Таман сме на темата, тезата е дека демократскиот запад не го спречи на време диктаторот Асад и заради тоа сега Европа страда од
имигранти и терористи бегалци, згора на се и праведните верници ги казнуваат грешните неверници. И извини ме што нема ова да го преведам со гугл-транслејт (за автентичност).
Прво, твоето лично искуство (без разлика дали е вистинито или не) може да биде само анекдотално и никако репрезентативно. Доказ се двата милиони луѓе што живеат во Македонија, па благе везе немаат што се случува овде. Тешко дека на Блискиот Исток се пописмени (
или посвесни).
Второ,
Башар Ел Асад е демократски избран претставник на сириските луѓе. Избран на избори, за кои тогаш западните “демократии“ немаа никакви замерки. Жалам, не знам какви се правилата во твојот замислен свет ама во реалноста човек не станува „диктатор“ преку ноќ, со нечија вербална декларација.
Трето, велиш дека на Сиријците им било толку лошо што спонтано се побуниле? До толку биле незадоволни што почнале братоубиствена, религиозна, крвава и ужасна војна?
Риалити чек: Сите можеме да видиме како е сега во Ирак и Либија, и не ми раскажувај приказни колку „лошо“ било претходно. Па Либија за останатиот дел од Африка беше тоа што Германија е за источна Европа (
пред ЕУ). Не-вахабистите од Либија (сеедно од која националност), да можат за милисекунд би го вратиле времето на Гадафи. Или Ирачаните Садам Хусеин.
Таквите приказни за во џамија остави си ги. Мнозинството овде не сме со испран мозок од фикција стара 14 века.