Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Исто така најбитно ти е кога идеш да гледаш во Германија и било каде, да бидеш најрано односно на само отварање. Бидејки скоро сите бараме дизели, отсабајле да бидеш прв што ќе ја запали или бар да не биде загреана. Тогаш ти е најбитно да дадеш гас на ладна кола и ќе видиш како се понаша моторот, односно дали уклучува турбината добро и на колку, дали обртомерот крева брзо или споро, држачите на моторот колку се отидени и доста други работи.[/quote]

Тоа е веќе друго нешто... Се разбира дека си има начини да се провери што и како... Уште еден добар начин е да си земеш лап топ со тебе и кабел и програм за дијагностика и да си научиш параметрите што и како треба да биде.. Ако веќе немаш некој што има такво или пак нема време да иде со тебе, тоа ти е добра и не скапа варијанта, а после тоа ке ти остане за дома... Лап топ скоро секој од нас има, а кабелот со се програмата за дијагностика го има на eBay за многу мали пари, јас сум у план да си земам еден за дома да си го имам, чисто онака...

epa neznam kolku tocno Kw zs sum vozac pocetnik i ovaa od 1.4 trosi mn malce 4,5-5 gradska a za ovaa nezz tocno kolku bi trosela,

Возач почетник мислам несмее повеќе од 75 kw, а тој 1.9 е 74 kw ... Така да ти влага у математика ... Второ тој што ти кажал дека таа кола троши 4,5 литри у град, извини, ама не дека те лаже, туку те фарба... Може ке потроши околу 5, ама ако ја возиш до 30км/ч во трета брзина и исклучиво сам ... Ибица е кола од 1200+ кг, така да 4,5 литри у град, со тргни - застани, семафор ваму, семафор таму, ти е многу малку веројатно, да не кажам ич веројатно... И потрошњата ти зависи највише од начинот на возење и шоферот... Ти си знаеш најубаво за чарето и кој и како те советува и кого да слушаш... Моја искрена препорака ти е 1.9, сега од тука натаму ти како сакаш...
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Од каде и да купуваш кола, гледај да ја земеш од човек и од дома да му е, да е лично негова возена кола, па плати ја и малку поскапо ако треба... А ако ја зимаш од плацеви пази и отварај 12 очи, не само 2 или 4... Ова важи и за горе за по Германија... И таму по примерот на браќата блгари, почнаа да прават 300 далавери со колите по плацевите... Посебно турците што се занимаваат со таа работа... А пак што се се прави по плацевите по Бугарија, тоа е приказна сама за себе... Зошто ??? Затоа што неможе кола која кошта пример 3 000 евра во Германија, бугарчето да ја купи, да ја транспортира 2 000 км и да ти ја продаде пак за 3 000 евра, иста како што ја купил, а при тоа да ги извади и трошоците за транспорт и плус да заработи ... Само будала може да верува во тоа... Кола од Бугарија да, ама ако и само ако се начека пратката на пристигнување, уште додека се колите не симнати од камионот на кој што дошле, пред да ги нашминкаат и растурат, пред да помине бугарчето низ неа и да извади се што може да се продаде на страна... Е тогаш ако има нешто што вреди - зимај... Ама во таа ситуација не ти ја дава по таа цена по која би ја продавал 2 дена покасно, туку ти бара повеќе...

Исто така најбитно ти е кога идеш да гледаш во Германија и било каде, да бидеш најрано односно на само отварање. Бидејки скоро сите бараме дизели, отсабајле да бидеш прв што ќе ја запали или бар да не биде загреана. Тогаш ти е најбитно да дадеш гас на ладна кола и ќе видиш како се понаша моторот, односно дали уклучува турбината добро и на колку, дали обртомерот крева брзо или споро, држачите на моторот колку се отидени и доста други работи.[/quote]

И Бугарите,како и Италијаните и Германите се во ЕУ..Негледам зошто колата во Германија,и во Бугарија да биде со различна цена..Секаде во Европа,пример Холандија,Италија,Германија,БУгарија,колите се со иста цена..Слична горе-доле
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.448
Од каде и да купуваш кола, гледај да ја земеш од човек и од дома да му е, да е лично негова возена кола, па плати ја и малку поскапо ако треба... А ако ја зимаш од плацеви пази и отварај 12 очи, не само 2 или 4... Ова важи и за горе за по Германија... И таму по примерот на браќата блгари, почнаа да прават 300 далавери со колите по плацевите... Посебно турците што се занимаваат со таа работа...
Во Германија не е баш паметно да купиш кола од приватно лице, а истото да не е прв газда.

Приватното лице не дава гаранција, додека плацевите се со закон обврзани да дадат една година гаранција, така да никој од плац нема да се зеза да ти продаде канта.
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Da no toa e problemot. Ti ja kupuvas za vo MK. Eve da receme da vazi toa inza vo EU. Koga kje ja doneses vo MK tolku od garancijata. Edina garancija vo MK ti e ako tamu ti pravele servis pa da imas reklamacija.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Од каде и да купуваш кола, гледај да ја земеш од човек и од дома да му е, да е лично негова возена кола, па плати ја и малку поскапо ако треба... А ако ја зимаш од плацеви пази и отварај 12 очи, не само 2 или 4... Ова важи и за горе за по Германија... И таму по примерот на браќата блгари, почнаа да прават 300 далавери со колите по плацевите... Посебно турците што се занимаваат со таа работа... А пак што се се прави по плацевите по Бугарија, тоа е приказна сама за себе... Зошто ??? Затоа што неможе кола која кошта пример 3 000 евра во Германија, бугарчето да ја купи, да ја транспортира 2 000 км и да ти ја продаде пак за 3 000 евра, иста како што ја купил, а при тоа да ги извади и трошоците за транспорт и плус да заработи ... Само будала може да верува во тоа... Кола од Бугарија да, ама ако и само ако се начека пратката на пристигнување, уште додека се колите не симнати од камионот на кој што дошле, пред да ги нашминкаат и растурат, пред да помине бугарчето низ неа и да извади се што може да се продаде на страна... Е тогаш ако има нешто што вреди - зимај... Ама во таа ситуација не ти ја дава по таа цена по која би ја продавал 2 дена покасно, туку ти бара повеќе...
Балканците таму со балканците тука прават далавери ама со 100%сигурност дека колата ќе излезе од Германија.
Бугарот шета по плацеви и во зависност од тоа каде ќе добие најниска цена за цел плац ги товара на воз па во Бугарија на плац а позади секој плац има лимарски сервис па таму ги прават сите далавери
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Балканците таму со балканците тука прават далавери ама со 100%сигурност дека колата ќе излезе од Германија.
Бугарот шета по плацеви и во зависност од тоа каде ќе добие најниска цена за цел плац ги товара на воз па во Бугарија на плац а позади секој плац има лимарски сервис па таму ги прават сите далавери
Ha ha ha, ova znaci deka nikogas ne si bil vo Germanija po placevite. Uste vo 2004 koga prv pat otidov vo Dizeldorf se pokajav. Imav srekja sto nacekav kola od privatno lice inaku kje se prosetav za dzabe. Na placovite tamu imase se samo asalni koli. Tamu ili od privatno lice ili od ovlasteni dileri so zakon, a ne privatni placevi. No tamu kolite se delumno poskapi.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Во Германија не е баш паметно да купиш кола од приватно лице, а истото да не е прв газда.

Приватното лице не дава гаранција, додека плацевите се со закон обврзани да дадат една година гаранција, така да никој од плац нема да се зеза да ти продаде канта.
Да но,таа кола ќе биде поскапа за 300 евра сигурно од таа кола што ќе ја купиш од приватно лице..Плацевите не даават никакви гаранции,туку компаниите..Како тука што се Фаир Ауто на пример..
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Ne vikam ne, no eden defekt tuka kje te kosta povekje i da ne kazam vratenite kilometri.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.128
Поени од реакции
16.417
Дечки сакам да ја 'покријам' хаубата со carbon fiber (не знам на Македонски како се вика во буквален превод иди - Јагленово влакно) и да ги 'подзамижам' фаровите на колата со истото. Има некој искуство со оваа? или да ми препорача некој?
 
Сакаш баш кабон фибер, прави јаглеродни влакна или сакаш фолија ... Пошто правиот карбон фибер нема од каде да го купиш, треба да се порача од странство и е скапичок, башка ти треба лепак за него и има процедура како се работи, 2-3 слоја се става еден преку друг, па се шмиргла, па се полира и за сето тоа ти треба препарати... Ова што имаш видено што имаат некои тоа ти е винил или фолија која се продава на метар колку сакаш и иде со цени од 10 евра за парче од 1х1,3 метри за кинеските, па се до 50-60+ евра за поквалитетните од типот на 3М и слични ... Ако незнаеш или несакаш сам да ја работиш, ако си од Скопје најди го на фејсбук Vanja Ludvig, ќе видиш што се работи дечкото, па отиди до кај него и договори се... Ама он работи квалитетно и со квалитетни фолии и една хауба проаѓа 100тина евра...
 
Па да фолија и баш тие од нет ги видов 3Д и 4Д. Ми треба за фаровите првично малце да ги 'подзамижам, иначе добри ли се овие кинеските за на хауба или? :)
 
За на фарови незнам, немам ставано на фарови ... Кинеските не се лоши, ама не се ни добри... Ке го наместиш, добро ке го залепиш и ке изгледа супер, се додека не го запече сонце и не почне да се одлепува и подига на места каде што има прекршувања и вдлабнатини... Премногу се пластични и не трпат многу греење и растегање.. Башка мазни се, немаат текстура, како штампан лист се, тенки се, додека поскапиве се со убава текстура, сјај, канали за воздух за кога ке се лепи да не останува заробен воздух внатре и да не прави меурчиња... Можеш да отидеш до Ауто Лидер во Чаир и погледни, има избор и на различни бои, тука се цените околу 10-12 евра, измери колку ти е долга и широка хаубата и земи си парче кое ке биде најмалку 5-10 цм подолго и пошироко пошто ке треба да се подвитка на краевите за да не се одлепува... Па земи добро исчисти и избриши ја хаубата да нема прашина и лепи, почни од средина на една па на друга страна и пеглај добро да не останува воздух под неа, ама сето тоа во затворено, пример во гаража и слично за да не ти дува ветар и да не ти носи прашина... Ако несакаш сам, погледни кај дечково што работи и ке видиш, па прашај го што и како ...
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.448
Ne vikam ne, no eden defekt tuka kje te kosta povekje i da ne kazam vratenite kilometri.
Во Германија процентот на коли со вратени километри, е значително поголем кај колите кои ги продаваат приватните лице, него ли кај дилерите на половни возила.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Без рикверс светло можам да поминам на технички или морат да го имам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom