Тетекс произведуват мешана волница, значи чистата волна ја мешаат со акрил или некое друго синтетичко влакно, за да добијата пофина волница. Барем таков е составот кога читам на етикетите...
Чиста волница може да се добие само ако сам си ја направиш т.е да ја
спредеш од веќе обработена волна. Но овците кои што виреат во овие краеви не даваат фино влакно. Најценето е
мериното, човечката кожа го обожава...
Јас работам со волна од овците шарпланинка и овчеполка, мислам дека имам нешто и од мариовка. Тоа се автохтони раси на овци, а имам пробано и од алпинка и праменка. Влакното на овие овци е доста остро и боцка
Кај нас инаку многу одгледувачи на овци неможат да ја продадат волната и ја палат, зошто нема кој да работи со неа....а некаде на запад е многу ценет материјал...
Интересни многу фино влакно има една коза, која мислам дека е турска раса,
ангора се вика....од неа се прави мохаир јарн. Има и
ангорски зајак кој се одгледува само ради влакното...Од овие сорти се произведува луксузна волница која е многу ценета....природно си е природно...
Кејт
http://www.campaignforwool.org/