З
Зорт
Гостин
Добро, она што ти го тврдиш всушност е следново:Затоа што веќе мал милион пати напоменав - слободната волја е можност да одбереш од опциите што ти се на располагање! Ако ти си сезнаен и семоќен, едноставно тие исходи што ги сметаш за погрешни, зли, непотребни, ќе ги елиминираш - нема да постојат. Слободна волја можеш да имаш за да избереш три опции, а слободна волја можеш да имаш и за да избереш милион опции.
Втора работа кај апсурдноста со судењето на битие кое е апсолуно. Ако се потекнува од тебе, ако ти си прапричина за се, тогаш од кого се допуштени оние ситуации и особини што ти ќе ги судиш? Тоа е исто толку глупаво, како производителот да тврди дека има грешка во неговата креација, но тој е безгрешен и вината за тоа е во производот.
Самата перцепција на нешто како "погрешно" од страна на апсолутно и совршено битие е апсурдна. Бидејќи со тоа индиректно би ја порекнало својата апсолутност и семоќност, би признало дека од негов аспект постојат нешта кои се погрешни, нешта за кои тој не неоѓа смисла, улога, причина за нивното постоење.
Зошто, кога веќе Бог е сезнаен и семоќен, создал, на пример, вода во која човек може да се удави, создал енергија која може да го уништи , создал слободна воља кога без неа светот би функционирал подобро.
Или ако веќе создал слободна воља, зошто човекот не го направил со добар карактер и со совршено знаење за да не греши. Логички гледано сосема си во право: создаденото не може да е виновно што е такво какво што е. Проблемот е само во тоа што ако погледнеш малку повнимателно на своите склоности ќе увидиш дека СИ виновен за тоа што си. Не се виновни ни твојте родители, ни нивните родители......ни Бог. Ти си тоа што си не затоа што си програмиран да бидеш таков туку зашто ти сакаш да бидеш таков. Но доколку овој начин на гледање не ти значи ништо и логичноста на твоите тврдења те задоволува можам само да кажам дека си во право.