Купување преку интернет (генерална дискусија)

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Фала многу !
Дали знаеш каде и како се плаќа ддв за прати порачани преку интернет ?
Досега имам порачувано само до 50 евра пратки и немам плаќано ниту ддв ниту царина за истите па затоа не сум запознаен како оди таа процедура.
Ако си од Скопје има два начина едниот е да ти стигне писменце од царинска управа да идеш под железничка во пошта 1003 и таму да ја платиш и да си го подигнеш производот а другиот начин е заедно со производот ти стигнува и захефтана фактура во поштата која си ја назначил и таму те викаат да си ја платиш на уплатница. Се зависи од нив. За другите градови веројатно во поштите.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
173
Поени од реакции
131
Ако си од Скопје има два начина едниот е да ти стигне писменце од царинска управа да идеш под железничка во пошта 1003 и таму да ја платиш и да си го подигнеш производот а другиот начин е заедно со производот ти стигнува и захефтана фактура во поштата која си ја назначил и таму те викаат да си ја платиш на уплатница. Се зависи од нив. За другите градови веројатно во поштите.
Уште еднаш фала ти многу !!!
 
S

staycalm

Гостин
Некој што порачал нешто од Кина пратена преку Singapore post, колку време отприлика чекавте за да стигне пратката?
 
Член од
21 декември 2014
Мислења
111
Поени од реакции
23
дали купувањето од интернет треба да се пријавува во ујп или некаде?
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
дали купувањето од интернет треба да се пријавува во ујп или некаде?
Не. Поштата и царината која е под капата на министерството за финансии се надлежни за тоа. Е сега ако ти мислиш да правиш трговија со работите од интернет тоа е друга приказна. Ако ти се за лична употреба не.
 
Член од
21 декември 2014
Мислења
111
Поени од реакции
23
за лична употреба е-фала-незнам како оди[DOUBLEPOST=1441098909][/DOUBLEPOST]гледам различни мислења за алиекспрес,измами со мобилни,копии,.......
како ќе знам дали одреден мобилен е оргинал и колку ке платам царина,ддв?
пример
http://www.aliexpress.com/item/Original-Elephone-G2-4G-FDD-LTE-Cell-Phone-MTK6732M-Quad-Core-Android-5-0-4-5/32293364147.html?spm=2114.030010108.3.27.fMuE5C&ws_ab_test=201407_4,201444_6,201409_1
и зошто одат без полнач?
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Сум приметил последно време дека Македонска Пошта е далеку поажурна.

Порано често ми се случуваше да не добијам некои пратки воопшто, а во последниве неколку месеци имам примено преку 40 пратки и сите сум ги добил. Некои со големо закаснување но сепак пристигнале.

Исто така, сум приметил дека и многу од поголемите продавници на Ибеј отвараат складишта во европа (најчесто Холандија), па така да сум примал пратки и за помалце од една недела.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
sakam da poracam mobilen od aliexpress, kako znaete dali e orginal?
Оригинал само кинеска марка која е актуелна на кинескиот пазар. Марки од типот Samsung note или s5,s6, IPhone нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom