Ја реков дека е лузер Емери. Озбилно, до оваа сезона барем за мене важеше за лузер зш увек се губеше у побитните утакмици. Ете, може сум грешка затоа што Севиља има одлична сезона и не потфрли скоро во ниту еден меч, и скина бодови на Барса на домашен терен, за малце и на Реал ќе му скинеше, ЛЕ ќе играат финале...
Секако е боље опција од крофнитез, ако им дојде он ќе паѓа тежок сеир.
Он и неговите ротации, има да се мрднат ѕвездиве у Реал.
Фан Клуб на C.F. Real Madrid
Унаи Емери поради тешка повреда, мораше да ја заврши кариерата на 32 години. Во истиот момент кога ја заврши фудбалската сезона, започна неговата тренерска кариера и тоа во истиот тим во која мораше да ја заврши фудбалската кариера Лорка Депортива. Лорка Депортива беше прилично млад тим основан во 2002 година и во 2004/2005 сезона благодарение на Емери заиграа во Сегунда, во сезоната 2005/2006 играа одлично завршија на 5тото место со освоени 69 поени на само 5 поени од плеј-оф разигрувањето. Наредната сезона стана тренер на Алмерија, додека пак Лорка Депортива остана минато, ја напушти и Сегунда, а во моментов и не постои повеќе.
Алмерија во таа сезоната беше во Сегунда и уште во првата сезона под негово водство успеаа да се пласираат во првата Шпанска лига, за да наредната сезона Алмерија во најсилната Шпанска лига во сезоната 2007/2008 успеа да се пласира на високата 8ма позиција, втора највисока позиција во историјата на шпанскиот фудбал за тим што претходната сезона играл во Сегунда. Емери има шесто сетило и да почувствува добар играч па истата сезона на позајмица го доведе тогаш непознатиот Алваро Негредо од Реал Мадрид Кастилја.
Валенсија го увиде квалитетот и наредната сезона го ангажираа. Рака на срце тоа беше многу лош период на Валенсија, клубот имаше сериозни финансиски проблеми. Во првата сезона играа Европа Лига, за да во наредните 3 сезони ја водеше Валенсија до третата позиција пред неприкосновените Реал Мадрид и Барселона која му овозможуваше место во Лигата на Шампионите. Во последните сезони Емери изгуби многу битни играчи на кои се базираше овој тим како Давид Виља, Давид Силва, Хуан Мата но сепак продолжуваше со одличните успеси. Очигледно челниците на Валенсија не биле задоволни ни со третата позиција и во 2012 им се разделуваат патиштата и тој ја продолжува својата кариера во Спартак Москва.
Престојот во Русија траеше многу кратко, на средина од сезоната 2012/2013 се врати во Шпанија и го зазеде кормилото на Севиља. Тоа беше сезона во која Емери успеа за неполни 5 месеци да го спреми тактички и физички тимот да заврши на 5тата позиција и пласман во Европа Лигата која беше и цел за таа сезона. Повторно бурно лето за него и неговиот тим, финансиска криза Хесус Навас, Негредо, Кондогбиа и Медел мораше да се продадат за кои заработи скромни 70 милиони и новите засилувања беа повеќе од потребни и истата сезона беа доведени Бака, Кевин Гамеиро, Висенте Ибора, Витоло за фантастични 20 милиони. Благодарение токму на овие играчи и на одличниот Емери наредната сезона Севиља ја доби европската круна, ја победи Бенфика во финалето на Лига Европа.
Оваа сезона повторно изгубија два битни играчи капитенот и талисманот Иван Ракитиќ како и левиот бек Алберто Морено за 30 милиони и ги доведе одличните Крчовиак и Тремулинас за фантастични 7 милиони но и поради тоа повторно го играа еден од најдобрите фудбали во Шпанија, единствениот пораз дома го имаа од Реал Мадрид во последните натпревари од сезоната, заслужено играат уште едно финале во Европа Лига за кое се огромни фаворити дека ќе ја одбранат титулата.
Бака за Емери на некоја од претходните прес-конференции изјави "Tоа е тренер која многу бара, никогаш не те остава да се одмориш,. Секогаш се труди да го извади најдоброто од тебе и тоа најдобро може да се види од нашиот удел на теренот".
Емери е некоја симбиоза на Мурињо, поради не така сјајната фудбалска кариера и на Пелегрини поради постигнувањата што ги има направено во Шпанија. Емери е одличен тактичар, огромен мотивар, одлично ја познава Шпанската лига, одличен е и на Европско тло. Тренер кој веќе е 10 години во тренерските води и време е за вистински залак!