Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
...прашај и у Македонија у некои делови, такви каде ни полиција не припирува, па ќе откриеш која количина цевки, муниција и друго железо има по глава на жител. И тоа не е ни мит односно невистина. Пропорционално према величината на државава тој простор е сигурно јачи процент од Тексас и другите сојузни држави во САД каде што нема никаква регулација за поседување..... споредено со цела целцата САД.... :)
Како што гледаш ...се е релативно....
Релативно, а не стратегија и тактика ?
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Лаичко размислување, иако има повеќе слични случаи...нема ли некој начин државата да им плати на лица со вакви потреби лекување доколку се откаже еве да речеме на дел од акцизата за горивата, дел од казните што ги лепи ујп, полиција бла бла бла...или некој од феудалциве што не ебат со години да покаже малку хуманост во права смисла???
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551

И покрај тие казни , тие акацизи кои што не верувам дека се под 35 па и 40% оваа држава е се поизвесно дека ке банкротира во наредните 5 години.Има страшни кредити за враќање , кредити што ке ги враќаат нашите деца , внуци , правнуци . Баграта што моментално не држи во шака ке побегне некаде заедно со фамилијата и ке си фаќа сеир... за некоја година. Тогаш на сцена ке стапат сите овие ''луѓе'' што во моментовим не сфаќаат до каква очајна ситуација се доведени и упорно ги гласаат на избори . Сите тие потрчковци ке осетат на своја кожа како е да се биде едно големо ништо во очите на нивните херои , како им е забиен нож во грб од тие што ги величеле во секоја меана,коперација , кафич итн.Ако , така и треба . Овој народ не заслужува ништо подобро , всушност и ова што НИ се случува е малце.Парите за малата Тамара, несакам да верувам но мислам дека нема да стигнат на вистинско место , како и многу други во дупкава.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.436
Парите за малата Тамара, несакам да верувам но мислам дека нема да стигнат на вистинско место , како и многу други во дупкава.
Парите за Тамара завршија на друго место

АЗДИС ИЛИ ПОТРЕБА: Народните избраници си ги зголемија дневниците за патувања!

Пратениците од владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и останатите пратеници од помалите политички партии кои се во Собранието, за себе си изгласаа зголемување на дневниците кога одат на службени патувања надвор од државата. Со оглед дека пратениците од најголемата опозицициска партија СДСМ се надвор од Собранието, ваквата одлука за зголемување на дневниците за службените патувања , се толкува како воља на пратениците од владејачката коалиција од македонскиот и албанскиот блок, и помалите политички партии кои се дел од оваа институција.

А, ваквата одлука за зголемување на сопствените дневници, народните избраници ја донесоа откако пред само две недели го изгласаа законот со кој државата ќе зема 35% од хонорарите на сите граѓаните кои имаат дополнителна заработувачка поголема од минималната плата. А, при тоа и со овие законски измени кои се однесуваат на хонорарите по неколку основи има исклучување на дополнителното оддаочување за одредени примања на функционерите.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Парите за Тамара завршија на друго место

АЗДИС ИЛИ ПОТРЕБА: Народните избраници си ги зголемија дневниците за патувања!

Пратениците од владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и останатите пратеници од помалите политички партии кои се во Собранието, за себе си изгласаа зголемување на дневниците кога одат на службени патувања надвор од државата.
А, ваквата одлука за зголемување на сопствените дневници, народните избраници ја донесоа откако пред само две недели го изгласаа законот со кој државата ќе зема 35% од хонорарите на сите граѓаните кои имаат дополнителна заработувачка поголема од минималната плата. А, при тоа и со овие законски измени кои се однесуваат на хонорарите по неколку основи има исклучување на дополнителното оддаочување за одредени примања на функционерите.
Тоа со хонорарите е ГРАБЕЖ,најпогодена категорија ќе бидат новинарите,преведувачите кои работат како фриленсери ќе отворат сметки по околните држави,уметниците(копаничари и фреско сликари) ќе земаат пари на рака а глумците...Глумците ќе го папаат,а и заслужуваат да го папаат.

Кога ќе ми текне на ова,мислам дека не само што заслужуваат,туку и малку им е:

Сакале буџет,еве ви буџет,баравте-гледајте :kuracc::kuracc:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
АПЕЛ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес ја информира јавноста дека водостојот на реката Вардар се наоѓа на критичното високо ниво а според информациите на надлежните служби во наредниот период се очекува и зголемување на приливот на вода.

Во тој правец упатуваме апел до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток долж течението на реката Вардар будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави.

???????????????????????????????
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Освен да гледаат, што друго може да прават ? Сите пари за механизација, уредување итн во текот на годините наместо да ги инвестираат за нешто, тие ги изеле, испиле, сега може само да гледаат и да се молат
 
Уз апелов можело да додадат, следува казна за оние граѓани, кои што не превземале итни мерки за соодветна заштита на своите домови, и реката ги поплавила ....ова го нема никаде во свет, општината апелира до граѓаните да следат будно и да се спасуваат ако треба. еве гледам низ џамот, поплавени се пластениците сабајлево. А се е на кредит, кај тие луѓе. господ нека им е на помош.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.309
Поени од реакции
7.299

Сакале буџет,еве ви буџет,баравте-гледајте :kuracc::kuracc:
1:37
Историските личности во тоа време се бореле за подобар живот и против неправдите од окупаторите.
Денес истите тие неправди го доживуваа овој народ од своите кои за иронија на судбината повикуваат на сонот на предците и бараат да се бориш за да се задржи тој статус кво исполнет со неправда, беда и омаловажување..
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Уз апелов можело да додадат, следува казна за оние граѓани, кои што не превземале итни мерки за соодветна заштита на своите домови, и реката ги поплавила ....ова го нема никаде во свет, општината апелира до граѓаните да следат будно и да се спасуваат ако треба. еве гледам низ џамот, поплавени се пластениците сабајлево. А се е на кредит, кај тие луѓе. господ нека им е на помош.
Па конечно да преработи американската логика на нештата и да почнат да ја тужат општината, бидејќи за парите што ги имаат дадено како данок, не добиле соодветна услуга.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Еве ги во САД 10те најдобри професии во здравството, со просечни годишни примања. Веројатно ова се некои просеци, чисто ориентационо за докторите
http://www.businessinsider.com/the-10-hottest-jobs-in-healthcare-2014-12

За одењето стопати е кажано дека не само за плати, си одат и заради други услови кои веќе се во класата подолу и од повеќето т.н. сиромашни светски региони и воени зони. Во Европа сме последни, Франција има најдобри услови.
http://www.numbeo.com/health-care/rankings_by_country.jsp
Македонија со најлошо здравство во Европа, последна на листата

Македонија е повторно на страниците на Бизнис инсајдер
http://www.businessinsider.com/the-best-health-care-in-europe-2015-1

Некој треба нешто да стори во врска со ова, не само со броење апчиња.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

..одлична информација , тоа значи ако некој реши да биде болен, тоа секако да го први во Франција :)
Баш би било добро , Компанијата, основана пред пет години...т.е. тие батките кои рангираат, да напишат и некој збор за критериумите.., или се работи за општа импресија о угоџају и читање по весници.
Затоа ова сепак ти доаѓа у класа на анализи за тоа по чии улици шетаат најубавите девојки во Европа. Т.е. оди објасни се..:) А муабетот е за озбилна работа.
Инаку и јас викам дека здрвството ни е за никаде, од министер, па до последниот вратар. На прсти се бројат тие кои можат да застанат зад зборот здравствен работник..од било кое ниво, ама тоа на основа на емпириско искуство, не би се осмелил да го рангирам здравството посебно не во долниот дел на табелата на европските здравства.....;)

У суштина нема веза, влегов на темава со цел да видам дали уште некој останал во Македонија, а се фатив за здравство....добро е уште не има...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Напишале.
http://www.numbeo.com/health-care/indices_explained.jsp

Без разлика, не се во прашање само индексите. Тие се релативно мерило па не верувам дека во некој од нив ќе се најде проблемот на дијабетичарите или на други лекови како и староста на душеците или некои стерилизатори, старост на здравствениот објект и санитарниот чвор.
Повисок стандард во комбинација со далеку подобри услуги е одлична комбинација.
 
Последно уредено:

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Како да отидам во Норвешка на печалба?
Има ли некој идеја како иде процесот.. ?
Кај да барам одговори ? Можеби треба да одам во Амбасада?
Гледам по огласи, по страни од тој тип и не можам да најдам нешто соодветно.
Има ли некој искуство со истава тематка да сподели?
Тука во Македонијава моите потенцијали не можат да бидат изразени потполно затоа решив да си идам од тука на некое време.
Ако има некој искуство, идеја, мислење поврзано со моите прашања би му бил благодарен ако сподели!
Евентуално ако го најдам решението пред некој друг да ми го посочи патот, ќе го споделам со задоволство тука.
Спремен сум да работам било што , што би ми се исплатило!!! Апсолутно се'!

Налетав на оваа страна... ама пак не ми иде лесно.
Затоа и ги поставив горе наведените прашања.
https://ec.europa.eu/eures/main.jsp?acro=job&catId=482&parentCategory=482&lang=hr&pageCode=find_a_job&app=3.3.1p2-build-1

.. И модератори, кај сте , СПИЕТЕ? Па тука има 50% непотребни коментари и неповрзани со муабетов , тука некој реално сака да добие вистински информации и сериозно размислува на оваа тема!!!! Тука глеам лесно манипулативни личности со борба за исказ и внимание. Средете го малку тоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom