Над 117 милијарди денари инвестиции во основни средства
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни средства во Република Македонија во 2013 година изнесува 117.382.000.000 денари.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2013, во однос на 2012година, изнесува 7.6%.
Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.4%, машините и опремата со 31.5%, а останатите инвестиции со 6.1%.
Најголема вредност на инвестициите во основни средства e реализиранa во следните сектори: Ѓ-Градежништво (32.4%); Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (25.8%); Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9%).