Ќе добие ли Македонија визна либерализација до крајот на 2009?

Ќе бидат ли укинати визите до крајот на 2009?

  • Да

    Гласови: 66 48,2%
  • Не

    Гласови: 71 51,8%

  • Вкупно гласачи
    137
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„ЕУ Обсервер“: Македонија, Србија и Црна Гора на „белата шенген листа“ до крајот на годинава
17/06/2009 09:13:00
Големина на фонт:

По одлуката на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, се отвори можноста до крајот на годинава да се завршат сите фомалности за укинување на шенген визите за граѓаните на Македонија, на Србија и на Црна Гора, објавува бриселскиот интернет сајт „ЕУ Обсервер“.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ побараа од Европската комисија да подготви предлог за безвизен режим со земјите од Западен Балкан кои ги исполнија условите. Еврокомесарот за проширување Оли Рен најави дека тоа ќе се случи во јули пред летните одмори. Останува да се добие мислење од Европскиот парламент и од државите членки на ЕУ. Штом се добие зелено светло од нив, Министерскиот совет ќе донесе и формална одлука за укинување на визите.

Македонија, која е кандидат за членство во ЕУ, е најнапредна во процесот на визна либерализација и ги исполни сите неопходни услови. Србија и Црна Гора исполнија повеќето од критериумите и се очекува да ги завршат преостанатите обврски до крајот на годинава, пишува „ЕУ Обсервер“.

ALSAT-M

Иако досега само негативни вести ни стигале од ЕУ мислам дека визната либерализација е се по извесна...
Ова ќе биде голем чекор за сите нас и мислам дека на основа на тоа кај многумина ќе се променат ставовите и перцепцијата за промена на името...
Јас сум оптимист по оваа прашање и мислам дека по ветото за прием во НАТО каде што апсолутно го заслуживме своето место, по постојаното наметнување на нови услови за отпочнување на преговори со ЕУ , за визната либерализација ќе нема изговор...

Единствено што може да не сопне да сакат да не бутнат во пакет со Србија и Црна Гора...Иако мислам дека и овие две држави ќе добијат либерализација...Тоа би било добро за регионот..
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
...хе..хе...што наивен народ......па јасно е зошто сите ВЕ СМЕТААТ ЗА ОВЦИ.....вакви и такви...но сепак ОВЦИ

има ли некое и НАЈМАЛО условување????????....е тогаш НЕМА безвизен резим...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
По одлуката на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, се отвори можноста до крајот на годинава да се завршат сите фомалности за укинување на шенген визите за граѓаните на Македонија, на Србија и на Црна Гора, објавува бриселскиот интернет сајт „ЕУ Обсервер“.
Можноста.......е тоа е клучниот збор
Значи само можност, шанса.......т.е. ветер и магла.:helou:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тоа ти е,политичарите најпрвин не уверуваа дека сме НАТО предводници ама испаднавме од игра,сега “дркаат“ дека сме спремни за визна либерализација,ама изгледа ќе треба да ги пречекаме и Албанија,Босна но и Косово,покрај извесните Србија и Црна Гора.Ај овие двете ќе ги “либерализираат до Нова Година,ама со Босна и Косово па и Албанија ќе треба да се почека 2014та,по се изгледа.Џабе ќе бидат “свршувањата“ на Јанкуловска,Боцевски или пак Грујо одвреме-навреме.:toe:
 
АБЦ да се кладиме ако сакаш дека твоите црни прогнози не се точни...
Јас сум цврсто убеден дека ЕУ со визната либерализација ќе сака да ги омекне сите неправди кои ни ги нанесоа во последните две децении...
И на нив им е јасно дека овој народот заслужува каква таква сатисфакција освен ако не сакат на цело да не уништат , ама не верувам дека на некој во ЕУ му е дојдено до пвторни срања на Балканот...А во Македонија ќе ги има дефинитивно ако прикаската со Визите заврши негативно за нас...
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
АБЦ да се кладиме ако сакаш дека твоите црни прогнози не се точни...
Јас сум цврсто убеден дека ЕУ со визната либерализација ќе сака да ги омекне сите неправди кои ни ги нанесоа во последните две децении...
И на нив им е јасно дека овој народот заслужува каква таква сатисфакција освен ако не сакат на цело да не уништат
, ама не верувам дека на некој во ЕУ му е дојдено до пвторни срања на Балканот...А во Македонија ќе ги има дефинитивно ако прикаската со Визите заврши негативно за нас...
Ти си вистински оптимист. Мислиш дека на ЕУ му е дојдено да ја исправи неправдата кон нас. Зошто тогаш не натераат една членка да не прифати такви какви што сме. А со визна либерализација нема да се спречат сите можни срања кои следуваат на Балканот....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ти си вистински оптимист. Мислиш дека на ЕУ му е дојдено да ја исправи неправдата кон нас. Зошто тогаш не натераат една членка да не прифати такви какви што сме. А со визна либерализација нема да се спречат сите можни срања кои следуваат на Балканот....
Визната либерализација ќе ги омекне состојбите на Балканот затоа Европа по секоја цена сака да ги ветне и Србија и Црна Гора во пакет со нас иако реално не се целосно спремни...
Работите на Балканот повторно се заоструват а визната либерализација сосема сигурно ќе ја опушти состојбата...и на некој начин ќе ја врати вербата во ЕУ на граѓаните од овој дела на Европа...
Не мислам дека тие се загрижени за нас туку едноставно не сакат нови проблеми....
Освен тоа немат изговор за било какво одложување...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Да веќе доби Македонија, и мене не ми е јасно кои се тие дури 72. што гласале против :lud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom