- Член од
- 10 декември 2014
- Мислења
- 18
- Поени од реакции
- 14
Абортус би оправдала само во случај на силување. Родилка има и на 15 - 16 години. Според мене, многу себично од нејзина страна. Тоа е чедоморство, факт колку и да бегаш од него. Убиваш живо суштество во себе, нешто кое живее во неа и носи твоја крв - ТВОЕ ДЕТЕ.Потполно си во право, јас го сакам тоа дете сепак е МОЈА крв и не е проблем да го одгледувам, проблемот е од нејзина страна и самата знаеш што значи да останеш бремена на 19-20 години, како ќе реагираат нејзините родители. Тешко е многу, деновиве да запише матичен гинеколог и прво да одиме на преглед па ќе одлучиме што понатака.
Постојат многу примери во кои се каат за донесената одлука и велат дека сега би имале дете од 3 5 или 10 години.
Абортусот не е контрацепција, не е начин да спречеш нешто од кое се плашиш затоа што има поголем ризик од несакана бременост и дали е подготвена за овој предизвик а тоа е колку се големи шансите за повторна бременост. Имам роднина која по првиот абортус не можеше да остане бремена по што се принуди да оди на разни терапии и третмани со цел да роди бебе. Не успеа, и да биде штетата поголема и ден денес по 5 години се уште се осудува за тој чекор.
Ако е зачнато тогаш нема право да му го одземи животот. Попрво мислете пред да го направите. Ако не сте подготвени за него и на овие години тоа нема да ве направи подобри родители за останатите деца кои ќе се родат. Напротив, ќе ви биде жал.
Свесно имате секс без контрацепција, и се прават бељи внатре и подоцна бебето било грешка. Детето никогаш не е грешка, туку оние кои се сексаат пред да помислат на последиците.
Ако навистина ја сакаш и нејзе и нејзиното дете - НАПРАВИ НЕШТО. Спречи ја, разговарај со нејзините родители, со твоите. На зборови сите сме силни а на дела? Стравот од родителите е нормален, а задоволството кога имаш бебе во твои раце кое е твој потомок е поголемо.