Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.139
Поени од реакции
4.851
На Македонија-Србија химната беше најмногу исвиркана затоа што Србите извадија грчко знаме,не велам дека немаше воопшто да се свири али најголем дел свиреа поради тоа.
Ете јас сум против тоа да се свирка химната на Р.Македонија, иако таа химна ги исклучува немакедонците.
Барем како почит за играчите кои се македонци, а еден од нив и постигна гол.

Досега се сомневав, ама откако пиша ти, не се сомневам веќе.
Си можел да се сомневаш само ако во споредбата го вклучуваш и Солунско поле, тогаш да.
Ама во овие граници што јас ги знам, разликата е голема.
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не знам зошто одредени Срби имаат проблем со нашата историја или со тоа како некој Македонец си ја толкува својата историја особено кога не ги засега Србите со ништо (веројатно освен со идејата на некои од нив дека Србија е голем брат а Македонија помалиот брат). А за твое инфо, химната први ја исвиркаа Србите кога игравме во Белград во 90тите, немам поим зошто (веројатно ради некое нивно глупо и измислено српско грчко пријателство). Добро тогаш уште се пронаоѓаа себеси беа југославија или црбија и црна гора. На реваншот цел стадион беше ишаран со Србија курва јас те ебам србијо дрн дрн за тоа сум против баш за тоа што викаш цивилизација. Ако е некој прост и глуп не мора да бидеш и ти ама нејсе тоа го направија навивачите кај нас предводени пред се од Комити. Тоа што ти се тешиш дека ВМРОвци свиркале зборува за тоа колку имаш допир со реалноста, повеќето луѓе свиркаа а еве јас лично не свиркав. Порано имало некаква култура, сега се гледа кој ќе направи поголема глупост. Да исвиркаш химна, да погодиш некого со бакља во глава, да фрлаш камења, да палиш знамиња.
овј па овј ако негде спомнеш вмро, александар македонски и шта ја знам одма се јавља... дај оди таму на форум СЈО и одработи си за лебчето од штабот, не га тупи овдека сс глупости
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Штабаров уште на оваа тема го немаше ете и за тука добил налог од општински комитет да коментира... А пак за овие што фаќаат сеир од провинција демек ни се шетале у Скопје а ние ништо не сме направиле, важи она раздели па владеј, у нашиов случај сами се разделивме па други владеат...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: k3b
Член од
10 април 2015
Мислења
257
Поени од реакции
164
На Македонија-Србија химната беше најмногу исвиркана затоа што Србите извадија грчко знаме,не велам дека немаше воопшто да се свири али најголем дел свиреа поради тоа.
Tocno taka!
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ете јас сум против тоа да се свирка химната на Р.Македонија, иако таа химна ги исклучува немакедонците.
Барем како почит за играчите кои се македонци, а еден од нив и постигна гол.

.
Како нормална личност не треба ниту една химна да се исвиркува,тоа е човечки кодекс без разлика кој е или кој не е вклучен...сепак Албанците се дел од Македонија како народ и со тоа што сте Македонски граѓани не сте ништо поразлични од нас и глупаво е да се делите кога нема ништо да постигнете освен повеќе сиромаштија и омраза..а тоа никој не го сака...

Во вукојебината наша мизерна има еден куп Албанци и Македонци што заеднички живеат,работат,печалат и тераат свои бизниси..и ваквите испади како Балистите што ги прават се створува вештачка етничка нетрпеливост што всушност му помагаат на криминалците од власта да си ја остварат својата политика со продавање лажен патриотизам
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.011
Поени од реакции
1.906

Се ти е ОК во постот, само Балистите не беа тие што ја свиреа химната. Тие воопшто не беа на трибина во тие моменти (највероватно организаторите на натреварот намерно не ги пуштија уште од почеток, баш поради тој страв).
Значи Јужната трибина ја свиреше, и тоа ќе почне еден , двајца, и потоа оди и запри ги другите. Без оглед на причините и околностите сепак е срамно да се исвиркува химна (па макар тоа било и српска :icon_mrgr:), иако некои постираа и свирење на шпанската химна од каталонците.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
"Национални агенди, национални арени не се праат доколку на објектите им дадеш имиња на некои славни историски ликови и доколку им дадеш префикс дека се национални. У времето кога арената Филип втори беше ,,ГРАДСКИ”, таа беше многу повеличенствена. Не беше здание за финале на Европски куп но имаше народ. Имаше воен оркестар кој ја свири националната химна и имаше СТАРА ГАРДА навивачи кои спортски и достоинствено го бодреа својот клуб и репрезентација. Сега, откако успеавте да ги избркате правите навивачи со вашите ќотеци и казни, ебавајте се и кршете глава со оние кои ја мочаат Македонија. Гумената лајнарка нека го избрише трагот на она славно време кога душата ја остававме на нашиот стадион. И за својот клуб и за својата земја! Илчо и неговите школски другари тоа нема да го сконтаат. Оние и понатаму со бетонирана насмевка ќе го делат пехарот на победникот додека во позадина зјаат празни трибини и трибини со орли и мапи од Голема Албанија.

Пред да го завршам овој текст, ќе се навратам на моето прво влегување на стадионот покрај Вардар. Беше Недела и со татко ми бевме да ги гледаме Вардар и Динамо Загреб. Имаше редици од народ а од надвор се гледаа полните трибини. Срцето ми играше од возбуда и нозете ми трчаа за да влезам внатре. Сега кога малиот мој стапна со мене на стадион, му го видов празниот сјај во очите. Се натажив зошто не успеа да го осети оној магичен момент на навивачкиот ек. А тоа се вбризгува од најмали години. Ќе го оставам тоа за некои други времиња, доколку воопшто дојдат. Овие сега, се лош пример и лош момент да се засака било што. Мртвило кое ме става во дилема, дали вреди да се внесува во нешто што сме го имале и сме го загубиле, или да погледне малку преку нашите граници. Таму да си ги побара своите нови големини. Ја сум веќе загазен да менувам било што кај себе. Но децата допрва треба да проодат. Оваа држава е се помалку такво место….

НАПИША: БУЛЕВАРКО"
http://365.com.mk/229457/natsionalna-arena-i-vlechkite-lajnarki
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Суло бе :icon_lol:

ПУКНА ГОЛЕМ РЕЗИЛ НА ФИНАЛЕТО ОД МЛАДИНСКИОТ КУП
Децата играа, родителите се тепаа: Летаа боксови на дуелот Вардар - Академија Пандев! (ВИДЕО)
Неколку минути пред крајот од финалето на младинскиот Куп на Македонија, на кој Академија Пандев го совлада Вардар со 1-0, се случи огромен срам на трибините на тренинг - центар „Петар Милошевски“. По мала расправа на играчите на теренот, кавгата се пренесе на трибините помеѓу роднините и пријателите на младите фудбалери, а тоа прерасна во жестока тепачка. Маваше кој стигне, се тепаа мажи со мажи, жени со жени. А нивните деца од теренот само го гледаа срамот...

- See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/kup-na-makedonija/decata-igraa-roditelite-se-tepaa-letaa-boksovi-na-duelot-vardar-akademija#sthash.4b6bFIXv.dpuf
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.987
Поени од реакции
6.934

Комплексите :kezec::jeeee::aplauz::pos::kuracc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom