ABC
“градител“ убаво резонира - во наши услови тоа со ветерниците е обична глупост.
Проблемот со недостигот на струја може да се реши со намалувањето на нејзината употреба, на следниов начин:
1. да се хранат луѓето со сурова храна, да не готват ( така луѓето се хранеле илјадници години и воопшто не им пречело, генетски гледано, стомакот очекува сурова храна, таа е лесно сварлива и ги содржи сите ензими и витамини, од неа телото си зема што му треба и рестото се исфрла)
2. да се бањаат луѓето исклучиво со ладна вода и сапун а за триење мрежеста вреќа за компир, и лете и зиме (на тоа се навикнува човек и особено ќе се гордее кога зиме ќе види дека од пареата од неговото тело сето купатило се замаглило )
Сетете се што за енергетскиот потенцијал на човечкото тело кажа Морфеус во филмот “Матрикс“
3. да не се греат просториите во кои се живее и од студот да се штитат луѓето со облека и покривки.
Глупо е да загреваш ѕидови, подови и тавани кога ним не им студи, ТЕБЕ ти студи, а ти си всушност енергетска централа постојано загреана на 37 степени, значи, проблемот е само во тоа да го спречиш одливот на твојата топлина.
Кога би примениле таков животен стил луѓето, за 2/3 би се намалиле потребите за струја а придобивка би било и тоа дека луѓето ќе бидат здрави и отпорни на болести.
Е сега, проблем е како да ги научиме луѓето да го прифатат тој животен стил.
Не знам, со сила убавина не бидува, јас за мене само ќе кажам дека живеам со таков стил - струја плаќам цела година по 500 ден. месечно, за вода плаќам повеќе.
Па кој има стис нека ме следи