Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
... yada, yada yada... Кој е вистинскиот пат, со него или без него.... yada yada yada, фејсбук песни посвети нешо ова,она,
Некаде низ постов ми се провлекоа овие горни зборови. Кој е вистинскиот пат... Тој што ти ќе се решиш да го одбереш. Никој од нас тука не може да ти каже шо чоек е овој погоре, затоа што повеќе од јасно е дека ти треба еден вид на афирмација само да знаеш што понатаму, а не информација повеќе за типот.
Афирма...овај де советот се сведува на ова: Дали се гледате често или најмногу комуникацијата ви се сведува на интернет/пораки? Ако е второво тогаш можам конкретна дијагноза да ти дадам а тоа е дека ти не си спремна да го сакаш него, уствари си у онаа фаза на затресканост од која нема лесно бегање. Го идолизираш типот ради тоа што некад нешто си имала блиско, но веќе немаш. Понатаму секоја порака или песна што тој ја става на фб секако дека ќе побудува љубопитност од твоја страна и ќе се прашуваш „еј ова за мене ли ми е?“. Нема крај, никогаш. Најсериозно. Бриши го, пошо како и самата викаш ти нанесува болка.
Ако е првото тогаш е потешко, особено ако и после раскинот вие се гледате. Тука треба само и само воља. Добрата страна е што идолизирањето произлегува само поради некогашни добри времиња кои веќе не ги имаш. Вољата ќе ја разбудиш со самосвест кога ќе сфатиш дека некогашните времиња се историја а не сегашност.
Да бркаш некој втор, трет за да го заборавиш стариот и не е секогаш решение. Особено ако знаеш дека тоа не пали на тебе. Оди на втората опција а тоа е да научиш да живееш сама едно време додека не се свестиш малку повеќе на својот избор како single објект - да бараш нова жртва. Пошо од врска на врска не секогаш се скока инстантно.

Со среќа.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.251
Поени од реакции
4.476
... Му имам многупати кажано дека доколку планира нова врска да разговара со мене со оглед на тоа дека знае што се уште чувствувам за него.
Jaааа мајката. :icon_lol::icon_lol::icon_lol: Колку искрено од твоја страна. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Ти практично му се нудиш, ма буквално му се нудиш и ако он нема попаметна работа читај други кандидатки, ќе те бара за секс и ќе те користи. Од кој следен чекор стравуваш? Зошто раскинавте еве кога веќе пишуваш интима?

Ти треба да се запрашаш самата, како би му било интересно него, да се влечка одново со тебе откако сте завршиле. Нели е патетично?
Па пријател да останам после врска со некоја? Лицемерно да се поздравувам?

Бев и ја на 18-19 години ваков, еве нека биле и 20, кога ме потресуваа вакви банални ствари, ма ме потресуваше и кога некоја ќе ми кажеше ејјјјј коооолку си фин некоја сигурно ќе ги види твоите квалитети, а во мене секогаш ќе најдеш добар пријател дрн-дрн ти реков ми рече. Па ќе се фати за левата циц..ова срцето де, да изглеа дека го мисли тоа што го зборува. :icon_lol:

Па ќе ја игнорираш, па сама ќе те побара или ќе ти пише за факс нешто ти мислиш дека магично презема иницијатива... на фејсбук. Или ќе објави некоја песна don't believe in love, па се тешиш, добро е не беше до мене, она не сака никој па ваков убавец и гениј ко мене ќе сакала. :icon_lol: :icon_lol:

Тебе ти треба да ти каже некој у фаца дека си патетична, остај тука шо ќе прочиташ. По можност некој од спротивниот пол.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
14
Jaааа мајката. :icon_lol::icon_lol::icon_lol: Колку искрено од твоја страна. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Ти практично му се нудиш, ма буквално му се нудиш и ако он нема попаметна работа читај други кандидатки, ќе те бара за секс и ќе те користи. Од кој следен чекор стравуваш? Зошто раскинавте еве кога веќе пишуваш интима?

Ти треба да се запрашаш самата, како би му било интересно него, да се влечка одново со тебе откако сте завршиле. Нели е патетично?
Па пријател да останам после врска со некоја? Лицемерно да се поздравувам?

Бев и ја на 18-19 години ваков, еве нека биле и 20, кога ме потресуваа вакви банални ствари, ма ме потресуваше и кога некоја ќе ми кажеше ејјјјј коооолку си фин некоја сигурно ќе ги види твоите квалитети, а во мене секогаш ќе најдеш добар пријател дрн-дрн ти реков ми рече. Па ќе се фати за левата циц..ова срцето де, да изглеа дека го мисли

Па ќе ја игнорираш, па сама ќе те побара или ќе ти пише за факс нешто ти мислиш дека магично презема иницијатива... на фејсбук. Илие ќе објави некоја песна don't believe in love, па се тешиш, добро е не беше до мене, она не сака никој па ваков убавец и гениј ко мене ќе сакала. :icon_lol: :icon_lol:

Тебе ти треба да ти каже некој у фаца дека си патетична, остај тука шо ќе прочиташ. По можност некој од спротивниот пол.
Зар мажите не сакате кога некоја ви кажува дека ве сака? Обично се лутите која некоја не ви изразува чувства и ја етикетирате како курва, неспособна за изразување или ладна кучка, зар не е така? Или не сакате искреност, туку игрички од понежниот пол за на крајот да се жалите дека сте игнорирани затоа што е дрска и незаинтересирана. Кого зезаш овде? Ако имам добро забележано повеќе од проблемите се од мажи кои се жалат дека не се забележани, игнорирани или некоја трета причина. Наведи каде грешам за да продолжам.
Кога веќе ме прашуваш која е причината за крајот тоа беа трети лица кои се вмешаа од страна. Не знам кој и немам прашано затоа што тој период бев одлучна да завршам со секој контакт кој ме зближуваше со него, заеднички пријатели или роднини. Бев одлучна додека не се врати со изговори. Кој е патетичен овде и зошто мислиш дека сум јас затоа што изјавувам чувства? Зар добитна комбинација е да ги кријам во себе? И да глумам бич моуд која ќе гази се пред неа ?
Ако си волку паметен како што се претставуваш тогаш дај ми ја точната формула да заборавам на се, на сето што поминав и да започнам нов живот.
Не е убава постапка тоа од него а многу помалку од тебе затоа што со навредувачките зборови воопшто не помагаат. Фала.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207

Не сака да ти каже дека треба да си играш со неговите чувства. Сака да ти каже дека не треба да дозволуваш тој да си игра со твоите.
Само ти го кажа малце поофанзивно.
Супер е да бидеш искрена и да му кажеш на некој дека го сакаш али под услов тоа да биде взаемно.

Воглавно луѓето не забораваат на стари љубени пошто не си дозволуваат, самите се држат себеси во таа ситуација, they cling on to wishful thinking.
Не, батали искачање со дечко со цел тој да ти биде замена на прошлиот. Тоа е многу лош потег.

Block, delete бројот запиши го ко "don't call - don't answer". Искачај со другарки, другари иди на пинг-понг во Борис Трајковски, иди на викенд негде со твоите
и остај го да избледе од сеќавање.

Тек тогаш, кога ќе бидеш способна да пројдеш покрај неговата куќа без да го тегнеш вратот во надеж дека ќе го видиш ќе имаш шанса за врска која нема да ти биде rebound на претходната.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
@Кип_Дачејнџ Кaкo тoa ти дoјде дo зaклучoк декa сo ниеден друг не мoжеш дa бидеш среќнa? Сo кoлку пoсле негo имaш излезенo? Штo имa тoј тие штo немaaт? Мoжеби не си сретнaлa некoј сo дoвoлнo квaлитети(незнaм кaкo дa се изрaзaм, незнaм штo ти е нaјбитнo, штo преферирaш кaј пaртнерoт) дa те нaпрaви среќнa.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.251
Поени од реакции
4.476
Mногупати и ова ми се случило, да му ја кажуваш на некој реалноста каква е без влакна на јазикот, а тие мислат дека ги вреѓаш.

Не можеш за сите да зборуваш што сакаат. Да, многумина сакаат искреност и без игри, ама овој твојов како што јас заклучив, а и сите што ти коментираат на постот, не е таков.

Чувства искажуваш на некој што ги прифаќа, те почитува и цени. Се друго е патетика. Колку подобро сфатиш и не те погодуваат банални ствари, ко мојот прв коментар, толку подобро за тебе.

И уште ова, не си bitch mode ако ја прифатиш реалноста.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
@Кип_Дачејнџ Кaкo тoa ти дoјде дo зaклучoк декa сo ниеден друг не мoжеш дa бидеш среќнa? Сo кoлку пoсле негo имaш излезенo? Штo имa тoј тие штo немaaт? Мoжеби не си сретнaлa некoј сo дoвoлнo квaлитети(незнaм кaкo дa се изрaзaм, незнaм штo ти е нaјбитнo, штo преферирaш кaј пaртнерoт) дa те нaпрaви среќнa.
Не, некад и не мора да бара нов за да забораи стар јер таквата акција има спротивен - бумеранг ефект.
Она треба еден момент да се дистанцира од врски, да искача со другарки, да си живее еден „боли-ме-кур-за-све“ живот додека не помине барем ефектот на навраќање кај бившиот. А тоа ќе се деси као што погоре кажа Нереси коа нема да врти глава коа ќе помине под неговиот дом.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.962
Не знам кој и немам прашано затоа што тој период бев одлучна да завршам со секој контакт кој ме зближуваше со него, заеднички пријатели или роднини. Бев одлучна додека не се врати со изговори. Кој е патетичен овде и зошто мислиш дека сум јас затоа што изјавувам чувства?
Извини вака, но сама си виновна што се осеќаш патетично.
Кога веќе си решила да немаш контакт со него, зошто се предомислуваш на 2-3 збора кои ќе ти ги сврти? Тој се вратил со изговори. Тоа не е изговор за ти да потклекниш, а некои од причините за враќање со бивш е осаменост, страв од непознато што следи, па и од навика, иако знаеш дека е погрешно тоа.
Свести се дека сама на себе си најголема потпора и дека ти одлучуваш за твоите постапки без никој да влијае врз твоето размислување.
Арно ти пишаа веќе, блок од фб, избриши го од телефон, не се интересирај дали е жив буквално. Најди си занимации, биди малце порешителна и со тек на време ќе заборавиш. Потполно ќе заборавиш кога на негово место ќе дојде некој друг.
Али ти сама си се закопуваш ко што гледам, имаш некоја надеж за романси и триста глупости, а тоа ако ти сама не си се свестиш, никој во глава не може да ти го стави.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Не, некад и не мора да бара нов за да забораи стар јер таквата акција има спротивен - бумеранг ефект.
Она треба еден момент да се дистанцира од врски, да искача со другарки, да си живее еден „боли-ме-кур-за-све“ живот додека не помине барем ефектот на навраќање кај бившиот. А тоа ќе се деси као што погоре кажа Нереси коа нема да врти глава коа ќе помине под неговиот дом.
Јa не рекoв дa се зaлетa нa првиoт шo ќе нaиде. Сепaк, кoгa тoгaш ќе требa дa си нaјде некoј. Пo муaбетoв изгледa oнa е зaтрескaнa у негo a oн јa чувa кaкo резервa. Дa јa цени немa дa јa oстaи ние нa фoрум дa и ги решaвaме прoблемите.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
Јa не рекoв дa се зaлетa нa првиoт шo ќе нaиде. Сепaк, кoгa тoгaш ќе требa дa си нaјде некoј. Пo муaбетoв изгледa oнa е зaтрескaнa у негo a oн јa чувa кaкo резервa. Дa јa цени немa дa јa oстaи ние нa фoрум дa и ги решaвaме прoблемите.
Јасно е тоа. Но и не е така лесно одма да скокне на друг затоа што огромен е ризикот да го гледа со очите со кои го гледала бившиот. Така да треба време да сфати. А додека да сфати....
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зар добитна комбинација е да ги кријам во себе?а.
Во многу голем дел од случаевите - да.
Во филмовите и книгите секогаш ни кажувааат како треба да бидеш отворен, да искажуваш чувства и слично, но реалноста е поинаква. Не секогаш вреди да покажеш чувства, не секогаш треба да кажеш што осеќаш.
Треба и процена да се направи.
Вашето завршило колку што разбрав.
После свадба, тапани џабе чукаат.
Која е поентата да ги кажеш тие чувства? Демек ќе му светне сијаличката и ќе ти се врати?
Не. Ќе направиш само да му е незгодно и непријатно и нема да знае што да ти каже.

Во ред е да се бориш за тоа што го сакаш, но џабе е се, ако тоа што го сакаш не се бори за тебе.

Некогаш треба достоинствено да признаеш пораз и да се повлечеш.

Многу често, самите луѓе се опседнуваат, посебно кога нешто не можат во моментот да го имаат, па самите си ги преувеличуваат чувствата.

Ако толку мислиш дека е болно, избриши го и од ФБ и од телефон, очигледно потклекнуваш лесно.
Некое време ќе ти биде тешко, ама ќе ти помине. Секогаш поминува. Ако дозволиш да помине.

А и да, пријатели после раскинување... - :pos::pos::pos:
Може само добри познаници, ако врската била лабава или ако завршила пристојно.
Иначе пријатели после раскинување - јок.
 
Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Многу е лесно да кажеш на друг како да постапува и да се однесува, ама се дур не се најдиш во неговата кожа не знаеш како е. Многу пати се случило и јас така да постапам и да делам совети на други, ама кога ќе се најдеш во ваква ситуација ништо не пали. Знаеш делумно и сам што треба да правиш, ама не можеш. (затоа што потсвесно се надеваш сеуште)
Она шо рекле "нагоре високо, надолу длабоко", д буквално таква ти е ситуацијата тука. Сакаш назад не можи, напред не знаеш како, и си стоиш в место.
Мој совет ти е да не го бришеш од фб, само отследи го, џабе ќе бришеш од сегде кога од глата не можеш да го избришеш.

Јa не рекoв дa се зaлетa нa првиoт шo ќе нaиде. Сепaк, кoгa тoгaш ќе требa дa си нaјде некoј. Пo муaбетoв изгледa oнa е зaтрескaнa у негo a oн јa чувa кaкo резервa. Дa јa цени немa дa јa oстaи ние нa фoрум дa и ги решaвaме прoблемите.
Последната реченица :facepalm:
Темава е за совети, никој не решава туѓи проблеми тука.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
^А зaштo бaрa сoвет? Зaтoa штo и aрнo или имa прoблем кoј незнaе кaкo дa гo реши? Еве ти тебе еден :facepalm:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
Многу е лесно да кажеш на друг како да постапува и да се однесува, ама се дур не се најдиш во неговата кожа не знаеш како е. Многу пати се случило и јас така да постапам и да делам совети на други, ама кога ќе се најдеш во ваква ситуација ништо не пали. Знаеш делумно и сам што треба да правиш, ама не можеш. (затоа што потсвесно се надеваш сеуште)
Она шо рекле "нагоре високо, надолу длабоко", д буквално таква ти е ситуацијата тука. Сакаш назад не можи, напред не знаеш како, и си стоиш в место.
Мој совет ти е да не го бришеш од фб, само отследи го, џабе ќе бришеш од сегде кога од глата не можеш да го избришеш.

Последната реченица :facepalm:
Темава е за совети, никој не решава туѓи проблеми тука.
Се` тоа во ред, но болдот е како да го избрише од глава.
Треба многу труд кој чини пред се` трпение и време. Сето тоа се упропастува веднаш по 2-3 клика пошто реално толку треба човек да дојде до профилната страна на бившиот. Многу луѓе мислат дека е безазлено да буљиш во профилната на бившиот/ата но не се свесни колку всушност ги чини време и трпение. Мислат дека така се преболувало стара љубов. Тоа раѓа само манијакални опции, недоволна реализираност како личност, признавање на слабост кон нешто што реално и не може да ти одговори никако пошо 1. немаш храброст да пишеш да се видите за последен пат, 2. не можеш да укапираш дека е крај, 3. создаваш иконопоклонение кон бившиот/идолизираш нешто што оддамна е ставено во крај но сметаш дека имаш потполно право за да го поправиш истото, секако после многу прокоцкани шанси.
Денес луѓето не знаат да дадат шансата исто како што не знаат да ја прочитаат дадената шанса. Тоа не е љубов. Тоа се разочарувања во најмала рака од кои сметаме дека сме имале потполно право и обврска да го добиеме оноа што сакаме да го слушнеме.
Надеж? За што надеж? За нешто што е година дена во умирање?
Убава е надежта кога работите се малку скршнати од колосек, караница некоја ден-два незборење. Не вака цела година. Тоа што Crazy in love погоре го пиша за идеализирањето како во филм/книга јас би ја додал надежта дека од премногу прочитани книги/изгледани филмови, мислиме дека се` е така...пребродливо. Книгите и филмот пред се` се продукт на фантазијата, не на реалноста. Реалноста нуди многу поедноставен пат но по горчлив за премостување. Yada yada клише муабети, но треба човек да се разбуди и веќе еднаш да сфати дека во светот највеќе е сам ковач на сопствената судбина. Е сеа убаво е да има со кој да ги сподели. Но тука треба да има некој. А не монитор кој може но и не мора да одговара. Физичка блискост пред се`. Пошто сме живо биќе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom