Со парното топлам скоро 180 квадрати + бољер (дали беше 180 или 200 литри, не се сеќавам).
Парното супер си работи... само ти кажав... на пониска температура од -15, во дневната од 32 квадрати не постигнува повеќе од +18 степени. Има 3 радијатори 160cm + 180cm + 100cm.
Во спалната од 16 квадрати имам 160cm + 80cm радијатори.
Проблемот не е толку дограмата, колку што е фасадата и поткровјето. Поткровјето ми е камен
и то ме заебава најмногу.
Дограмата колку - толку ми е средена. Не е нај нај, али, репарирана ми е пред 2 години. Сменет е стакларски кит (туткал), како и ставена самолеплива гумица на сите прозорци за подобро дихтовање.
Така да, наместо да исклучувам радијатори од некои други соби и да го исклучувам бољерот, за да добијам повисока температура, сакам да ставам инвертери, за догревање. А за фасада на цела куќа ќе ме кошта 5-7000 евра. Шо значи, моментално, инвертери ми е поевтина варијанта.
Сите знајме дека идеална варијанта е нова PVC дограма + фасада, али тоа може да достигне и до 10 000 евра
Пошто долниот спрат е секогаш потопол, не е секогаш погодно да го запалам парното, зошто долу нема да се седи од топло, а горе на спрат ќе ми е тамам.
Ми ги препорачаја овие :
1)
https://klimi.mk/product/357
2)
https://klimi.mk/product/358
Се јавив и во Клими.мк, ми рекоа дека немаат грејачи на компресор и на кондензат. Ги прашав, како е можно, кога им пишува дека работат на минимум од -25 степени... па немаат ми рекоа
Сигурно им викам? Да не имате некоја грешка во карактеристикиве на сајтов? Не ми рекоа, како што пишува на сајтот, така.
Така да, јас би сакал да одам со овие варијанти :
1)
https://klimi.mk/product/312
2)
https://klimi.mk/product/314
Мислење?