Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Oд први Јануари Германија воведе минимална плата. 8.50 евра сатница. Тоа значи со осум часа дневно и 20 дена работни некаде 1360 еур минимална плата. Е сега незнам дали е тоа нето или бруто тоа сигурно @leandra знае?
Бруто е и остај го овој под тебе што траска. Нема да наебеш со тие пари, ама ќе си лишен од луксузи. Трошоците за живот се релативно ниски (не толку во големите градови), освен сместувањето.
Ама еве замисли го најлошиот случај каде што си фамилија и двајцата ги земате тие најниските плати, пак ќе можите да се издржувате и сите основни потреби да ви бидат задоволени (тука се мисли: сместување со режиски трошоци, храна, превоз, здравство итн.). Прашањето за какви одмори и дали секој од вас ќе има кола и каква кола ќе возиш и во каков стан ќе живееш се очигледни со тие примања.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309

Не ги лажи луѓето. Германија не е ефтина ! Трошоци ужас
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Не дека не знаевте, ама инвестицискиот БУМ е феноменален!!!

--

АНАЛИЗА НА ДНЕВНИК: ПОЛОВИНА ВРАБОТЕНИ ЗЕМААТ ПЛАТА ПОМАЛА ОД 12.000,00 ДЕНАРИ

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека половината од вработените во земјава работат за месечен приход до 12.000 денари. Од вкупно вработени 678.838 лица во 2013 година дури 347.568 заработувале до 200 евра.
Додека најголем процент, 17,7 отсто од вработените или 120.140 лица имале нето-плата од 12.000 до 16.000 денари. Потоа 16, 1 отсто (109.047 лица) земале нето-плата во висина од 10.000 до 12.000 денари, а 13, 2 отсто од вработените (89.350 лица) работеле за плата од 8.000 до 10.000 денари.

Потоа 6,9 отсто од вработените (46.837 лица) имале нето-плата од 5.000 до 8.000 денари, а 3,4 отсто (23.341 лица) до 5.000 денари.

Според податоците 14,2 отсто од вработените граѓани (96.623 лица) имале плата од 16.000 до 20.000 денари. Само 9, 6 отсто од вработените (65.030 лица) имале плата до 25.000 денари, 3,9 отсто (26.503 лица) имале нето-плата до 500 евра, а минимални 2 отсто вработените (13.759 лица) имале нето-плата од 30.000 денари до 40.000 денари. На само 1,4 отсто од вработените (9.213 лица) месечната нето-плата им изнесувала над 40.000 денари.

Анализата на „Дневник“ покажува дека двајца вработени во приватен сектор на грб носат во просек по еден буџетар. Праксата покажува дека на пример хигиеничарка во приватна фирма во просек работи за помалку од минималец, а платата во администрација за истата работа е за 50 евра повисока.

Само 9.000 лица со плата над 40.000 денари

Последните податоци на Државниот завод за статистика за 2013 година покажуваат дека само 9.213 „среќници“ во земјава или 1,4 отсто од вкупно вработените 678.838 лица, земаат плата над 40.000 денари. Од нив статистички над 10 отсто или 1.036 се членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори (има вкупно вработени 35.206 вакви лица во земјава). А само 3.276 лица со занимање стручњаци и научници, од вкупно вработени 91.833 лица се меѓу лицата со плати над 40.000 денари. Податоците на статистика покажуваат и тоа дека во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување има 532 вработени со плата поголема од 40.000 денари.

Анкетата, пак, за цената на трудот покажува дека во фирмите во приватна сопственост просечните годишни трошоци за вработен се 362.154 денари, а во фирмите во друга сопственост - 476.827 денари или поинаку кажано приватните газди имаат 100.000 денари пониски издатоци годишно (плати, придонеси, надоместоци). Еден вработен во Македонија во просек го чини својот работодавец 33.107 денари месечно, покажува статистиката.

Таа пресметала и дека во 2012 година работниците во Македонија фактички одработиле по 1.995 часа, а цената на одработениот работен час просечно изнесувала 199 денари. Но цената на работниот час во фирмите од приватниот сектор е пониска и изнесува 181 денар за одработен час, а кај претпријатијата од друга сопственост достигнува 239 денари за час.
 
Член од
29 април 2010
Мислења
66
Поени од реакции
3
Дечки да ве прашам тука, знам дека е надвор од темата но ме интересира има ли некој што аплицирал во Маркат (Велес) за работа, бил на интервју и се уште чека да го известат дали е примен
Јас се јавував но секретарката вели се уште се разгледува, но веке стварно поминаа речиси три месеци од интервју
Ако некој знае повеќе информации што како, или можеби некој се примил веќе на работа нека сподели
Благодарам.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
Убаво е да се иде некаде настрана да се виде нешто друго и да се смене животнио стил, ама како дома нема. Јас сум прва година студент во Англија и да Ви кажам право Македонија многу ми недостасува. За услови не викам не, 100 пати е поубав студентскио живот од МК ама ладен народ се, да потражеш помош од некој колега на факлутет ќе се плаше да ти објасне за да не го казнат за плагиризам. Живеат премногу по правила. Стандардите се во огромна разлика ама горд сум што сум раснал во МК (доживеал сум многу работи што тука луѓето не се ги) и факт е дека луѓето се насочени само кон одредени работи и не можеш со секој секаков муабет да си направеш. Секако земја на можности е, повисок животен стил, ама ако имаш во главата секаде ќе успееш. Препорачувам да ја прочитате книгата „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров (македонец што воде една од најуспешните фирми во светот лоцирана во Македонија) и да се запотете малку од работа. Негативна страна на Македонија е тоа што живееме во малку позабавено темпо (овде во Англија секогаш имаш некоја обврска и секојдневна активност што мораш да ја завршеш, нема одмор, само турбо). Не знам како ќе се одвиват работите во иднина и дали ќе се разочарам кога ќе се врнам да градам кариера во МК ама едно знам: МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Студент и работник се два различни света, и во Скопје е многу убаво кога си студент и ти даваат пари од дома за шетање, ама кога ќе почнеш да работиш тоа е сосема друга приказна, не за џабе голем број на луѓе од Work&Travel останаа во САД и тоа работат како келнери, рецепционери итн и не мислат да се вратат тука.
А книгата од Коста Петров, најдобро е да ја прочитаат "менаџерите", а не обичните работници
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54

Дали навистина мислиш дека келнери, рецепционери итн. имаат убав и финансиски стабилен живот, па нека тоа биде и во САД?
Ајде да бидеме малку барем реални.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Дали навистина мислиш дека келнери, рецепционери итн. имаат убав и финансиски стабилен живот, па нека тоа биде и во САД?
Ајде да бидеме малку барем реални.
Па некој мора и тоа да го работи. Ако 2000 долари само од бакшиши се малку пари до сега сигурно ќе се вратеа во Македонија да работат за 10.000 денари фиксна плата.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Да разликата е тоа што имаат некаков живот , за разлика од Македонија каде што немаат никаков.
Америка со тие 2000 долари живеат самостојно, повеќето и нешто зачувуваат или пак се запишуваат на факултет.

Дали Македонија некоја што работи келнер или чистач во хотел можи да си дозволи стан под кирија, плус основни потреби за нормален живот?

Разликата е во тоа што во економски развиените земји минималните примања се доволни за нормален живот (секој да можи да живее самостојно, да си плаќа кирија/клредит за стан, да има автомобил, да се храни соодветно, и да му останат пари за уживање (некој можеби ќе ги троши по кафани некој ќе ги штеди) :) )
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
Кој рече пак дека келнерите во Македонија живеат убаво?
Да разликата е тоа што имаат некаков живот , за разлика од Македонија каде што немаат никаков.
Америка со тие 2000 долари живеат самостојно, повеќето и нешто зачувуваат или пак се запишуваат на факултет.

Дали Македонија некоја што работи келнер или чистач во хотел можи да си дозволи стан под кирија, плус основни потреби за нормален живот?

