Најекономично греење (затоплување)

Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Знае ли некој дали е дозволено да се стави изолационен материјал околу компресорот ако фабрички го нема и дали ќе има некој последици околу прегревање во режим на ладење сега летно време
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Знам кај пумпи за вода дека ако ставиш изолација гарантирано моторот прегорува поради прегревање - испробано,не зборам на памет. Бидејќи компресорот е слична машина, гарант ќе изгори, или ако има термичка заштита ќе исклучува. НЕМОЈ да го изолираш:D
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Јас веќе го изолирав и тоа колку можев поубаво, сега е потивка надворешната барем 40% по мое :D
инаку кога сме кај прегорувањето баш гледав овие денови на ју-туб сите поквалитетни клими се со добра изолација и тоа баш околу компресорот, а еве го материјалот што го искористив од една стара клима со R290 гас, горниот дел е кожа
DSC00838.JPG DSC00837.JPG
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Ако ја изгориш да ни кажеш,да не се зезнеме сите:confused:
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Ако ја изгориш да ни кажеш,да не се зезнеме сите:confused:
не гори тој материјал го ставив за проба во шпоред на дрва, а компресорот преживеа денеска 4 часовно тестирање поставен на 16с. работеше цело време 100% оптеретен успеа да ја симне температурата само до 18с. :D
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
изгориш мислев на компресорот,а не на материјалот:D
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
изгориш мислев на компресорот,а не на материјалот:D
4 саата никогаш повеќе нема и да работи , во принцип работи 5-10 минути најмногу и паузира нема врска дали лади или грее
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
по мене ниту тошиба ниту кариер туку GEXI или HANSOL
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Ovaa za greenje e top samo sto tesko se naoga vo Makedonija, inaku orginal japonska

世界上最胖的女人

:facepalm:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Член од
20 мај 2014
Мислења
23
Поени од реакции
19
Здраво дечки едно прашање ако може.

Планирам да ставам печка на пелети па ако може некој да удри некоја груба пресметка за трошок на пелети и цена за печката исто. Печката треба да задоволи 140-150 грубо метри квадратни. До сега се греам на парно и сметките за струја не ми се помалку од 25.000 месечно особено декември, јануари и февруари. Планирам исто така печката да ја поврзам со парното и преку тоа пак да си грее.

Ако може некој да пише тука или ако е некој по стручен нека пушти во инбокс порака.
Исто ако може неколку линкови од фирми за печки и такви работи

Однапред благодарам.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.532
Поени од реакции
7.277
Здраво дечки едно прашање ако може.

Планирам да ставам печка на пелети па ако може некој да удри некоја груба пресметка за трошок на пелети и цена за печката исто. Печката треба да задоволи 140-150 грубо метри квадратни. До сега се греам на парно и сметките за струја не ми се помалку од 25.000 месечно особено декември, јануари и февруари. Планирам исто така печката да ја поврзам со парното и преку тоа пак да си грее.

Ако може некој да пише тука или ако е некој по стручен нека пушти во инбокс порака.
Исто ако може неколку линкови од фирми за печки и такви работи

Однапред благодарам.
Поимот парно е многу далеку отиден во технолошки смисол во денешно време па добро би било да бидеш попрецизен каков систем имаш од "parno". Ако е оној класичниот т.е ефтино котле од 200еу и 24KW споено на пумпа и радијатори сметката за струја е логична. За споредба еден поквалитетен инвертер за грење 25-40м2 кошта 5 pati повеке од инвестицијата зa такво "парно". Ефтино греење на 150м2 на струја значи инвестиција од 2-4000ки.
Од печки на тврдо гориво не се разбирам но знам дека се скапи и тие на пелети и тие на дрва и знам барем 2 начина да ја намалиш сметката за струја.
Сигурно 15% би ти била помала сметката кога во дневната т.е. просторот кој ти е најголем за греење барем еден радијатор замениш со фенкојлер, многу побрзо загревање ке имаш на најголемиот простор а со тоа и котлето побрзо ке искључува и намали потрошња.
Прва скапа опција е да го задржиш котлето но да ги смениш радијаторите со енергетски ефикасни радијатори кои истата топлина ке ја даваат при Т на водата од 50Ц наместо онака како што вероватно ти ја грееш на 70Ц и више. Ова ке те кошта колку и печката на пелети, со тоа што ке немаш мкнење вреки пепел и чад а ке имаш одвишок метал за продавање па може да намалиш вкупен трошок. Овие радијатори содржат и многу помалку вода од класичните алуминиумски. Пример алу-радијатор има некои 0,4Л вода по ребро, 10ребра се значи 4литра вода, замисли да ја постигнеш истата топлина и загрееш истиот простор со 1литар вода и тоа на 50Ц која заштеда на струја ке е тоа.
Друга опција и поефтина за проба ти е да си направиш или купиш бафер(бојлер) со изменувач(бакарна спирала) од некои 300литра, баферот ке се загрева навечер на ефтина тарифа на 85Ц. Сабајле кога ке укључи парното т.е. пумпата и почне да ја врти ладната вода во радијаторите, повратот прво ке помине низ бакарот од баферот и од изменувачот ке се предгрева пред да влезе во котлето со што и котлето побрзо ке исклучува. Има повеке изведби на ова со баферот зависи котлето какво е, Ваилант котлињата кој кај нас ги има имаат опција да греат и бафер и радијатори а и двете заедно у паралела.
Другите опции се термостатски вентили или вентили со вградени термостати на секој радијатор и централен програматор за истите но тоа се ситни шминки во споредба на горните 2 инвестиции со кои би де надградувал еден таков систем.
Пробај за почеток со еден фенкојлер, 300еу инвестиција е тоа не е многу зашто и на пелети греењето не искaчa многу ефтино ;)
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.532
Поени од реакции
7.277
Ова за радијаторите да не искочи празен муабет ке го дообјаснам, значи станува збор за високо квалитетни белгиски радијатори од марката JAGA со 30годишна гаранција.

Они уствари само личат и се користат како радијатори но фактички се составени не од ребра туку буквакно топлински LOW-H2O изменувач покриен со лимена маска. Изменувачот е срцето на радијаторот високо енергетски ефикасен и на ниски температури на водата од 50Ц при што корости мала количина на вода.
Пример 70цм висок и 1метар долг радијатор содржи само 1.27л вода а дава 2.7KW топлина на Т на водата 70/65.
Бидејки бев во фаза на селење и реновирање прва идеја да го решам греењето ми беше да ги заменам радијаторите со вакви од ЈАГА и земам некое ефтино котле на струја. Заштедата по спецификациите на ЈАГА би требало да биде до 30%. Со DBE вероватно и над 30% за наши климатски услови.
JAGA ги контактирав по меил за најблизок дилер до МК бидејки кај нас се непозната именка и никој не ги застапува и ме упатива на белградска фирма МБтеам.
После неколку разменети мејлови со Милан од МБтеам во кој дечкото бараше детален опис на просторот кој ке се загрева ми испрати одлична ценовна понуда со точно димензионирани радијатори од типот Темпо (кој јас ги барав) со 30% попуст како за прв купец од МК :) и 20%ДДВ кое ке ми се вратеше. Цената за она што го понуди Милан беше повеке од задоволувачка и многу пониска од ценовниците кои можат да се најдат онлине на нет како по бугарските така и по европските сајтови на јага, а ги има секаде, како ценовниците така и техничките детали за секој модел од овие радијатори.
Jaga има и тест сајт кој сеа не ми е при рака да го линкувам на кој имаат тестирано ист тип на простор загреван со јага и класични радијатори.
Од пребарување по нет искочи дека најреални и најефтини цени за овие радијатори има по холандските шопинг сајтови, како споредба радијатор кој во каталогот на ЈАГА е пример 500еу на холандските е 150 или 200, огромни разлики има во цените. Мбтеам со цениве беа у 5% исти со цените по холандските сајтови. Просечен радијатор (1.5KW na 50C) да го донесете од србија со транспорт и царина не би требало да искочи над 200 до 250еу posle vratenoto DDV од српска страна кое е 20%.
На крајот сепак се одлучив за мултиспит систем на греење со инвертери, но за оние 10-20 дена дебели минуси во зима кога ке треба и радијатор да се пушти да догрее прва прилика, дали еден по еден, или топтан сите радијатори би ги заменил со овие на Јага.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom