Конфликтот во Сирија

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Американците веќе се вклучуваат во битката за Мосул.Досега се држеа настрана, но со случувањата на теренот и новиот план кој се коваше овие денови од страна на ирачките власти, тие најверојатно ќе војуваат во Мосул.Инаку, имаат тешко вооружување во Ирак, секако не какво што имаа пред да се повлечат.
Курдите го исполнија својот план во операцијата за освојување на Мосул, со тоа што ги завземаа сите области кои им беа цел, на исток и северо-исток, а претежно населени со курди-езиди и христијани.Тоа се деловите кои треба да бидат инкорпорирани кон курдскиот автономен регион.
Ако беа вклучени активно во градот, резултатот ќе беше сосема поинаков.Ирачката армија е релативно потрошена од неколкуте тешки битки што ги водеше, исто така бројот на загинати припадници на специјалната единица ''Златна Дивизија" веќе е доста голем, а таа единица е најдобро обучена за ваков тип на борба.
Од кога Ирачките сили ја добијаа одговорноста за безбедносна во Ирак од Американците почнаа масовни бомбашки напади во Ирак, Багдад за малку ќе паднеше во рацете на исламистите, војската беше неколку пати поразена и понижена, и голем дел од тероторијата и денес не е контролирана од владата на Ирак. Очигледно е дека мора да имааат странски фактор (Американци, Иранци) кој ќе влијае во безбедноста на прилично поделениот Ирак.

Прашањето е дали Ирак воопшто ќе опстани во денешните граници, или во границите по добивањето на независност на Курдите.

Но и Курдите како и Ирачаните иако се добро организирани и вооружени неможеа ништо да направат, доколку ја немаа клучната воздушна поддршка од Америка. Без тоа, денес нема да имаа ниту село во Сирија.

Борците од ИД не се само обични фанатици кои фатиле оружје в раце и тргнале да масакрираат луѓе, тие се добро обучени, голем дел припадници на армијата на Садам, имаат голема финансиска (веројатно и логистичка) поддршка, знаат како тактички да пристапат во битка. Не за џабе за кратко време освоија територија поголема од таа на Ирак и ја држат веќе со години и покрај притисокот од сите страни.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Се на крај ова ке заврши со нова држава а тоа е Курдистанската, ни Исис ни Опозиција ни Асад нема да бидат победници, победници ке бидат курдите
 
G

Goldie

Добар дел од припадниците на ИД се дечишта и немаат којзнае каква обука според она што може да видиме, главната тактика при борба им е spray and run и 90% од тие загуби што ги имаат нанесено на противничките војници се со помош на самоубиствени напади од фанатици.

Реалноста е дека во Сирија и не контролираат којзнае што од огромно стратешко значење
На пример Асад не ни влегол во некоја посериозна акција против нив оти си има други прироритети ете ќе видиш кога ќе се промени тоа што ќе остане од ИСИС во Сирија. Курдите им одземаа добар дел од територијата, фактички што решија тоа и остварија до сега а и Турците иако трпат загуби на крај ќе си ја остварат целта, опрема како опрема нормално губат (па и војници) сепак не треба да се заборави дека главната војна на терен ја водат платениците од ФСА кои не ми изгледаат многу мотивирани и дел Турски војници кои се претежно млади и без некое големо воено искуство

Јас мислам дека во Сирија шансите да профитираат се многу мали, бар не на тој начин како што они сакаат.
Русија е главен сојузник на Асад, а сега добро соработуваат и со Турците кој попрво би го подржиле Асад на секаков можен начин отколку да го дозволат тоа. Рачунај и дека доаѓа Трамп кој најавува затоплување на односите со Русија, а САД сигурно нема да ја изгуби комплетно Турција поради Курдите така да нема да има ништо од нова држава според мене
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082

Од денеска прочитав дека и турски командоси се влезени во Сирија.
 
Не бе, каква обука... група дечишта зеле тенкови, анти-тенковски оружја, артилерија и освоија 200 000+ квадратни километри територија поголема од цела Сирија... дечиња...
Еве трета година по ред никој не може посериозно да ги загрози.
Тенковите, оклопните возила, доста летала се уништени од современи анти-тенковски проектили, не од автомобили-бомби. Тоа е и најголемата причина што Турците не можат да влезат во АлБаб.

Регионот што ИСИС моментално го држи е богат со нафта и гас, клучниот ресурс за преживување и напредок на тамошните земји. Настрана тоа, тие го контролираат голем дел од течението на Еуфрат (порано и од Тигар), најголемиот дел од резервите на вода во Сирија, одговорни за најголем дел од земјоделството таму.
Настрана фактот што низ тој дел треба да поминуваат нафтоводи, гасоводи, претставува најкратка рута за нафтата итн.
Значи тој дел не само што е од стратешко значење, туку и од егзистенцијално особено за Сирија.

Колку Турците ќе си ја остварат целта ќе видиме. Уште на првото помало градче имаат големи загуби, а не е ни освоено. Што останува за Манбиџ или Рака, неколкупати спомнати од Турските лидери за нивни цели.

Автомобилот бомба не познава командоси, војници, бунтовници, сите ги третира подеднакво.
 
K

kaiser soze

Гостин
Од кога Ирачките сили ја добијаа одговорноста за безбедносна во Ирак од Американците почнаа масовни бомбашки напади во Ирак, Багдад за малку ќе паднеше во рацете на исламистите, војската беше неколку пати поразена и понижена, и голем дел од тероторијата и денес не е контролирана од владата на Ирак. Очигледно е дека мора да имааат странски фактор (Американци, Иранци) кој ќе влијае во безбедноста на прилично поделениот Ирак.

Прашањето е дали Ирак воопшто ќе опстани во денешните граници, или во границите по добивањето на независност на Курдите.

Но и Курдите како и Ирачаните иако се добро организирани и вооружени неможеа ништо да направат, доколку ја немаа клучната воздушна поддршка од Америка. Без тоа, денес нема да имаа ниту село во Сирија.

Борците од ИД не се само обични фанатици кои фатиле оружје в раце и тргнале да масакрираат луѓе, тие се добро обучени, голем дел припадници на армијата на Садам, имаат голема финансиска (веројатно и логистичка) поддршка, знаат како тактички да пристапат во битка. Не за џабе за кратко време освоија територија поголема од таа на Ирак и ја држат веќе со години и покрај притисокот од сите страни.
Апсолутно се согласувам.Додека беа американците, немаше ваков безбедносен вакум, откако се повлекоа од Ирак, истиот настана.Ирачката армија беше тотално неефективна, разединета религиозно, а најголем дел од курдите што служеа во неа, заминаа во курдската Пешмерга.Иако, одлично опремени и вооружени од американците, дозволија ИСИС да го завземе Мосул со само петстотини борци, наспроти десетте илјади кои ги имаше ирачката армија таму.Невиден аматеризам.

Инаку, за мене Ирак е одамна пропаднат проект.Фактички вештачки се одржува прилично долг период.После настаните со ИСИС, и антагонизмот помеѓу шиитите и сунитите кој е настанат претходно, во времето на Садам, а исто така и за времето на владеење на ал-Малики, соживотот понатаму меѓу нив е речиси невозможен.Курдска држава де факто постои, делумно де јуре, прашање на време е кога ќе се официјализира.Скорешните пораки од Путин, а и секако претходните од западниот свет и естаблишмент, навестуваат такво нешто.Сигурно копјата ќе се кршат околу судбината на Киркук, како и областите дополнително завземени од курдите во борбите против ИС.

И околу воздушната поддршка се согласувам, ако не беше истата од страна на САД и коалицијата, курдите ни одблиску немаше да ги имаат успесите на теренот.Сепак, да бидам реален, на почетокот од борбите, кога ИС воено и територијално еруптираше, курдската војска беше во тотална дефанзива и се повлече од Сингал, Махмур, па и Арбил беше доведен во опасност.Тогаш дојде и одлуката на Обама да се започне со напади, бидејќи и стратешките интереси на САД беа доведени во опасност.Исто така, курдската војска беше скудно опремена, со вооружување претежно од СССР, без позначајна тешка артилерија, оклопни возила и останато.И тука САД, како и Германија, Франција, Британија, Канада, одиграа клучна улога со доставување на круцијална воена помош.
Истовремено, воздушната интервенција во Кобани беше пресудна за одбраната на градот, кој беше скоро освоен од ИСИС.Тука коалицијата предводена од САД, имаше над илјада напади од воздух, што и според командантите на ЈПГ беше клучно во разбивањето на обрачот кој беше поставен од терористите.Да не заборавиме, оттука почна територијалниот и воениот пад на ИСИС, како и подемот и ширењето на териториите под контрола на ЈПГ/СДФ.

Што се однесува до воената моќ и подготвеност на војските на ИСИС, тие секако не беа аматери како што многумина нагласуваат.На почетокот, силите беа претежно составени од бивши садамови соработници, кои не се верски фанатици, странски искусни платеници, меѓу кои голем дел чеченци, дагестанци, како и поголем број воени дезертери од Сирија и Ирак.Како одминуваше времето, голем дел од човечкиот капацитет се намалуваше, значаен број од борците загинаа, приливот од странски борци знатно се редуцира, како и финансиската моќ и ресурсите кои ги поседуваше ИСИС.
Тогаш, организацијата започна да регрутира и да се состои од голем број на деца и воени лаици, како и делумно да ги смени тактиките на војување.Исто, настанаа и внатрешни недоразбирања кои доведоа до спорадични борби меѓу фракции, пред се помеѓу струјата под влијание на садамовите следбеници, против странските борци, заради незадоволство од превласта на вторите.
Нејсе, моќта, човечкиот потенцијал, и способностите не се истите кои беа до пред година-две, така што мислам оти последните офанзиви на ИСИС, како во Палмира, така и во некои други области, се еден од последните воени крикови на организацијата.
 
Да не заборавиме дека преку ИСИС некој друг си ги реализира своите интереси во тој регион. Тоа дека ИСИС полека стагнира, да, но неколку пати во Сириската војна се покажа дека стагнирањето и навидум безизлезната ситуација може нагло да се свртат. Дотур на нов тип на оружја, обучување, па и директна интервенција на некоја земја. Се што треба е малку префарбување и наеднаш може да добиеш повторно моќен и овојпат многу повеќе поддржуван непријател.

Настрана тоа, во редовите на т.н. бунтовници има еден куп религиозни фанатици, кои и многу не ги интересира дали Асад ќе падне или не и само чекаат погодно време да сменат страна и да ги исколат (буквално) оние со кои моментално се борат рамо до рамо. Нивната конечна цел не е пад на Асад. (јеее рима ;) )

Историјата на Ирак не ја знам пред регионот да стане британска, француска колонија, но знам дека Британците намерно креирале неприродни и нестабилни држави, намерно исцртувале граници каде на одредени држави им го рестриктирале пристапот до одредени ресурси, излез на море итн. Сето тоа со цел за полесна контрола во иднина. И навистина, поминаа децении од кога не постои моќната Британска империја, но се чини како се уште да имаат контрола...
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Не бе, каква обука... група дечишта зеле тенкови, анти-тенковски оружја, артилерија и освоија 200 000+ квадратни километри територија поголема од цела Сирија... дечиња...
Еве трета година по ред никој не може посериозно да ги загрози.
Тенковите, оклопните возила, доста летала се уништени од современи анти-тенковски проектили, не од автомобили-бомби. Тоа е и најголемата причина што Турците не можат да влезат во АлБаб.

Регионот што ИСИС моментално го држи е богат со нафта и гас, клучниот ресурс за преживување и напредок на тамошните земји. Настрана тоа, тие го контролираат голем дел од течението на Еуфрат (порано и од Тигар), најголемиот дел од резервите на вода во Сирија, одговорни за најголем дел од земјоделството таму.
Настрана фактот што низ тој дел треба да поминуваат нафтоводи, гасоводи, претставува најкратка рута за нафтата итн.
Значи тој дел не само што е од стратешко значење, туку и од егзистенцијално особено за Сирија.

Колку Турците ќе си ја остварат целта ќе видиме. Уште на првото помало градче имаат големи загуби, а не е ни освоено. Што останува за Манбиџ или Рака, неколкупати спомнати од Турските лидери за нивни цели.

Автомобилот бомба не познава командоси, војници, бунтовници, сите ги третира подеднакво.

За Рака или Русија или САД или па да види и нашата генерација освојување на Берлин по втор пат(Здружени).
Турците некако слабо се покажуваат, огромни загуби имаат, кога ги гледам видеата како им уништуваат тенкови си мислам намерно таму ги ставиле на толку отворено.

Друго ми беше прашање, дали Русите воздушно одат со ист интензитет или намалија?
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Во источно Алепо под контрола на џихадистите сепак имало помалку од 100 000 луѓе, а не како што тврдеа од Ал-Џезира и другите саудиски пропагандни центри 250-300 000.

Две третини или 54 илјади се оние коишто останале или се раселени на териториите под контрола на сириската армија.
26 илјади се транспортирани кон Идлиб на териториите под контрола на вооружените џихадистички формации.
1300 евакуирани од Фуа и Кафраа.

http://reliefweb.int/report/syrian-arab-republic/syrian-arab-republic-aleppo-situation-report-no-10-23-december-2016
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Го изоставаш фактот што ИД се борат против четири непријатели на четири фронта и се држат прилично добро. Загубите на непријателите на ИД се големи. Можеби губат територија, но воопшто не ја даваат лесно.

Инаку, зошто Турците би жртвувале толку многу за територија што знаат дека ќе им ја предадат на Асад?
Американците се веќе на големо повлечени од Ирак, освен што држат неколку бази и не држат тешки вооружувања. Ирачаните заедно со Курдите имаат стотина илјади луѓе во битката за Мосул, како е тоа стратегија на небрзање?
Курдите мораат да напаѓаат, затоа што во спротивно ќе бидат напаѓани. Мораат да ја искористат Американската поддршка додека ја имаат и да ги притиснат ИД што е можно повеќе. За нивната армија мислам дека не треба да станува збор, одлично се вооружани, одлично се истренирани, а веќе имаат и големо искуство.

И за најбитниот дел, Палмира и се источно е причината заради која Русите се таму. Доколку некој друг што не е Асад го контролира тој дел и доколку тој дел добие некаква не зависност тоа ќе значи зелено светло за евентуален Катарски гасовод, што е и причината заради која Русија е во војна.
Фанатици се нема спор за тоа, но не би можеле со школувана и обучена армија. Можеби сосема кратко додека една организирана армија се снајди на теренот, бидејќи очигледно сириската пустина е домашен терен за борците на ИД. Како што ти пишав претходно сеуште никој на ИД не и ги игра јаките потези. Впрочем исламот губи и паѓа низ минатото онака како што технологијата и науката стануваа значајни ставки, а жестокоста и фанатизмот тоа не можеле да го надокнадат.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.785
Поени од реакции
17.539
Не ми е јасно само,зашто има следбеници на садам во ваква религиозна организиација. Подржувачите на садам беа сунити?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.215
Апсолутно се согласувам.Додека беа американците, немаше ваков безбедносен вакум, откако се повлекоа од Ирак, истиот настана.Ирачката армија беше тотално неефективна, разединета религиозно, а најголем дел од курдите што служеа во неа, заминаа во курдската Пешмерга.Иако, одлично опремени и вооружени од американците, дозволија ИСИС да го завземе Мосул со само петстотини борци, наспроти десетте илјади кои ги имаше ирачката армија таму.Невиден аматеризам.

Инаку, за мене Ирак е одамна пропаднат проект.Фактички вештачки се одржува прилично долг период.После настаните со ИСИС, и антагонизмот помеѓу шиитите и сунитите кој е настанат претходно, во времето на Садам, а исто така и за времето на владеење на ал-Малики, соживотот понатаму меѓу нив е речиси невозможен.Курдска држава де факто постои, делумно де јуре, прашање на време е кога ќе се официјализира.Скорешните пораки од Путин, а и секако претходните од западниот свет и естаблишмент, навестуваат такво нешто.Сигурно копјата ќе се кршат околу судбината на Киркук, како и областите дополнително завземени од курдите во борбите против ИС.

И околу воздушната поддршка се согласувам, ако не беше истата од страна на САД и коалицијата, курдите ни одблиску немаше да ги имаат успесите на теренот.Сепак, да бидам реален, на почетокот од борбите, кога ИС воено и територијално еруптираше, курдската војска беше во тотална дефанзива и се повлече од Сингал, Махмур, па и Арбил беше доведен во опасност.Тогаш дојде и одлуката на Обама да се започне со напади, бидејќи и стратешките интереси на САД беа доведени во опасност.Исто така, курдската војска беше скудно опремена, со вооружување претежно од СССР, без позначајна тешка артилерија, оклопни возила и останато.И тука САД, како и Германија, Франција, Британија, Канада, одиграа клучна улога со доставување на круцијална воена помош.
Истовремено, воздушната интервенција во Кобани беше пресудна за одбраната на градот, кој беше скоро освоен од ИСИС.Тука коалицијата предводена од САД, имаше над илјада напади од воздух, што и според командантите на ЈПГ беше клучно во разбивањето на обрачот кој беше поставен од терористите.Да не заборавиме, оттука почна територијалниот и воениот пад на ИСИС, како и подемот и ширењето на териториите под контрола на ЈПГ/СДФ.

Што се однесува до воената моќ и подготвеност на војските на ИСИС, тие секако не беа аматери како што многумина нагласуваат.На почетокот, силите беа претежно составени од бивши садамови соработници, кои не се верски фанатици, странски искусни платеници, меѓу кои голем дел чеченци, дагестанци, како и поголем број воени дезертери од Сирија и Ирак.Како одминуваше времето, голем дел од човечкиот капацитет се намалуваше, значаен број од борците загинаа, приливот од странски борци знатно се редуцира, како и финансиската моќ и ресурсите кои ги поседуваше ИСИС.
Тогаш, организацијата започна да регрутира и да се состои од голем број на деца и воени лаици, како и делумно да ги смени тактиките на војување.Исто, настанаа и внатрешни недоразбирања кои доведоа до спорадични борби меѓу фракции, пред се помеѓу струјата под влијание на садамовите следбеници, против странските борци, заради незадоволство од превласта на вторите.
Нејсе, моќта, човечкиот потенцијал, и способностите не се истите кои беа до пред година-две, така што мислам оти последните офанзиви на ИСИС, како во Палмира, така и во некои други области, се еден од последните воени крикови на организацијата.
Аман бе како потпаролот на САД да го читам. Откако се повлекоа американците немало ваков безбедносен вакум во Ирак. Немаше никаков безбедносен вакум додека не дојдоја американците ако земиш така. Ни исис ни бутур. Ама изгледа доттаму ти стига. Немаше безбедносен вакум ни во Либија, ни во Тунис, ни во Египет, најмалце во Сирија. Арно ама ете се повлекоја американците и настанал безбедносен вакум. Ебавем лицемери ебаве. Демек останатиот свет во пештера живее и чека СНН да им кажат вести инаку појма си немаме.Светот почна да се врти после 1991 пред тоа така си седеше безвезе.
Цел среден исток гори оти американците се повлекоја и настанал безбедносен вакум. Што не ке прочиташ од дежурните проамериканчиња на форумот . Уште некој па и сериозно ги чита. Бог да чува и да брани.[DOUBLEPOST=1482794143][/DOUBLEPOST]
Не ми е јасно само,зашто има следбеници на садам во ваква религиозна организиација. Подржувачите на садам беа сунити?
Тебе генерално многу работи не ти се јасни.
Не те видов да коментираш нешто за терористите во Берлин. Таму колку што проверив немаше воен удар нити нешто слично како во Турција арно ама ете некој терористи си се прошетаја со сканија низ невино население. За Франција ич пак да не правиме муабет.
Ајде Ердоган ги ослабнал своите воени и разузнавачки способности оти ги поеба пучистите како што е и ред и имало тероритички напади ради тоа. Бла бла бла.
И што е твоето објаснување за таму? Ја згрешија државата, имало пуч за кој не сме знаеле, потфрлиле разузнавачките служби на едни од најјаките земји во светот и пошироко?
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не ми е јасно само,зашто има следбеници на садам во ваква религиозна организиација. Подржувачите на садам беа сунити?
Тоа во спој со незграпната каубојска американска окупација. Во тој поглед, делумно и ги разбирам. Сети се пример што сторија американците во Фалуџа. И немуслимани би се радикализирале да им се случат нештата кои американците ги правеа после окупацијата. Само ова радикализирање е толку глупо и самонаштетувачко што не е можно да не било намерно. Муслиманите направија невиден метеж од своите држави. Не ми се верува колкава е глупоста и кусогледоста на исламскиот религиозен фанатизам.
Кој мислел дека е ова можно. Израел од моќно но мало државиче, блокирано со милијарда муслимани сега е единствена здрава оаза опколена со политички рушевини.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
За Рака или Русија или САД или па да види и нашата генерација освојување на Берлин по втор пат(Здружени).
Турците некако слабо се покажуваат, огромни загуби имаат, кога ги гледам видеата како им уништуваат тенкови си мислам намерно таму ги ставиле на толку отворено.

Друго ми беше прашање, дали Русите воздушно одат со ист интензитет или намалија?
Русите ги скапаа овие "умерените", ИСИС чат пат... но веројатно тука се некаде со Американците.

Фанатици се нема спор за тоа, но не би можеле со школувана и обучена армија. Можеби сосема кратко додека една организирана армија се снајди на теренот, бидејќи очигледно сириската пустина е домашен терен за борците на ИД. Како што ти пишав претходно сеуште никој на ИД не и ги игра јаките потези. Впрочем исламот губи и паѓа низ минатото онака како што технологијата и науката стануваа значајни ставки, а жестокоста и фанатизмот тоа не можеле да го надокнадат.
Но две школувани и обучени армии потклекнаа пред ИСИС, и тоа неколку пати побројни и далеку подобро опремени. И да не беа Американците и Русите, ИСИС денес ќе се граничеа целосно со Турција и главен град ќе им беше Багдад

Но се надевам дека ќе паднат што е можно поскоро, заедно со оние што ги поддржуваат.

Не ми е јасно само,зашто има следбеници на садам во ваква религиозна организиација. Подржувачите на садам беа сунити?
Епа сунитите се мнозинство во ИСИС. Сунити се Саудијците, Шиите се Иранците. Ирак е помалиот дел сунити, поголемиот шиити.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.721
Поени од реакции
38.961
Но две школувани и обучени армии потклекнаа пред ИСИС, и тоа неколку пати побројни и далеку подобро опремени. И да не беа Американците и Русите, ИСИС денес ќе се граничеа целосно со Турција и главен град ќе им беше Багдад
и турската не е ни малце различна но исис немаа толкави апетити иначе ќе им влезеа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom