шпанско-Грчкиот цингачулук?

точно е, си имаме свои мани, АМА ДАЛЕКУ...СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ДАЛЕКУ од набројаните ни европски пријатели кој можат да учат за култура, гостопримство, семејство и пријатели...

се друго е твој личен комплекс према сопствениот народ.
Ја знаеш онаа „ однесувај се кон другите како што сакаш тие да се однесуваат кон тебе„ ????

Изгледа не ја знаеш, па штом ти вака арогантно се понашаш очекувај ароганција и од спротивната страна. Што да ти правам кога самиот се етикетираш и самиот си правиш проблеми во животот со останатите нации во светот.

Да си беше културен и фин, ќе те прифатеа и во Марс, Јупитер, Нептун и Плутон , а вака остани си во Македонија

П.С. Морав да напишам на ист начин на кој ти ме имаш цитирано за да се разбереме, нели и и двајцата сме од Македонија , па типично македонско понашање е ова меѓу мене и тебе :)
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Многу е лесно да се глуми патриот со полн џеб, но тешко се размислува кога џебот ти е празен и ти крчат цревата (n)
Секој гледа да се среќни и да им е добро прво на себе па после и на неговите најблиски, т.д. доколку јас имам добар живот и можам да си ги исполнам сите мој потреби и дел од мојте желби би останал, но доколку неможам да сврзам крај со крај би си ја пробал среќата јебеш ти патриотизам ако треба да умреш од глад за некој друг кој е „поголем патриот„ од тебе да си го наполни џебот :mad:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Работата е што ние ко нација сме научени да лепнеме етикета на милионска популација само поради искуство со неколку илјади примероци од таа популација. Знаете да речете дека за жените е преголемо искуство да кажат дека сите мажи се исти. Не е па уште поголемо искуство да си дозволите да кажете дека сите французи/германци/словенци/американци/латиноамериканци/скандинавци се исти?

Не знам зошто некои луѓе не можат да се помират со фактот дека има и такви кои среќата не ја гледаат тука во земјава. Не еднаш сум кажал, една птица не ја чини пролетта.
Па така и неколку лоши приказни за погоре посочените земји не менуваат факт дека ако си вреден таму, те вреднуваат баш колку што заслужуваш.

Прост пример, онака НАЈПРОСТ.
Според анкета извршена пред некое време (линкче до неа), јас ако отидам во странство со хемијата моја и се покажам ко шо треба ќе имам некоја убава бројка може не иста ко првата, ама нешто такво. Во златнава Македонија, појше од 600-700 евра нема да можам да помислам да ги имам.
Кога ќе споредам како е мојата област ценета во странство а како тука, мислам дека многу - многу нема што да му се мислам.

На крај, кој сака нека седи во Македонија - кој не, границите се отворени.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Уште еднаш ќе кажам сите оние што толку ги испофалија државите како Шпанија, Франција , Германија и Ирска очигледно или никогаш не живееле во странство или пак никогаш не живееле во Македонија за да можат да направат реална споредба. Оние кои бегаат од Македонија најчесто се приморани да го сторат тоа а не поради некаква љубов или нешто. Оне пак кои се снајдени во Македонија а мечтаат за Прага , Берлин, Париз тоа е најверојатно поради многу кусото ескурзионо искуство во овие држави.
Идеален менталитет не постои секој си има предности и мани. Најголемиот проблем кај македонскиот менталитет е малограѓанството и недисциплината иначе што се однесува до карактеристики како фамилија, гостопримство, комуникативност , социјална компетентност, култура на исхрана, култура на однесување во туѓ дом и друго можат вода да ни носат сите кои најчесто се набројувани на оваа тема.
На крај нема поубаво од дома за сите оние кои успеале да се снајдат за пристоен живот, сите станати ја напуштат земјата од што морат, не од што и фали нешто. Но најдобро за секој да излезе на неколку години и да набилда малку компетентност па потоа да споредува Македонија со „надвор„..
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581

Па, сигурно нешто повеќе и фали, штом толку луѓе мораат да ја напуштат. Логично, зарем не !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom