Факултет без средно

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
На 18 годишна воздраст го oставив школото само затоа што не ми се учеше и сакав да работам и да имам пари но меѓутоа сега сум 26 години и веќе 5 години работам како програмер и веќе почнува ова да ми здосадува и сакам да пробам нешто ново, сакам да се запишам на факулет е сега проблемот е тоа што немам матура(ги имам завршено сите 4 години средно) а на интернет гледам има неколку опции па сакам да се распашам овде во врска со тие опции...
Џигер, ти да не си жити се??? :D

Во Германија знам дека на Fachhochschulen може да се запишеш и без матура, барем знам за Германците е така (тоа е една од разликите меѓу Фаххохшуле и Универзитет, што за фаххохшуле може и без матура да се запишеш), е сега како е со странски апликанти и колку прифаќаат ако во Македонија си завршил средно (и си без матура) ондак незнам. Најдобро контактирај разни фаххохшулиња и распрашај се. Во принцип дефинитивно би ти ги препорачал, оти се нешто пониско/полесно ниво на високо образование него универзитетите, ама во секој случај ти е 100% призната и вреди отприлика 80-90% колку универзитетска диплома (да речеме разликата меѓу Универзитетска и Фаххохшуле диплома во Германија е помала него разликата меѓу државен и приватен универзитет во Мк. Фаххохшуле е сепак сериозно и добро образование, не е некоја заебанција ко на приватен во Македонија да студираш, значи пак се учи само не до толку високо и академско ниво како на Универзитет, и пример со фаххохшуле неможеш после да станеш и доктор на науки ама претпоставувам и онака не планираш толку далеку да одиш лол). Е сеа едино прашање е дали има такви што нудат Бачелор студии на Англиски (оти незнам колку добро стоиш со Германскиот). За мастер има, ама за бачелор незнам. А и од финансиска гледна точка ти е далеку подобро решение него во Америка да идеш или незнам си каде, тука ти е бесплатно студирањето...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Можеби од генерациите кои немаа државна матура? (n)
Ама тој кажа дека имало во неговата година само што тој не ја положил. Значи не е проблем матурата каква и да е , проблем е што ја нема а би требало да ја има според системот кога требал да заврши. „Во мое време хахахах“ 2001 кога јас завршив сите средни стручни (и јас полагавме матура стручен + македонски) а во гимназија полагаа само тие што не се со сите петки. За нив имаше мислам како положена матура 5+5 по автоматизам. Другите си полагаа најнормално 2 предмети. Мислам дека ако во годината кога си завршил немало матура ти сметаат како да имаш полагано и вадат просек во зависно што си имал по предметите по кои сега би полагал матура. За ова не сум сугурен во целост но верувам дека е така. А за годините кога би требал да има човекот и положено матура а истата ја нема му доаѓа како да воошто нема завршено средно обрзование. Во биро за вработување или во ПИОМ не може да те водат како личност со средно ако не ти е завршено, човекот се води со основно а сака на факултет е па тоа мало сутра :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пропалица
Мртов/а, Машко
Мислења:
2.846
Допаѓања:
1.379
Поени од трофеи:
175
RazerOptic
Admirable, Машко
Мислења:
163
Допаѓања:
123
Поени од трофеи:
50
денес во 13:46 These 2 users appear to be alternate egos!

@RazerOptic коментар?
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
ако работиш ко програмер „сигурно“ џебчето ти е подебело, земи фрли некоја стотка две од тие зелените и 2 средни ќе имаш :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Еден јузер за забавен карактер, еден јузер за „сериозен“ карактер. Јасно ми е како паднал 3 години средно, готово.

Сега кога и имам потврда дека си двоен јузер, тука се збогуваме со твојата форумска кариера, не се мачи да направиш нов јузер за било каков карактер.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас па се чудам кој е овој програмер на форумов, а никогаш не сум го сретнал во темите за програмирање. :icon_lol:
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
паднал на некоја од прва , втора , трета пута трипати :D. Четврта не може да падне туку само да оди вонредно со плаќање на испитите дур не положи ако сака диплома ако не ќе си остане како сега без диплома :D[DOUBLEPOST=1424959202][/DOUBLEPOST]
Ем прашај со таму негде кај што сакаш какви се условите за школување на странци и што треба да имаат истите за да влезат во некои си квоти таму и колку треба да платат затоа што тоа би било верувам 100% приватно образование а не како некој дел од некој систем. Ако можеби имаш и странски пасош од дотичната држава тогаш види си таму како што. Логиката овде некој да знае за образовните системи таму некаде по светот е крајно ________________ .
ако падне четврта,односно не ги положи испитите вонредни до август најкасно или јуни,треба да се чека наредна година за матура.Мислам дека е така,пошто нема логика да полагаат вонредните матура кога ќе им текне,нели ?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
ако падне четврта,односно не ги положи испитите вонредни до август најкасно или јуни,треба да се чека наредна година за матура.Мислам дека е така,пошто нема логика да полагаат вонредните матура кога ќе им текне,нели ?
За вонредни полагања има сесии како на факултет, бар така беше кога јас учев. Двете во лето исто како и за тие што паднале предмет и една на есен (окт-ное) и една на полугодие во зима и една во пролет (март-април). Нешто како на школско тромесечје што им пишуваат отценка на учениците така и за овие вонредните да полагаат. И има логика затоа што кога јас учев вонредно полагање на предмет/матура беше 800-1000 денари сега којзнај колку е.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
ако работиш ко програмер „сигурно“ џебчето ти е подебело, земи фрли некоја стотка две од тие зелените и 2 средни ќе имаш :D
Како бе мислиш две средни ке има... Дека ке му дадат диплома од средно за пари ? :D
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
аман бе срамота е да кажеш средно дека не си завршил,и најголемите бараби завршија средно...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Како бе мислиш две средни ке има... Дека ке му дадат диплома од средно за пари ? :D
Tи текнува на скечот од к-15 ко ќе го запишуваат во средно ама на грешка на факултет ќе го запишат :D
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
За вонредни полагања има сесии како на факултет, бар така беше кога јас учев. Двете во лето исто како и за тие што паднале предмет и една на есен (окт-ное) и една на полугодие во зима и една во пролет (март-април). Нешто како на школско тромесечје што им пишуваат отценка на учениците така и за овие вонредните да полагаат. И има логика затоа што кога јас учев вонредно полагање на предмет/матура беше 800-1000 денари сега којзнај колку е.
Јас сум вонредно средно,4та година.Се полага секој втор месец,максимум 3 предмети можеш,освен за распусти.По 700-800 денари од предмет,пример математика го полагаш,положуваш и си завршил со математика за таа година.

Јас зборам за матурата,дали државна или училишна,МИСЛАМ дека мора да ззавршиш кога ќе завршат и редовните(јуни) ако сакаш да полагаш со нив,или најкасно до август,со тие што ќе паднат матура на прв рок.Не може пример во септември да завршам со предмети и да полагам октомври матура(или може?)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom