толку ти е акалот, наполнет со партиски пропаганди..
тој случај е правно затворен,
има обвинет и осуден и лежи, за разлика од дузина случаи
пред 2006 кој се забошотени уште во истрага..
а ако некој мисли дека не е тој што е осуден си има правна постапка за ревизија... па министерот на МВР е од опозиција, веќе беше 2 х 100 дена министер, што не покрена постапка за проверка на доказите и форензиката... ако Нешковски е убиен со голи раце, мора да има јасни форензички докази...[DOUBLEPOST=1481151954][/DOUBLEPOST]
Случајот Нешковски сепак
доби правен епилог..Ама има дузина случаи од предходниот период, до 2006,
каде имаше успешно заташкување ...еве ти
*****Инспекторот за антитероризам
Чедомир Михајловски, кој ја водеше акцијата за апсење (ликвидација ?) на Диме Поштарот, а која траеше до доцна во ноќта, беше ненадејно пратен утредента на службен пат во 06ч да врши Увид во некоја сообраќајка
, иако по закони во цел свет, по акција со пукање следува 48 часа одмор и правење извештај.. На тој службен пат инспекторот загина во сообраќајка за која не е направен никаков УВИД...
еве ти и други,
дузина нерасчистени убиства.. а пази, не се ни тие СИТЕ, го нема убиството што го направи
помалиот син на Верушевски, кој набоде на нож колега од гимназија кога имаше 16години...
.........Но, гласните поддржувачи на опозицијата и поддржувачи на човековите права, ги немаше да организираат протести кога во времето на владеење на СДСМ, беа забошотени и никогаш не се расветлија бројни сомнителни убиства и самоубиства, како случајот со убиствата на телохранителот Драган Глигоров, полицајката Тања Павловска, бизнисмените Наим Лесковица и Спирос Куцурелос кои беа сведоци или засегнати со атентатот на Киро Глигоров. Потоа, без јасна завршница беше и смртта на новинарот на „Глас“ и „Дело“, Љупчо Атанасовски кој ја критикуваше власта на СДСМ, на инспекторот Спасе Атанасов кој зборуваше за шверцот кон Србија, на Трајан Беќиров кој беше жртва на полициско насилство во пролетта 2006, и на други лица кои починаа под неразјаснети околности.
Сомнителна смрт на полицајци кои зборувале за шверцот на СДСМ
Некаде 1994 г. пред Прилеп се случи сообраќајна несреќа во којашто со сето семејство загина службеник на МВР, за кој постоеја сомневања дека анонимно доставува информации до тогашните опозициски медиуми.
Во Кочани, пак, полицискиот инспектор Спасе Атанасов “се самозастрела” откако јавно проговорил дека ембаргото кон СРЈ со крши со амин од политичари во власта. Министер за внатрешни работи тогаш бил Љубомир Фрчкоски.
СДСМ прикриваше убиство на тинејџер
Во мај 2006 година, 18 дена немаше ни трага ни глас од 16-годишниот Трајан Беќиров. Полицајците го бркале, па завршил удавен во Вардар. Остро реагираа единствено ромските невладини организации, a полицијата молчеше и ги заштити припадниците на МВР. Владата на СДСМ во целост ја игнорираше оваа тема и ја прикриваше одговорноста за убиството која воопшто не беше лоцирана.
Беќиров исчезнал кога бегал од полициските Алфи. Дента кога се случил инцидентот Трајан заедно со неговиот другар Орхан Исени застанале да се греат на оган од запален контејнер до автобуската станица во Карпош 4. Слушнале истрели и почнале да бегаат.
Од телото на младиот Трајан Беќиров по извршената обдукција на Институтот за судска медицина недостасувале повеќе витални органи, а на местото на мозокот имало хартија, соопшти тогаш Мухамед Точи од Невладината ромска организација Месечина од Гостивар.
Во тоа време министер за внатрешни работи беше Љубомир Михајловски.
Полицајката Павловска се самоубила со три куршуми?!
Во деведесеттите се случија најмалку четири мистериозни убиства поврзани со атентатот на Глигоров кои никогаш не добија јасен крај – последното на Тања Павловска (1998), која беше најдена во округот на МВР со прострелна рана во челото – спротивно на сите експертски мислења полицијата го заведе како самоубиство.
Официјално, сè уште МВР го води случајот како самоубиство. Меѓутоа, полицискиот извештај од самото место каде што била пронајдена, најверојатно направен од увидна екипа којашто сè уште не била инструирана што треба да стои во записникот и за кого станува збор, фрла голем сомнеж врз официјалната верзија за трагедијата. Имено, полициски извори велат дека Павловска била пронајдена во последните улички во населба на падините на Водно, со три прострелни рани и со покриена глава?!
Што е причината (само) убиството на Павловска да биде поврзувано со атентатот врз Глигоров? Таа беше припадничка на Секторот за следење комуникации, поконкретно на изготвување известувања од прислушувањата. Неделникот Форум пишуваше дека извор многу близок до неа и кој имал неколку контакти во периодот пред убиството, тврдел дека Павловска му соопштила дека таа од некои лица од безбедносните служби добила понуда што не можела да ја одбие, таа најверојатно веќе ја чувствувала опасноста по личната безбедност.
Но, во случајот на Павловска постои уште една информација. Имено, имајќи пристап до материјалите од следењето на комуникации и прислушувањата со кои во тој период беа опфатени дури и министерствата заради спречување на истекување информации во полза на тогашната опозиција, таа дошла до многу значајни податоци. Во тоа време, имено, се случува буквалната купопродажба на Министерството за градежништво (се споменуваат 4 милиони германски марки) од премиерот Бранко Црвенковски кој ресорот што дотогаш го водеше кадар на неговата СДСМ го отстапи на коалиционата ПДП. И, според изворите на Форум, тогаш се случува отпочнувањето на “државно” криумчарење дрога за западноевропскиот пазар преку приватни туристички и транспортни фирми. А парите кои се добивале од продажбата на дрогата, се користеле за купување оружје за војната што ОВК ја водеше подоцна на Косово.
Во тоа време министер за внатрешни работи беше Томислав Чокревски.