Стреш, на стреш = внимание, возбуденост, исчекување (“цело време на стреш беше...“).
Накострешен = возбуден, спремен за расправија.
Штрекнување = сепнување, нагло “подигнување“ од дотогашната летаргична состојба.
Штракнат = “удрен“, малку луд, нетокму.
Штракање = аплаудирање (или некој звук што го произведува некоја направа, апарат, возило...).
Шлапање, Шлапкање = звук со устата кој се произведува при јадење, звукот на нозете при чекорење во вода или кал, или звукот што се прави со рацете во вода. Преносно се употребува за некој човек што само говори без врска.