Разликата е во тоа што во економски развиените земји минималните примања се доволни за нормален живот (секој да можи да живее самостојно, да си плаќа кирија/клредит за стан, да има автомобил, да се храни соодветно, и да му останат пари за уживање (некој можеби ќе ги троши по кафани некој ќе ги штеди) :) )
Келнер и рецепционер, каде и да си, си сиромаштија.
Со таа разлика што во САД цел живот ќе останеш тоа, особено ко илегалец.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Па некој мора и тоа да го работи. Ако 2000 долари само од бакшиши се малку пари до сега сигурно ќе се вратеа во Македонија да работат за 10.000 денари фиксна плата.
Ne deka e neso bitno, ama da znaes i kaj nas kelnerki vo pojaki kafiki i kafani dnevno zemaat i po 1000 denara baksis. Edna bratucetka poodamna rabotese kako kelnerka pod 500 evra ne bese mesecno (sose baksisot), letroska i po 50.000 zarabotuvase.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ne deka e neso bitno, ama da znaes i kaj nas kelnerki vo pojaki kafiki i kafani dnevno zemaat i po 1000 denara baksis. Edna bratucetka poodamna rabotese kako kelnerka pod 500 evra ne bese mesecno (sose baksisot), letroska i po 50.000 zarabotuvase.
Кој ти остава кај нас толку бакшиш? Освен на лето во Охрид и во некој од казината незнам на друго место некој да зема огромен бакшиш? Баш ме интересира името на локалот :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Убаво е да се иде некаде настрана да се виде нешто друго и да се смене животнио стил, ама како дома нема. Јас сум прва година студент во Англија и да Ви кажам право Македонија многу ми недостасува. За услови не викам не, 100 пати е поубав студентскио живот од МК ама ладен народ се, да потражеш помош од некој колега на факлутет ќе се плаше да ти објасне за да не го казнат за плагиризам. Живеат премногу по правила. Стандардите се во огромна разлика ама горд сум што сум раснал во МК (доживеал сум многу работи што тука луѓето не се ги) и факт е дека луѓето се насочени само кон одредени работи и не можеш со секој секаков муабет да си направеш. Секако земја на можности е, повисок животен стил, ама ако имаш во главата секаде ќе успееш. Препорачувам да ја прочитате книгата „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров (македонец што воде една од најуспешните фирми во светот лоцирана во Македонија) и да се запотете малку од работа. Негативна страна на Македонија е тоа што живееме во малку позабавено темпо (овде во Англија секогаш имаш некоја обврска и секојдневна активност што мораш да ја завршеш, нема одмор, само турбо). Не знам како ќе се одвиват работите во иднина и дали ќе се разочарам кога ќе се врнам да градам кариера во МК ама едно знам: МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО!
Како да ти кажам, а да не ме сфатиш погрешно...

Ти студираш во Англија, огромен број на студентите во Македонија Англија може да ја сонуваат или да би отишле таму за работа на берење јагоди или не знам што слично, но за шетање сигурно не, а не па за студирање. Ти не знам на кој начин си отишол да студираш во Англија и не ме сфаќај дека те навредувам, но сигурно џебот ти е подлабок штом си таму за студии.

80-90% од студентите во Македонија не го можат тоа.

Го можат само македонскиот е**н студентски стандард и живот при што со мислите се секогаш во странство - односно целта е да се преселат во странство на било кој начин, па дури и келнерај во САД (!!!) затоа што сметаат дека без разлика што и да направат тука, платата од 200 евра месечно не им бега + животот со своите во 4 соби вкупно (или 6, ако си среќен).

Си ја спомнал таа книгата од Коста. Неколку страници имав прилика да прочитам и она што ми падна во очи е следното - типот е од фамилија која што е финансиски поткована (татко му работел и во Швајцарија, Коста и таму има живеено), студирал во Прага (сигурно не со свои пари), па работел во една од најголемите event management компании во Европа и така, по професионална линија, се нашол во Дубаи (Дубаи е еден од најголемите event центри во светот последниве години) и на крај се решил да отвори исто таква компанија и да прави настани во земји во кои што претходните работодавци не отишле (за кои што има плус кај мене)). Но не, Коста нема да те однесе на врвот со ваква позадина. И бидејќи веќе го спомна, запрашај се зошто само во Македонија нема организирано негов настан...во сите околни земји го има истото направено, само во Македонија не - од љубов, најверојатнo. NOT!

Не знам за тебе, но јас истражувам пред да оформам свое мислење за околностите на било што.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Кој ти остава кај нас толку бакшиш? Освен на лето во Охрид и во некој од казината незнам на друго место некој да зема огромен бакшиш? Баш ме интересира името на локалот :)
Во секој поголем и "елитен" ресторан/хотел, многу лесно се собираат тие 500 евра.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Ne deka e neso bitno, ama da znaes i kaj nas kelnerki vo pojaki kafiki i kafani dnevno zemaat i po 1000 denara baksis. Edna bratucetka poodamna rabotese kako kelnerka pod 500 evra ne bese mesecno (sose baksisot), letroska i po 50.000 zarabotuvase.
За жал, не можат сите граѓани да бидат келнерки во елитни локали, повеќето ќе треба да работат во три смени, во некој гулаг (индустриска зона), за 12 и помалку илјади месечно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom