Би се се задржал на првата реченица "една анализа-споредба на со години наназад пљуканиот и негираниот Хансол12 со Sanyoto дека нема Еуровент дека нечини": колку години наназад го плукале Хансолот бе @Strelec? 2, 3, 5? Колку години ви постои вашава Gree па за да кажеш " долги години наназад"???За атер на темава ке направам една анализа-споредба на со години наназад пљуканиот и негираниот Хансол12 со Sanyoto дека нема Еуровент дека нечини, и дека е различен овој кај нас со тие другите-"подобрите" фински/канадски.... споредбата е со еден модел на Јорк кој конечно во оваа 2016та година се појави под ист Продукт Код со овој Хансол што може да се купи кај нас за некои 40+к. Кога велам исто мислам на ист продукт код и во 99% иста PartList-а во надворешните единици. Тие што си го имаат дома тој Хансол мислам дека слободно може да се пофалат дека си имаат клима со солиден Еуровент со 3,19КW на -10.
Одкако 2та Хансола отидоа за Битола кај @GT1 i @ante1 дали се останати уште 3-4 вакви клими и веќе нема да се носи тој стар добар Хансол со Sanyo, ке биде заменета со нов модел на Хансол за кој сигурно пак ке вергламе со години, ке спориме, троламе, со куп искажани претпоставки, секакви анализи и мудрувања за да на крајот после X години и тој новиот се појави како некој идентичен Јорк-Морк, Аирвел Кариер или шо и да е, а вероватно и со солиден Еуровент.
Да не го тупам, погледајте ги сликите и сервисните, ПродуктКодот е идентичен 148008300 кај двете клими, единствена разлика се 2 дела од PartList на надворешните единици (предната маска каде место Грее пишува Јорк и лимениот капак на електрониката). Внатрешната единица не ја споредував.
Првин за Претходниот модел на YWHJZH Јорк кој немаше ист продукт со тој на Греемак и нечинеше за многу луќе тука.
Прегледај го приврзокот 156492Прегледај го приврзокот 156493
Servise manual za stariot model
----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Новиот Jork за 2016, пак со иста ознака на модел YWHJZH. Морам да забележам дека иако буквата "Z" како буква постои во моделот, таа буква воопшто не фигурира во ознаките на indoor/outdoor единиците...ознакиве ала збунити непријатеља
Прегледај го приврзокот 156494 Прегледај го приврзокот 156495 Прегледај го приврзокот 156496
Сервис Мануал за новиот модел од 2016
--------------------------------------------------------------
Конечно и Сервис Мануал за тукашниов модел на Грее GWH12TB-S3DNA1D
--------------------------------------------------------------
Споредба на Продукт кодoт кај нашиот GreeHansol12 S3DNA1D i Јорк YWHJZH(2016)
Прегледај го приврзокот 156505 Прегледај го приврзокот 156499
Part list споредба (црвените полиња се поклопувањата), разликата е во delovite Front Grill(предната маска на кукиштето), и El.Box Sub-Аssy(лимен поклопец на електрониката).
Прегледај го приврзокот 156500
Explode View i PartList за Јоркот овде
И КОНЕЧНО!!! ЕУРОВЕНТ за Јорк/Хансол овде
А за @Kurto и компанија што сe по мерцедесите и поскапото Jork-варијантата мислам појше ке им одговара а можда и ке им трае повеќе години пошо за брендовите и "подолга" гаранција даваат (или грешам за гаранцијата?)
Ве пробија другарче, свикај состанок со твоиве и договорете си нова маркетинг стратегија, зошто ова веќе не е смешно, туку е жално!
п.с. Не бе пријателе по great wall и по gree ќе бидам. Затоа скапаници фирми даваат по 100 години гаранција, зошто инаку кој ќе им го купи тоа ѓубре?Купуваат топтан со контејнери роба која кошта 50% помалку него реномирани фирми, и зимаат +30% роба за да ја покријат таа гаранција која ја даваат, и сепак се 20% поевтини. Е кога ќе ти затребаат сервис и редовни делови, господ нека ти е на помош. Не те кривам тебе, си зимаш ти %, тоа ти е работа, ама барем луѓево што читаат да им бидат појасни работиве
Последно уредено: