Правна помош и совети

Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
Драги познавачи на правото ситуацијата е следна:

Пред месец дена се омеѓивме со комшијата конечно после 10 години тегнење лево десно и денес дечкото почна да ми подига ѕид т.е ограда висока скоро 1.80. Кога го прашав дали има намера да престане со градбата и да дојде да збориме како луѓе и да ми објасни што сака да прави он ми кажа да си ја гледам мојата работа и дека ке прави што сака и дека сам си става ограда. По 30 мин дојда и работници и почнаа да ми се шетаат по цел двор. Почнав да им се дерам но тие си работеа и си ќутеа. Се јавив во полиција за 15-20 мин дојдоа но ништо посебно не се случи едноставно ми река викни им инспекција. Отидовме во градежна инспекција но затоа што биле презафатени не можеа денес да интервенираат па рекоа утре или евентуално во понеделник. Прашањето ми е следно: Дали дотичниот господин може да си дига ѕидина од 1,80cm без моја согланост и дали да се надевам дека инспекцијата нешто ке превземе бидејки во решението од суд пишува омеѓување но не и оградување или да си барам адвокат затоа што немам намера да живеам окован со ѕидини. Колку што знам јас ограда се поставува со согласност од двете страни... Знам со другата страна татко ми 2-3 дена преговараа висина, ширина итн итн...

Фала однапред :)
Prebaraj, ednostavno napischi OGRADA, na site tvoji praschajna imasch odgovor. Bilo koj ako gradit morat da imat gradezna dozvola, koga ke dojdet od opschtina gradezniot inspektor ke utvrdit dali imat ili nemat gradezna dozvola. Ako nemat trebit da donesit RESCHENIE za otstranuvajne na istata. No vo nascha Makedonija nischto ne se rabotit po Zakon.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Драги познавачи на правото ситуацијата е следна:

Пред месец дена се омеѓивме со комшијата конечно после 10 години тегнење лево десно и денес дечкото почна да ми подига ѕид т.е ограда висока скоро 1.80. Кога го прашав дали има намера да престане со градбата и да дојде да збориме како луѓе и да ми објасни што сака да прави он ми кажа да си ја гледам мојата работа и дека ке прави што сака и дека сам си става ограда. По 30 мин дојда и работници и почнаа да ми се шетаат по цел двор. Почнав да им се дерам но тие си работеа и си ќутеа. Се јавив во полиција за 15-20 мин дојдоа но ништо посебно не се случи едноставно ми река викни им инспекција. Отидовме во градежна инспекција но затоа што биле презафатени не можеа денес да интервенираат па рекоа утре или евентуално во понеделник. Прашањето ми е следно: Дали дотичниот господин може да си дига ѕидина од 1,80cm без моја согланост и дали да се надевам дека инспекцијата нешто ке превземе бидејки во решението од суд пишува омеѓување но не и оградување или да си барам адвокат затоа што немам намера да живеам окован со ѕидини. Колку што знам јас ограда се поставува со согласност од двете страни... Знам со другата страна татко ми 2-3 дена преговараа висина, ширина итн итн...

Фала однапред :)
Ако ја гради оградата во негов двор и на негово место,тогаш има право..Чим оградата не навлегува во твојот простор е во ред,и еден милиметар да е во твое место,е тогаш можеш да му ја искршиш,со токмак..
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Драги познавачи на правото ситуацијата е следна:

Пред месец дена се омеѓивме со комшијата конечно после 10 години тегнење лево десно и денес дечкото почна да ми подига ѕид т.е ограда висока скоро 1.80. Кога го прашав дали има намера да престане со градбата и да дојде да збориме како луѓе и да ми објасни што сака да прави он ми кажа да си ја гледам мојата работа и дека ке прави што сака и дека сам си става ограда. По 30 мин дојда и работници и почнаа да ми се шетаат по цел двор. Почнав да им се дерам но тие си работеа и си ќутеа. Се јавив во полиција за 15-20 мин дојдоа но ништо посебно не се случи едноставно ми река викни им инспекција. Отидовме во градежна инспекција но затоа што биле презафатени не можеа денес да интервенираат па рекоа утре или евентуално во понеделник. Прашањето ми е следно: Дали дотичниот господин може да си дига ѕидина од 1,80cm без моја согланост и дали да се надевам дека инспекцијата нешто ке превземе бидејки во решението од суд пишува омеѓување но не и оградување или да си барам адвокат затоа што немам намера да живеам окован со ѕидини. Колку што знам јас ограда се поставува со согласност од двете страни... Знам со другата страна татко ми 2-3 дена преговараа висина, ширина итн итн...

Фала однапред :)
Закон за сопственост и други стварни права:

Меѓи
Член 18
Меѓа е заедничка гранична линија со која се разделуваат соседните земјишни парцели.
Ако знаците со кои се воспоставуваат меѓи меѓу две или повеќе недвижности поради
каква било причина толку се оштетени, така што тие да не можат да се распознаат, или ако се
спорни знаците, тогаш секој од соседите има право да бара судот во постапка за уредување на
меѓи да ја воспостави, да ја обнови или да ја исправи меѓата.
Судот меѓата ја исправа или обновува, според одредбите на постапката за уредување на
меѓи.​
Огради
Член 19
Огради меѓу соседни недвижности (ѕидови, плотови, огради, живи огради и други огради
или пречки), како и ствари кои служат како знаци, за меѓи се сметаат за заеднички огради и се во
сосопственост на соседите од двете страни на меѓата, освен ако не се докаже дека се во сопственост
на еден од соседите (со посебни знаци, натписи или други докази).
Не е делива сосопственоста врз стварите коишто служат како заедничка ограда или
знаците кои се определени како меѓа.
Заедничката ограда секој од соседите може да ја употребува од својата страна до
половина од нејзината ширина, но не смее да прави ништо со што оградата би ја довел во
опасност и што би ги спречил неговите соседи тие од својата страна да ја употребуваат до
половина.
Трошоците за одржување на заедничката ограда ги сносат нејзините сосопственици на
еднакви делови и солидарно одговараат за штетата која на секое трето лице би му била сторена
за неодржување на оградата во состојба каква што е вообичаена, со оглед на намената на
оградата, на намената на недвижноста и со месните обичаи.​
Член 20
Ограда која се наоѓа исклучиво на недвижност на еден сопственик, а е воспоставена за
да се раздвои едно земјиште од земјиштето на соседите не е во сосопственост на соседите, туку
во сопственост на оној на чие земјиште се наоѓа.
Секој сопственик може да го загради своето земјиште со ограда која се наоѓа исклучиво
на неговото земјиште на начин како што е определено со посебен пропис или пак да не е
спротивно со месните обичаи.
Сопственикот е должен да ја одржува во добра состојба својата ограда за да не
предизвика да настане штета на соседот, но по правило тој не е должен повторно да го изгради
својот срушен ѕид освен ако тоа не е во согласност со став 2 на овој член.

Јасно е наведено во законот. Ако зидот е поставен на меѓата, која како што кажа ви е конечно уредена како што треба, тогаш тој зид треба да е во сосопственост. Во твојов случај повеќе од јасно е дека не е во сосопственост, сам си го изградил, не се консултирал со тебе според соседското право а и не покажал некоја добра воља за разговарање. Ако оградата е изградена на негово земјиште тогаш таа е во негова негова сопственост и немаш основа за поплака. Ако се наоѓа на линијата на меѓата, или малце во твојот имот, тогаш има основа за да се преземе нешто.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411

Фала ти. Инаку да, он си влегува на 3-4 места по 30-40cm кај мене во двор, човечки му реков да си ја среди на време да не се тегнеме по инспекции и судови a он ми се развика ти мене ќе ми кажеш што јас да правам , кој си ти? Пријавено е во градежна инспекција па ќе видиме утре, за утре закажаа интервенција на терен. Oни нека се докажуваат кој се, како се... Фала уште еднаш за советот :)
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Не отварам целосно нова тема бидејќи сега за сега е хипотетичко сценарио.

Креираш интернет радио станица, добиваш некоја солидна популарност и слушатели од цел свет. За да биде сето тоа легално, какви лиценци треба и од каде треба да се набават? Во која држава правно одговораш? Тука, во државата во која е изведувачот, во државата во која е слушателот или во државата во која е серверот?

Да земеме во предвид дека не би сакал да бидам ограничен со држави од каде може да се слуша радиото и од каде би биле изведувачите.

На интернет пронајдов нешто ама само за Англија.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
После колку години од смртта може да се покрене оставинска постапка, имено на сопругата мајката е почината поодамна али не е поведена постапка, додека беше во брак, се стакнаа со мажот и со куќа и двор, сега испаѓаат некои семејни проблеми (не ти следва тебе ништо и сл) Во момент на смртта таа и уште едното дете беа полнолетни, ме интересира дали сега на пример 30 години по смртта може тоа да се поднесе и како?? дали и следува делот од мајка и?
 
Според закон, оставинска постапка се покренува по службена должност, Управата за водење на матични книги кога ке заведе во матичната книга дека некој починал должна е да го извести судот за тоа и судот во краток рок да покрене постапка. Али во пракса не е баш така. Поради тоа, сум сретнал во пракса и после долги години по смртта на оставителот да се покренува оставинска постапка за распределба на имот. За да се отвори постапката треба да поднесете предлог за покренување на оставинска постапка до надлежниот суд (тоа е основниот суд на подрачјето каде што оставителот имал последно постојано живеалиште). Предлогот за покренување на оставинска постапка треба само да е во писмена форма, содржината не е законски одредена, плус треба да се достави и смртовница и извод од матична книга на венчани на оставителот и копија од лична карта од подносителот на предлогот за покренување оставинска постапка.
Оставинската постапка се води кај нотар, се утврдуваат наследниците, дали постои тестамент, наследните редови и слично. Пред нотарот ке се реши за распределба на имотот, кој колку наследува и колку треба да наследи, а во случај да не можат да се спогодат наследниците и ако има некаков нерешен правен проблем (како што спомна ти) тогаш се префрла предметот да се води пред судот во парнична постапка како класичен спор.
Во вашиот случај, твојата сопруга спаѓа во прв наследен ред и во редот на нужни наследници, што значи дека и следува соодветел дел од имотот, освен ако не постои причина што ја прави неа недостојна за наследување (види член 123 од Закон за наследувањето)
 
Фала многу, нема ништо што би попречувало освен инает на друг наследник, фала уште еднаш.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
На првата страна, дали важи уште тој закон или овие се минато се?
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/FECA4AA6736649348DB04C82D27180A0.pdf
ЗАКО Н
ЗА ЗАБРАНА ДА СЕ НОСИ ЗАР И ФЕРЕЏЕ
Член 1
По сеопшто барање на широките народни маси
да се отклони вековниот знак на потчиненосга и кул-
турната заостанатост на жената муслиманка и да и'
чсе обезбеди полна рамноправност и широко учество
гђо општествениот, културниот и стопанскиот живот
на земјата, се забранува носењето на зар и фереџе и
секое покривање на лицето на жените.
Член 2
Се забранува жените да бидат присилувани или
наговараш! да носат зар и фереџе или на друг начин,
да си го покриваат лицето, како и секое дејание што
има за цел да се подржува носењето на зар и фереџе
или да се покрива лицето на жените.
Член 3
Со казна лишение од слобода до три месеца или
со парична казна до 20.000 динари к'е се казнат за
прекршок:
а) жените што ќосат зар или (Дереџе односно
што си го покриваат лицето;
б) оној што од свој домашен бара да носи зар
или фереџе односно да си го покрива лицето.
Член 4
Со казна лишение од слобода со поправителна
работа до две години или со парична казна до 50.000
динари к'е се казни за кривично дело:
а) кој со сила, закана, уцена или на друг сличен
начин ги принудува жените да носат зар или фереџе
односно да си го покриваат' лицето;
б) кој со злоупотреба на в фоките чувства, со
ползување на предрасудите и заостанатоста или на
било кој друг начин, врши пропаганда жените да но-
сат зар или фереџе односно да си го покриваат
лицето. ч I
Член 5
Административно-казнена постапка по прекршок
ците од член 3 на овој Закон во прва степен води из-
вршниот одбор на околискиот односно градскиот
(реонскиот) народен одбор.
Член 6
За постапка по кривичните дела од член 4 на
овој Закон е надлежен околискиот суд.
Член 7
Овој Закон влегува во сила триесеттиот ден од
објавувањето во „Службен весник на Народна Ре-
публика Македонија.
У. Бр. 1,
Скопје, 6 јануари 1951 година ф
Президиум на Народното собрание
на Народна Република Македонија
Секретар,
Филип Брајковски, с. р.
Претседател,
Видое Смилевски, с. р.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Ме интересира дали адвокат може да склучи договор со странка која го има ополномоштено за негов адвокат, за застапувања во судски спор, со помал износ на награди и трошоци, од тој што е предвиден со адвокатската тарифа ? Или пак, таквиот договор би бил ништавен, бидејќи според првиот член од адвокатскиот тарифник следи: „Адвокатот и странката можат слободно да ја договорат наградата и трошоците како и начинот и средствата за плаќање, но не пониско од предвидените со тарифата“.

И второ: Се работи за судски спор за тестаментални односи, во кој има 5 тужители и 5 тужени. Тројца од тужените, најмуваат адвокат, да ги брани нивните права пред судот бидејќи нивиот имот е опфатен во спорот, додека останатите 2 тужени не најмуваат адвокат бидејќи се тужени само про форма, односно немаат спорен имот со тужителите кој е предмет на спорот, но се тужени бидејќи како наследници од 1 ред да немаат право во иднина на побарувања од оптужениот имот кој е опфатен со тестаментот. Прашањето е дали овие 3 тужени кои најмиле адвокат мораат да му платат на адвокатот, зголемување на наградата од по 30% за секој тужен, односно 1+ 4 Х 30%, и 15% за секој тужител, односно 1+ 4 Х 15%?
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
Ve molam za pomos.na koj clen da se povikam za raskinuvanje na dogovor za kupoprodazba poradi smrt na prodavacot.konkretno se raboti za kupoprodazba na nedvizen imot za sto bilo dogovoreno da se plati cenata posle tri godini a prodavacot pocinal posle 3 meseci.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703

Наследниците на тој имот.
 
Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
Наследниците на тој имот.
Fala,da znam deka naslednicite go baraat toa no na koj clen da se povika,zasto vo zoo ima takva stavka za dogovor za dar,dali e isto i za dogovor za kupoprodazba,i dali imaat pravo da baraat raskinuvanje na toj dogovor ili samo da im se isplati nim sumata od dogovorot.
 
Договорот кој важи помеѓу тебе и починатиот продолжува да важи со наследниците...кои права ги имаат они зависи од членовите во договорот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom