Здраво на сите правници овде во темава, имено јас имам еден проблем да не речам можеби нерешлив и за којшто ми е непријатно да зборувам јавно, а пред се и имам страв да зборувам од аспект некој кој што е запознаен или директно/индиректно поврзан со мојата ситуација да не го прочита моево мислење, и работава да отиде предалеку. На кратко кажано, оштетен сум материјално, манипулиран, нанесуван ми е тежок психички стрес во период од скоро една година и примив закани од дотичната личност, којашто ми се закануваше дека ке интервенира со сите врски во полиција што ги има, и ете барем за тоа не ме лажеше, вчера не сакаа ни да ме примат во полициска станица, туку ме седнаа во дворот кобајаги на пријателски муабет со цел да ме одговорат од пријавување, и ме одговорија.. барем засега. Преку некои мои извори, дознав дека истиот тој полицаец, од претходно делумно информиран за мојов случај, е истиот тој што ме "прими" и ме одговараше од било какви понатамошни акти затоа што увидел ден претходно дека и тој не може да превземе ништо бидејќи утврдил дека ќе си има работа со луѓе на високи позиции, и му рекол на мојот извор да стојам понастрана. Проблемот е што јас не сакам да стојам понастрана, сакам да се дознае вистината, сакам да спијам мирно, сакам моето семејство да спие мирно, сакам да ми се врати се она што е мое и да си наплатам за тој психички тежок и долготраен стрес. Што би ме посоветувале да направам, пред се да се заштитам, каде да се обратам, веќе не можам никому да верувам, кога веќе стигна полиција да го заташкува ова? Финансиски сум дупка, буквално дупка, чувствувам дека сум во некоја безизлезна ситуација и не знам како да се справам со ова, како јас да си ги остварам моите граѓански права, ако воопшто постојат во оваа наша корумпирана држава. Доколку има некој што е искусен, се бави со вакви работи, го молам да ме посоветува овде, а ако е потребно да дознае конкретно за што се работи, нека ме контактира по приватна порака. Благодарам однапред.